Без да тропне и влага у спална ?! Ако му е толку добар осетот ондак тешко и на мајка ти а и на свекрва ти
Ама мајка и е со осет. И затоа нема потреба да се тропа на врата од нејзината спална. Сигурно е жена во години , што да не случајно ќе се пресоблекува у спална, или па летно време ќе земе да спие во некоја тенка пижама од која може да и се наѕира џицка милцка,или па ќе спие во куси пижами. Гарант она на фотеља дремнува у униформа ,пошто нивното височество Ќерка и зет и се дојдени на едномесечен одмор. И научени се и они со осет да влегуваат каде и да сакаат. Оти нели _ к*р ми е двор ми е . Со извинение
Лелеее Боже Петраааа И утре некое снаиче вакво ке ти се погоде Аууу А цел живот рмбаш ствараш да си створиш кров над глава комоција и мирни пензионерски денови Пу пу да не ти се накапе само
Уфф луѓе, ама грди коментари. Камо сите да можат да дочекат пензионерски денови, да видат зет или снаа, внуче. Незнаете колку има што рмбат и накрај ништо не дочекуваат. Што ми е гајле каква ќе биде снаата,зетот ако синот/ќерката ја одбрал за мене ќе биде најубавата. И камо да сакаат да ми реметат мир, ама нормално сите ќе си тргнат по својата патека и тоа е океј. Луѓе животот е шала, додека трепнеш проаѓа, сварно е банално ова.
Барем така сфатив. Врти сучи кога си во туѓ дом на гости било каде без да се тропне не се влегува. Се дурлите дека ви влагаат свекрви по соби,претураат по плакари а кога го правите истото срамота било да има заклучени врати. Жената може е проста, но ете си била опуштена со членката си кажала. Од овој проблем направивте драма како да нема друг поголем проблем. Едноставно туѓ дом не е ваш дом било да сте снаа,золва,ќерка итн.
Па и ти не можеш да влегуваш без да тропнеш каде сакаш низ куќата и да се лутиш што некој се заклучив во соба додека спие или да кажуваш кој што смее и што не на 60г. А и што очекуваше да одговори на мажот ти, на ист начин како што прашал тој така и му вратила свекрвата? Ништо подобро не се однесувате ни ти ни маж ти од свекрвата.
А каков одговор си очекувала кога вие со мажот се исмевате како тинејџери? Еве можеби на жената во години и се испуштило и се измочала во гаќи па морала да се соблече? И што требало да ви кажи? Неприкладно сте се понашале и вие. Или па да се соблече жената и гола да ја начекаш Е тогаш ќе беше друга песна, мислам и на фб ќе ја блокнеше
Значи како може три дена еден ист муабет да врти не ми е јасно. Велам ти ќерко, сети се снао, ако родителите ја препишеле куќата или станот на децата, после можно било да ја продадат па да останат старите на улица. И велам, ај кажи ми барем за еден таков пример да си слушнала. Така нејзината тетка го препишала станот на синот со лошата снаа и сега ја стеснале старата во една соба, дури и кујната и ја заклучиле и си заминале во странство. И кога си доаѓале, не ја ниту поздравувале. Небаре некој плаче за нивното препишување. Никој ниту спомнал ниту смета на такво нешто ама битно филмови да ти праи дека си нешто зависен од неа.
Ти може не си слушнала ама и те како постојат такви случаи. Не е баш наивно, и воопшто не е нереално. Човек цел живот печалил, препишал на синот, овој искоцкал се', сега човекот е на улица. Ова е само еден пример. Има многу различни, и не се сите млади благодарни дека им препишале па да ги чуваат старите. Има оперирани од осет и после им удрат клоца и не ги рецкаат. Се' има.