Па од синот била прашана зошто биле заклучени какво прашање таков одговор.И членката се налутила што биле заклучени и одговорот а не дека овие стварно имале секс и биле гласни па на синот и снаата им било непријатно.Мене повеќе непријатно би ми било да влезам у соба каде спие свекорот или било кој друг.Што е тоа да заборавиш толку да ти е итно и ти да одиш да го земеш притоа да им се бапнеш у соба на луѓето у соба без да тропнеш или едноставно го праќаш мажот.А и на членкава не и сметаше тоа што свекрвата и рекла денес немајте од утре имајте секс туку им се запна на луѓево стари биле како тоа на 60 год да имале секс и според неа на тие години и не требале да имаат секс боже ме сачувај.
Кога свекрва влегува во соба на снаата советите ви се : заклучи се за приватност, што има она да ти влегува и во екстремни случаи совети: лежи гола и речи се сексавме со син ти, остави гаќи танга на земја, остави кондом итн. За да не и текне да влезе веќе. Нели советиве се врв ? Ама сега свекрвата го прави истото што ги советувате тука скоро сите снаи кога се работи за приватност и не чини. Епа не чини нели со свој камен по глава. Поддршка за свекрвата, во овој случај сум свекрва-тим. Сексала или не сексала им одржа лекција за приватност на двајцата.
Дојдов баш ова да го пишам. Јас дури мислам дека можда и немале секс. Тоа го кажала за да им даде до знаење дека не се влегува туку така во соба кај што спијат маж и жена .
И таа влегува секаде и во секое време,така да во дневна и кујна немаме потреба да прашуваме кога да влеземе а и не беше некое непристојно време,а според муабетот опишан сигурно цинично го кажала тоа а не и личи на годините
Ама нели свекор ти спиел? Во дневната спие зошто на вас ви ја дале спалната, така ?! Велиш во дневна и кујна немате потреба да прашувате кога да влезете. Али штом они спијат у дневната тоа им е спална соба. Ни на крај памет не треба да ти текне да им тропнеш , а не па да влегуваш кога и да ти текне ( без разлика што за тебе времето кога си пробала да влезеш ти изгледало прикладно. Кај твоите одите ? Замисли маж ти да и влезе на твоите у спална. Во прикладно време. Дур спијат
Јас и дм како гости сме оделе кај негова роднина во друг град повеќе пати, и тоа во спална сме спиеле, она во дневна доле. Никогаш не ни влегла ни преку ден ако сме таму, не па сред спиење. И да сака да влезе, тропа и дур не отвориме, не влегува. И еднаш ѝ реков јас абе влези си, што треба земи, не не вика таа соба си е ваша интимна, ако не ме пуштите, не влегувам. И кај него дома, будуќа свекре не ни влегувала ако сме си седеле во соба, дури ако сака да ни каже нешто, пишува порака или врти. Мене и во двеве ситуации срам ми паѓало колку ни давале простор, и тоа во врска сме уште. И некој може во негов дом да ти дава и негова соба и приватност, ти во туѓ не можеш да почитуваш. А и коментарот, што знам, може има пооткачени луѓе на вакви теми, не дошла вас да ви настојува да ве прашува како се онадите
Како ?! Им влага маж ти во спална ,или во собата во која спијат ? Искрено кажи дали маж ти влегува во соба кај што спие мајка ти БЕЗ ДА ТРОПНЕ
Општа култура е да тропнеш пред да влезеш во просторија кај шо има некој, сеедно во чија куќа. Ако имам гости не значи дека својата приватност ми е на пауза ставена, дека треба околу мене да се рашетуваат додека спијам. Па и 21ви век сме, ако ми треба нешто од просторијата кај шо се им пишам/ѕвонам на телефон. Зошто да чекам пред врата да се облечат па да ми отворат?
Иронијата на свекрвата ми дава впечаток дека синот и снаата не се добредојдени.И не добронамерно го кажала,макар и да имале секс таа и свекорот.Јас на снаа ми не би и рекла од утре секс имајте ,а да влезе во соба ноќе ако ми пречи ќе и кажам ама со прикладни зборови.
Има, само кај мене мажот пресече и пред него јажето, и паднавме во убавини. А свекрва остана до дрвото.