Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    А мој пример кога јас возам свеки напред а маж ми позади жонглира со малиот :$
    Кај нас кој прв излегува успат-попат седи позади :)
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.734
    Пол:
    Женски
    Епа кај тебе има дискриминација исто, само во случајов од твоја страна. Мт има секакво право да протестира. :rofl:

    И кај нас така, ако не одиме на иста дестинација, обавезно кој и да е што ќе излезе пред мене му го препуштам предното седиште.

    (мада мислам дека Гоца го кажа тоа со сарказам, во смисла за какви се` не работи може да се пробунат некои).
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Gocaa

    Gocaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    90
    :D Немој само да ме изнатепате :D (што убаво ми дојдоа реакцииве рано насабајле со кафе :) )
    Убаво си напишав, па не сум до толку неписмена иако не сум снаа :)
    Напишав седела. Друго е седнала.

    Седела е дејство кое се повторува во континуитет, појди некаде на свадба, издотерани средени свекрвата напред, појди на шопинг или незнам каде она -напред, па не е природно, барем за мене.
    Не случајно напишав Едипов комплекс, ќе треба да образложувам и други работи со овој случај, а нема потреба да изнесувам дреболии.
    Една пријателка за малку ќе се разведеше од оваков проблем.

    Додека седнала , е понекогаш, чат-пат, во одредени ситуации.
    И јас имам снаа , и она понекогаш од почит ќе и даде предност на мајка ми , или некогаш од брзање, но
    мајка ми не се “иступорува“ до брат ми и кога треба и кога не треба.

    А и примерот што го дадов , не беше изолиран, онака ми текнало да зборам за снии и свекрви, туку беше одговор на феминка, во кој сакав само да укажам девојчево да го земе во предвид и фактот Едипов комплекс.
    Секакви чуда постојат по светот. Немој само да кажете дека во ваша околина не сте виделе посесивна мајка. Ако не сте виделе , супер. Да даде Господи да не видите.

    Според мене тој најмногу се појавува(не мора да значи) кога таткото не е жив и мајката го прилепува свесно или несвесо синот кон себе. Таа или е свесна или не за тоа што го прави, нејзе и треба поткрепа од машка особа, а тој сигурно на несвесно нивоја прифаќа таа “прилепеност“.

    Се надевам дека сега е малку појасно.

    Наздрваје утринско кафе, пријатен викенд :) .
     
    На Anyshka и Glasna им се допаѓа ова.
  4. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    A si ja prasala li snaa ti kako se custvuva koga majka ti se ,istupuruva, napred I koga treba I koga ne treba?
    N
    ili sekogas - majka mi e zlato covek, znae kako da postapi vo odredeni situacii sekoja cest za toa a dodeka pak
    Svekrva mi e - nepismena , neobrazovana, drska, ne ja mozam bre se istupuruva napred na sediste I koga treba I koga ne treba?

    ke recete deka ne sum soodvetna licnost za komentiranje no svativ so drugarki muabet, na forumi deka problemot ne e do svekrvite, veke do snaite, do NAS samite.

    Vleguvaat vo tugja kuca I ocekuvaat da promenat se od koren, starite pak da im pruzat raka za storenoto. Vladej, imaj svoj dom, izgraden od SVOJA pot.
    bez jasna cel, stav I vizija za vo idnina. Za podobro utro za NAS, za naseto semejstvo koe tek ke go sozdavame.
     
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.541
    Допаѓања:
    139.699
    :D Немој само да ме изнатепате :D (што убаво ми дојдоа реакцииве рано насабајле со кафе :) )
    Убаво си напишав, па не сум до толку неписмена иако не сум снаа :)
    Напишав седела. Друго е седнала.

    Седела е дејство кое се повторува во континуитет, појди некаде на свадба, издотерани средени свекрвата напред, појди на шопинг или незнам каде она -напред, па не е природно, барем за мене.
    Не случајно напишав Едипов комплекс, ќе треба да образложувам и други работи со овој случај, а нема потреба да изнесувам дреболии.
    Една пријателка за малку ќе се разведеше од оваков проблем.

    Додека седнала , е понекогаш, чат-пат, во одредени ситуации.
    И јас имам снаа , и она понекогаш од почит ќе и даде предност на мајка ми , или некогаш од брзање, но
    мајка ми не се “иступорува“ до брат ми и кога треба и кога не треба.

    А и примерот што го дадов , не беше изолиран, онака ми текнало да зборам за снии и свекрви, туку беше одговор на феминка, во кој сакав само да укажам девојчево да го земе во предвид и фактот Едипов комплекс.
    Секакви чуда постојат по светот. Немој само да кажете дека во ваша околина не сте виделе посесивна мајка. Ако не сте виделе , супер. Да даде Господи да не видите.

    Според мене тој најмногу се појавува(не мора да значи) кога таткото не е жив и мајката го прилепува свесно или несвесо синот кон себе. Таа или е свесна или не за тоа што го прави, нејзе и треба поткрепа од машка особа, а тој сигурно на несвесно нивоја прифаќа таа “прилепеност“.

    Се надевам дека сега е малку појасно.

    Наздрваје утринско кафе, пријатен викенд :) .[/quote]

    Па што ако седела она на предно секогаш: Може е дебела свекрвата, па назад не може да се стиска? Може колата е со две врати напред, па е тешко да се излезе? Бог да чува сте воа снаиве :) Значи, океј, има лоши свекрви, ама да седнам да мислам дали она седела напред или јас, е како да кажам денеска неам работа цееееееееееел ден ке мислам на моево нокте на левата нога.
    Инаку, вие први треба да се понудите да и речете, еве седи ти напред. АКо и е толку важно, нека седи, вие па уште и како ја нудите :) Сите среќни и задоволни.
    Боже до кај одите со натпреварот за еден маж. АКо ја сака мајка му повеќе од ваас, оставете го. АКо нејзе ја сака а вас ве плеска, има нешто лошо тука. Затоа, луѓето измислиле живеење заедно пред брак, па да видите со кој сте.
    Иначе, жал ми е за тие што не се омажиле со маж, туку со семејство. Мора да се разграничи дека сте се потпишале во матично со него, не со цело семејство.
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Јас верувам дека некои снаи имаат сериозни проблеми со свекрвите па и обратно свекрвите со снаите, ама некои работи што можам да ги прочитам во темава се далеку од ПРОБЛЕМ бре луѓе!
    Конкретно за местото на кое свекрвата седи во автомобилот, јас не гледам никаков проблем.
    Ние кога патуваме некаде, јас сум онаа која прва седнува на задното седиште и и отстапува место на свекрвата напред.
    Ако се возиме со свекорот, тогаш и јас и свекрвата си седиме позади.
    Никогаш ова не сум го сметала за проблем, а најмалку за нешто што е сериозно и многу значајно.
    Не разбирам што има толку скапоцено на предното седиште?
    Глупоси живи!
    Навистина не би сакала никого да навредам, ама имам впечаток дека некои снаи се лути и незадоволни што воопшто имаат свекрва, па небитно дали добра или лоша, свекрвата секако не им чини! |(
     
    На Inna5, Espadrila и MandyLane им се допаѓа ова.
  7. Gocaa

    Gocaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    90

    Лела Зека, колку груба енергија ми испраќаш?
    Зошто така м исе обраќаш?
    Ти го прочита ли комлетно целиот разговор, како дојдовме до оваа тема?
    Што реков, јас?Реков дека мајка ми тоа не го прави! Дека случајно понекогаш од брзање.А не значи дека ако снаата од почит и понудила да седне напред, мајка ми тоа го прифатила.
    Многу грубо ми се обрати да ти кажам.

    А плус и за сите што реагиравте после моето објаснување, незнам што да кажам?
    Ај нормално е да тргнат на свадба некаде , семејно и наместо снаата свекрвата да седи напред?
    Тоа се ситници кои за мене многу работи кажуваат.
    Си има непишани правила и во деловен свет а и во семејство.
    А често и реакциите на околината кажуваат многу.
    Значи кога напишав за случајот не мислев дека тоа се случило само еднаш или два пати.
    Како не сфаќате дека таа посесесивност се изразувала и во многу други работи, оваа беше см оеден поаказател. Ја не ги генерализирав работите, дадов само пример.
    Не реков сите свекрви се исти, ил исите снаи?
    Како може да се реагира толку остро, кога не сте биле сведоци на некои настани?

    Како сакате седете си вие.
    За мене е неприродно свекрвата да се прилепува толку до синот.
    Се познаваат некогаш некои неприродни работи. Ако немало такви ситуации немало да има термин Едипов комплекс.

    Ска , свекрвата не е ни дебела, ни незнам што.
    Па сама велиш сте се омажиле са маж, а не за семејство, што значи свекрвата треба да си се повлекува.
    Ме цитираш, но не сакаш да сфатиш што сакам да кажам, и мислам дека тенденциозно ги искривуваш моите зборови.
    Твој избор си е, не те терам, да седиш напред.Оди си на свадба со маж ти и свекрвата таа нека седи напред, оди на гости пак нека седи напред, оди на лекар пак нека седи напред, оди на одмор нека седи напред, оди на слава напред, а ти седи си назад покрај прозор и гледај си природа околку тебе.
    Не зафрквај. Неприродно е.

    Што напнавте сите толку, ко некој не ги знае сите овие примери ,почит и незнам што.
    Ме читате ли добро? На крај краева сите си имаме свои сфакања, култури, итн.

    Ќе повторам , зборував за конкретен пример, не општо.

    Иначе, што толку сте ја забарикадиале темава, не смее некој ако не е снаа да каже нешто :) ?
    Ок, ќе бегам :rofl: од овде, ќе се вратам ко ќе ми дојде време ;) хахаххах.
     
    На Anyshka и simoncelicius им се допаѓа ова.
  8. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Ако не го сфатиме "проблемов" премногу озбилно, како причина за кавги или нешто полошо, тогаш и мене не ми е јасно што бара некој редовно да седи на предно седиште во автомобил на брачен пар. Да некој ретко се вози со нас па да понудам место од небитни причини ок. Но ако некој стално се вози со нас, а јас не сум понудила место напред, не е малку некултурно сам некој да си зема за право? Јас кога сум се возела со друг брачен пар, па и со моите свекор и свекрва секогаш си седам назад, освен ако тие не ми кажат поинаку. Ако маж ми ме земе од работа а со нас е колешка ми да ја префрлиме до дома, фино е таа без прашање прва да се намести на предно седиште? Нема ништо скапоцено во предните седишта, ама има непишано правило кое на сите ни е јасно.
     
    На Anyshka, andromedae, midnight.flower и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Gocaa

    Gocaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    90
    Тоа сакав да кажам, ама очигледно “не се снајдов“ :) бидејки сеуште не сум снаа, не ми текнува како да ги склопам зборовите.
    Работата испадна сакам кажам, можам речам.

    Нели реков , нешто што во континуитет се повторува!
    Седи и седнува (одвреме навреме) не е исто.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.469
    Допаѓања:
    48.754
    Пол:
    Женски
    Јас обично кога се возам во кола со дечко ми и мајка му важи правилото -Кој прв влегол во кола тој седи на сувозачко. :D :D

    Обично кога идам кај него за да не се маткам со такси доага ме зима па после тоа ја земаме и мајка му од работа бидејки до 7-30 е на работа жената. Ако првин помине од кај нејзе на работа и ја земе нормално таа седи на сувозачко па ко ке дојдат кај мене ја културно си седнувам позади. Сигурно нема да и кажам -Ајде станувај ја да седам напред до него.

    Кога првин мене ме зима па одиме нејзе да ја собереме од работа јас седам напред жената културно си седнува позади и до сега не сум видела да превртува со очи и мрчи зашто седнала позади.

    Мислам дека ова со колава е стварно многу банална работа некој да ја зима за зло и да мрчи кој вози кој седи на сувозачко и сл.
     
    На thinkerbell му/ѝ се допаѓа ова.
  11. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Некој кога бара совет тој бара совет. Без разлика колку банален му е проблемот. Доколку за вас некој проблем е мал и смешен, за некоја друга личност не е. Вие можете на таков смешен проблем да не ни коментирате, зашто коментирате и си трошите време, само за да навредите некоја колку мал проблем има и дека претерува. Што ве интересира дотолку како размислува некоја личност. Ако сакате да помогнете кажете непристрасен совет, онаков каков што вие мислите дека е најповолен. А не осудувајте само.

    Јас од култура при почетокот на врската, ја понудив мајка му на мојот партнер да седне напред. Таа рече дека немало смисла тоа. И јас веќе си знам дека нејзе не и пречи што јас седам напред.
    Толку ретко ги гледаме неговите родители што мене не ми е тешко кога ќе ни дојдат на гости да направам отстапка за местото во колата.
    Но доколку постојано јас треба да седам позади, а веќе сум негова сопруга, е тука малку и би се запрашала зашто тоа да е така. Мислам нели е поубава сликата кога на мажот и жената им се остава простор и слобода да се однесуваат како вистински партнери. Ние сме животни партнери.

    Има исклучоци кога свекрвата не дај Боже е болна и тогаш секако дека нема ни да размислувате и ќе и го дадете местото напред.
     
    На Anyshka, midnight.flower, simoncelicius и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Gocaa

    Gocaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    90

    Пријателка ми за оваков проблем до развод за малку ќе дојдеше.
    А плус и цела околина, соседи, роднини, се потсмеваа.
    До психијатар се дотера работава, дијагноза: посесивна мајка.

    За на лекар, и инцидентни ситуации кој не знае како треба да се постапи.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sekernata123

    sekernata123 Нов член

    Се зачлени на:
    19 јули 2013
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    4
    Се сечавам на денот кога дојдеа да ме запросат како свекрва ми промрмори „ОД ДЕНЕС МОЕТО МЕСТО Е НА ЗАДНОТО СЕДЛО ОД НАПРЕД СИ ГИ ЛИЧИ МЛАДИТЕ„ . Еве веке 3 месеци како сум нивна снаа тоа е секогаш така јас седам напред таа позади , дури и ако свекор ми вози таа вели ајде снао седи ти напред.
     
  14. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    Прво да расчистиме што е Едипов комплекс.
    Едип бил заљубен во мајка му, го убил татко му за да ја земе мајка му, секако тоа било кога не знаел дека таа му е мајка. :!:
    Не била обратна ситуацијата, ако има некој едипов комплекс не може мајката да ја обвинувате за тоа, во таа ситуација синот е виновен.

    Во однос со свекрвите секогаш ставете се на нивно место, не како сопруга туку како мајка, јас барем така се однесувам и гледам на секоја ситуација од аспект на мајка а не на сопруга.
    Си размислувам како ќе треба некоја и мене да ме нарекува посесивна само затоа што си го сакам детето, да, да тие секогаш ќе бидат деца за мене.
    Ако не ги сакам сум лоша мајка, ако ги сакам пак сум лоша мајка, крајот да не можеш да му најдеш, зарем треба само затоа што се возрасни да најдам некое дугме на кое пишува off и да престанам да си ги сакам децата, тоа никогаш нема да се случи.

    Ете можеби дека не живеам со свекрвата ама мене ми е симпатично тоа кога ќе се јави или кога ќе се видиме и го потсетува да облече јакна ако е надвор студено, што да се напие ако се разболи, мајка му е и едноставно го сфаќам тоа како нејзина грижа за синот а не како упад во моја тн територија.
     
    На midnight.flower, Annath, artemidis и 3 други им се допаѓа ова.
  15. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    ^
    Огромна разлика има битер од тоа да живееш заедно и одделно, како и од грижлива мајка до опсесивна и манипулаторка. Кој не осетил не знае и не може да сфати. Точно дека некои претеруваат и најмали ситници им се доволни да ја стават свекрвата во втората група, ама има многу кои вистина мака си имаат.
     
    На Anyshka, midnight.flower, Gocaa и 3 други им се допаѓа ова.
  16. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    ^Не го оспорувам фактот дека има лоши свекрви кои едноставно не сфаќаат дека синот веќе основал свое семејство и треба малку да олабават, мене ми беше муабетот дека не треба баш од секоја ситница да се прави драма, мајка му е и некогаш од чиста навика го прашува дали јадел или што јадел, го прашувала 20 и кусур години и сигурно и треба време да се навикне на новите околности, јас не го сфаќам тоа како напад на мене демек не знам да готвам како што праваат многумина снаи туку како навика.
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SoNreir

    SoNreir Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Ова за седењето во автомобил: не е за правила, ама па не личи свекрвата напред (со синот зборам), па сопругата назад. Исклучоци при болест. Добро знаеме дека големите луѓе седат назад, па лични штофери и тн. ама тоа е друго. Нели е логично за брачен пар да седат еден до друг.
    Многу свекрви сакаат да седнуваат напред поради тоа што сакаат да им покажат на снаите дека добиваат повеќе чест и почитување од синот, отколку што им даваат на своите сопруги. :!: Факт.
     
    На Anyshka и Gocaa им се допаѓа ова.
  18. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Додека сме кај совозачките седишта морав да се вклучам. Еднаш дечко ми требаше да ме земи мене од дома, но и мајка му и татко му да ги префрли до едно место. Тие беа седнати на задните седишта, дечко ми возеше. Што значи ми го отстапиле предното седиште.
    А помнам дечко ми порано ми имаше раскажувано како мајка му секогаш сакала да седи напред...што значи мое мислење е дека на партнерите им доликува да седат напред. Можеби затоа тогаш идните мои свекор и свекрва ми го отстапиле местото. :?:
     
  19. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Баба ми беше пример на посесивна свекрва. Верувајте, седење на предно седиште не спаѓа ни во првите 100 проблеми што човек ги има кога има проблеми од тој вид.
     
    На Bibko и Jagoda123 им се допаѓа ова.
  20. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    21.350
    Пол:
    Женски
    Ние полека средуваме и веќе се знае дека се двоиме. И мајката на мојот партнер е пресреќна на сите се фали, но во исто време е и многу тажна, а и многу загрижена. Се нешто се секира дали ќе можеме да се снајдеме. И само дели совети, него му вика *ти да и помагаш по дома, двајцата сте уморни од работа*, *нема машки и женски работи, нема срамење, се ќе работите* ова она, абе мислиш деца на одмор праќа. И последно што се утепав од смеење беше *да пазиш мама како се храниш, немој да ми ослабиш* а тој пустото 90 кила се направил :lol: Искрено мене ми е симпатично, и не ме нервира.Па после го умирам од зафркавање.
    Инаку за возењето во кола, немам проблем. Не сме имале многу моменти заедно да се возакаме. Во еден случај требаше да се оди некаде и она со нас, и јас кулурно и реков седни ти напред, и она а не не не, вие седете еден до еден и си влезе позади. Искрено се чувствував глупаво цело возење,сега јас истопорена напред, а таа стара жена позади, попријатно ќе ми беше обратно дефинитивно. И уште еднаш бевме сите четворица, ама возеше татко му. И тогаш си седнав позади, и тој си седна до мене. Па мајка му и татко му напред, а ние позади. Нема потреба од комплицирање за банални работи.