Ne znam, za nivnite intimni raboti ne me interesira. Jas ja citirav clenkata bash za toj del deka sedele ovie dve nedeli kaj starite, bile bez cuvstvo i im go narushuvale mirot, a ne dali se ebat ili ne.
А ти да се прибереш малку се однесуваш како куќата на свекрва ти да е твоја и можеш да влегуваш кај сакаш и кога сакаш и да им кажуваш што да прават.И ова ме интересира ги праша ли дали може да им се тупнеш 2 недели?
Па никој не е светец тоа е факт.Па ни ти,да беше подобра немаше да пишуваш дрка свекрвата е љубоморна на вашиот брак,ниту да влегуваш каде што спијат без да тропниш.Секогаш кога ги осудуваш грешките на другите преиспитај ги и твоите
Да си толку невоспитан и да влезеш без да тропниш кај шо спијат луѓе Ауууу Еве да си видела слика к@р со ташаци испаднат од бермуди кратки пижами шо се дешава или цицка испадната од маица Како бе како ке продолжиш да ги гледаш луѓето у очи после ,какоооо Свесна ли си колку примитивно си се изпонашала? Ништо поразлично од понашањето и муабетот за секс шо го зборувала свекрвати
Дали претходно свекрвата така зборувала пред снаата,и како се однесувала кога оделе порано таму и колко долго седеле?Можеби годините ја побудалеле жената,се е можно .Ама сепак е кажано за да и пререче на снаата ,демек може имаме секс и не ни влегувајте ,како којзнае што да направила .Тоа ми личи на проста свекрва ,таква само да не ми се падне .За влегување во соба може треба да се тропне ,но сепак таа е снаа таму тоа е и нејзин дом,доста напаѓате .Ставете се на местото на снаа во таква ситуација,и ако тропнела а оваа да и рече нешто и да и се исмее , значи не е до неа,нешто е до свекрвата.
Нему му паднало глупо хахаха а не му паднало глупо да се истрча брзо брзо набоцкан од тебе, да ја зеза мајка му одма следното утро оти биле заклучени и што правеле. Епа какво прашање таков одговор. И после плачи кога ќе ти одговорат со иста мера. Битно немаш ниту причини ниту право да се лутиш за било што. Па уште ќе се дистанцирала. Сосем друга работа е што ти е криво што свекрва ти има по активен сексуален живот од тебе, немање секс факат фрустрира. Мајка ми беше 3 месеци кај мене, ако остаев сексуалниот живот да ми трпи дур замине, ќе забораев како се секса. Ова е ситуација во темава каде снаите претеруваат и не се право.
Ne e e* ena clenkata tolku kolku svekrva i. Toa i e problemot haha. Neka odi maz ti kaj tate da go poduci
Не е нејзин дом, ако не живее таму. И да е нејзин, тоа не ти дава право, кога некој спие, ти да му влегуваш. Дали свекрвата има тогаш право да си влегува навечер во сопствена спална, затоа што нешто и притребало? Многу е прост одговорот. Ако не сакаш тебе да ти влегуваат во соба кога спиеш и да си чепкаат наоколу, тогаш не го прави ни ти. Колку пати се советувани членките дека ако свекрвата им влезе, да кажат дека се сексаат или се голи. Прости се сите тие муабети, онолку прости како кога немаш осет да влагаш по соби, кога веќе некој решил да спие и да затвори врата. И се ќе се реши, ако едните имаат некаква етика на однесување во туѓи куќи и другите кога нема да се понашаат како нивни школски и да прават глупи муабети.
Ок ама јас тврдам дека е нешто друго проблемот ,до свекрвата е .Јас да бев таа снаа така да ми каже од утре секс имајте ќе и речам а мислеше дојдов во твоја куќа да се сексам?Жити се и што и да ми каже така ,ќе и го плеснам во лице ,со таква култура на изразување не личи постара жена,мајка, сопруга, свекрва.Снаата е помлада ќе научи што треба ,што не .А јас пре би да ми речат дека не сум добредојдена во куќата на маж ми ,да си знам па сам ќе го пуштам таму ако треба кај неговите.Ќе се навредам и баш ако личи на тупнување во туѓа куќа да ми укажат ,а не да се дофрламе како на улица, срамота.Ме сфативте што сакам да кажам ,нели?И мажот е тој што треба некој ред да стави ,а не снаата да не смее да мрдне поготово кога тој е добро пречекан кај нејзините.Секогаш е така,зетот на пиедестал на Балканот,а јас сум од тие што би сакала да се сложувам со свекрвата а не вакви испади.Да чека свекрвата да згрешам нешто и да ми пререче,ќе си помислам дека не ме сака и не сум пожелна кај нив.
Јас не те сфаќам. Свекрвата им ја отстапила спалната за да имаат комоција и да не спијат во дневна а снаава невоспитана им влегува кога спијат. Како е тогаш до свекрвата?
Разбирам дека не ме сфаќате .Велам дека во однесувањето на свекрвата има нешто друго проблемот треба да се открие,како и да е треба отворено да се кажува , мразам игри и од снаа а и од свекрва .Ако мисли дека снаата и се тупнала дома,нека и даде до знаење не да се брука со недолични коментари .Не се правете дека не знаете какви свекрви има.
Ама можела да не им ја отстапи спалната така? Можела да им рече спијте во дневна, нели? Дали ти им влегуваш кога брачен пар спие небитно мајка и татко, свекор и свекрва или брат снаа? Верувам дека не. Бившиот живееше сам со мајка му во две соби. Едната кујна/дневна во едно и спална. Никогаш не ја отстапи спалната. И плус цело време нешто коментари кажуваше. Така да да бидеме малку реални.
Ај ќе кажам некој личен пример,кога одев кај бившиот дома сме имале секс во дневна соба дури ,на негова иницијатива кога сме биле сами.Заклучувавме врата во секоја соба ноќе поготово.И сега ?Се случувало мајка му да тропне и требало нешто на жената и јас се срамев пошто тоа е нејзино право ,дома е .Ама кога имало префрлувања од типот остави го син ми,тоа не е ли замерување?Друг пример, кога имам гости братучедка еве тазе пример кога пред да спиеме јас и влегов во соба без тропање ете не размислував во моментов и таа ми рече ќе се пресоблекувам .Можела да заклучи, дека грешката е во мене знам .Ама немојте свекрва туку така да ми браните,како е тоа искажување од утре имајте секс и тоа пред да влезе снаата во собата дневна што и да беше .Ако отстапила спална соба,да е со алал а не да си мисли готово оваа од одмор ми се тупна да се секса со син ми .Снаа ми еј,жена на мојот син ,моја фамилија,жена утре што ќе ми го продолжи семејството .Тоа сакав да го кажам ,не да оправдувам дека не тропнала снаата на врата .
Епа мене тоа ми е скоро исто. И коментарите на свекрвата и нејзината невоспитаност така да влегува и двете немаат култура. Нема потреба од бранење некој.
Снаата, полнолетна мажена особа, сега ќе научува дека во куќа кајшто не живееш си гостин и дека кајшто спијат луѓе не се шуњаш, пошто баш нешто ти требало? Па куќата ќе била нејзина, па дома на мажот му било, па на што личи стари луѓе секс да имале. Што не каже овде, за што уствари и пререкле со тоа ,,од утре секс имајте? Ниту е глупа нит наивна, така и чини, свекрвата кабает оти и се качиле на глава.
Ок ,јас само само мислам дека свекрвата нешто замислила против снаата ,може грешам.А за отстапување не мора спална соба ако нејќе ама ако даде нека е од срце .Не после низ нос да излезе ,и со таков речник да ми зборува пред мое дете на пример .И да се има осет ,две недели седење не е сепак малку време .
И јас тоа викам ,да се открие како дошло до тоа да и каже ?Во ред ,не требало ноќта да отиде во дневна зошто заборавила нешто ,да си седела во спалната соба цели време но дали и тогаш пак се ќе беше во ред ?Или свекрвата едвај чекаше снаата да направи кикс ,па да и се замери.Иначе тоа е општа култура,тоа за тропање и остало го знаеме но и речникот спаѓа под култура.