Значи од тоа то прочитав можам да резимирам дека проблемот е -ЕГОТО! И кај снаата и кај свекрвата. Не е за џабе онаа старата- Попаметниот попушта. И јас првата година рипав, се карав, поставував нови правила во куќа во која до пред мене 40 години се почитувале други правила, се ми сметаше, баналности. Имавме и сериозни караници со свекрва ми, но еден ден не седна мм и ни рече- Бујрум направете човечки муабет, цивилизирани, образовани жени сте и двете ве сакам- но мора да се стави крај на оваа тензија. И прво она ми направи убав муабет и сфатив дека џабе сум рипала, џабе сум се карала и сум си тенчела нерви. Плус сфатив дека си го загрозувам бракот, оптоварувајќи се со ситници кои ми сметаат кај свекрвата. Имам човек кој ме сака и го сакам безрезервно многу, јас го запоставувам занимавајќи се со глупости. Не дека сега се е совршено и сме бест френдици, но нема тензија, нема мрчење, нема гледање под око ... Секоја си ја тера својата работа, па и можам да кажам дека сега и најмногу ми се наоѓа околу децава. Значи не е проблем што на вас бил редот да се измијат чинии или пак кафе да сварите. Или зошто она вака, зошто јас така. Има многу жени кои навистина се под тортура на свекрвите, но треба да се решат проблемите. Но најмногу се виновни нашите мажи. Они се се тргаат на страна, наместо да ја смират топката. Тогаш проблемот не е во свекрвата/снаата туку во сопругот. И секогаш избројте до 10 пред да избувнете зошто после извесен период ќе сфатите дека за глупости сте се замарале. И бидете отворени, но со почит. Разговарајте ...
Седењето на прво седиште не е ни оддалеку од првите 100 проблеми на кои се наидува, но е ГОЛЕМ ПОКАЗАТЕЛ дека има(или ќе има) 101 друг проблем. Токму заради тоа што е ситница. Деталите се многу битен фактор. Се знае на кој каде му е местото. За оние кои се венчавале во црква , што е напишано? Мажот да ги остави родителите свои и да се прилепи кон жената своја и да бидат едно тело. Што толку коментари околу тоа предно седиште ако не ни смета? Не ми сметало да појдеме на свадба и наместо јас да седам напред до маж ми свекрвата до него?! Може треба и таму на маса да седи до него? Колку се искриви првобитната намера на ова прашање, чудо едно. Или пак некј навистина на ја согледува неприродноста на оваа ситуација, и покрај тоа што имаше дадено убави објаснувања од Шкорпионка и Каренин. (простете што ве спомнав)
Епа баш од тие муабети дека ова било ситница и не вреди да се замараме, па после уште нешто било ситница и нели ние сме многу културни па не мора да правиме фама околу тоа, па после оп уште една ситница ќе излезе и така на крај кога се тоа ќе се собере на куп ќе излезе дека има проблем. Излезе дека ептен се фативме сите за тоа седење напред или кај и да беше ама јас лично не би прифатила такво нешто. Значи да се разбереме не збориме за еднаш, два пати, па и пет пати нека биде, во ред е ете додека се навикнат сите или па во екстремни случаеви или ете така случајно се случило таа да седне напред во ред, сигурно нема да припаѓувам зошто напред еднаш седнала, АМА се си има граница. Не може кај и да одиме правило да биде дека мама седи напред како јас да сеуште сум гостин кај нив. Се знае на кого каде му е местото, а тоа што свекрвите или снаите во одредени случаеви не сакаат да го прифатат е нивни проблем. Еве јас сега со дечко ми и мајка му кога се возиме во кола јас во повеќето случаи сум седела напред. И не, не ми е тоа гордост воопшто, напротив сега додека јас сеуште не сум во официјална роднинска врска со неа мене лично ми е навистина срам кога седам напред. Ептен ми е некако, штознам, глупаво. Ама мајка му на дечко ми секогаш инсистира. Самата си има кажано дека не е во ред да не' двои. Ни вели "Седете си вие двајца напред, зошто па јас да седам. Јас ќе си седам напред кога ќе вози маж ми." И до некаде кога подобро и подлабоко ќе размислам така си е. Не можам да замислам сега да се возам во кола со татко ми, мајка ми и баба ми и таа да седи напред, а јас позади со мајка ми. Нема шанси, а тоа ако од почеток почне така, така и ќе си остане.
Јас убаво си кажав на почеток, свекрвата седела напред, а не седнувала напред(ако некој не разбира кое е граматичкот значење на овие два збора?). И сметам дека се беше многу јасно, но не ми се јасни некои размислувања и контрирања и воопштување на работите, кога беше прецизно и јасно нагласена ситуацијата. Овака и комисии не расправале за да набијата саатнина . Во еден момент помислив дека ме гледаат како “напасник“ дека на сум компетентна за оваа тема оти немам свекрва , и дека се идеше на онаа играта , исфли го напасникот . Е примерот со баба ти да седи постојано до татко ти, ептен е на место. И да ви кажам случајов со пријателкава. Свекрвата никој друг не ја средил, туку нејзината родена сестра . Гледала, гледала жената што се случува и еден ден и отчитала буквица. Ми се јавува другарка ми на телефон и вели ај да те частам пица , ту да знаев порано ќе и се пожалев на тетката на маж ми.
Колата ја возам јас, а до мене може да седи секој кој не се плаши. На свадба одиме со такси да се напиеме ко луѓе. Инаку шала на страна на свеки и понудив неколку пати да седи напред, несакаше ама сега во последно време јас седам позади за да си играм со бебушка па ја замолувам да ми го ослободи местото позади така да се е пролазно.
Може да прашам каде е мажот(синот) во сите овие приказни? Вика дека е ваш проблем со свекрвата, или ич не муе гајле?
Здраво! Пред се здраво на сите феминки и фемини. Нова сум на сајтов па решив и овде да пишам. Еве ја мојата „ИСТОРИЈА„ со свекрва ми. Со мм бевме во врска 9 месеци а веќе сме во брак 8 месеци. Уште како девојка на мм одев кај нив , но секако свекрва ми тогаш беше лизни мазни. Откако стапив во брак со мм мојата свеки кон мене се однесуваше како кон керка. Но секако откако дозна дека сум бремена започнаа макте. Всушност маката беше и сеуште е тоа дека носам син а таа сакала да биде девојче. Еден ден седиме во двор и пиеме кафе и ми вели „Мила снашке јас мислам дека добро би било да го абортираш оваа дете„ Јас само вака ја гледам не и одговорив ништо. Кога мм се врати од работа му кажувам што ми рече мајка му , а тој само се смршти и излета низ врата како оган. Слушнав како се расправа со мајка му. За некое време доаѓа и ми раскажува зошто се скарал со мајка му. Таа сакала внука за да биде прва наследена со името а не свекор ми. И от тој ден па наваму честопати ми префрлува и ми вели дека ако сум родила машко слободно да сум си ги собрала „парталите„ и да сум си се вратила кај мајка ми. Може не е некој голем проблем овој мојов ама сепак е проблем зарем не?
Ако друг пат ти префрли за ваква баналност да и го кажеш следново Мила свекрво биди срекна и благодарна кон бога детето да се роди право и здраво да има две раце и две нозе оти у последно време има многу дечиња со деформитети што се рагаат кај нас беше сличен случај свекорот мене ми рече ако не сме го крстеле на него да си собериме парталите и да си одиме од таа кука ама знаеш што се случи????? се породив во 8 месец бебето со аномалија на мозочето и рбетниот столб му го изедија газот на бебето уште неродено и пак се вика на свекорот а нас после 7 години сепак за друга баналност не избрка од таму Значи од мое искуство уште на првата ваква гузва скидај конци со нив скроз и бегај подалеку да си живееш мирно со бебето и маж ти А ти ??? ти не си ставај се на срце оти драга моја тек је почело допрва ке има фестивали
таа ако сака женско нека си роди уште едно, тебе да не ти кажува гачки Жално за маж ти, ама кога таа ти рекла дека треба да го абортираш, ти си требала да и речеш нејзе да и цркне синот ( знам селски е ама со таквите таков треба да бидеш) ИДИОТКА СО КРАВЈО ЛУДИЛО како бре така да и рече на снаа, на таа која носи нејзина крв ПЛЕМЕ ПОКВАРЕНО Душо ти парталите и со време да те нема од тамо, додека не е дојден бебушот, па да со имаш поголема мака кога ке ти збори за него ВЕШТЕРКА ЕДНА Ич не се умарај нека седи сама, а вие ако си имате финансиска можност одма да си го најдете мирот на друго место, дека многу ке ти биде потребен кога ке се роди малиот., а оваа завеанава да прашува дали може да дојде да го види. И штом еднаш рекла да си одите од дома, знам дека пак и пак и пак ке каже се додека да ве истера, па затоа подобро со време да си одиш од колку со УДРЕНИ ВО КРИЛО да се замараш. Уф бе како не сум и јас па да и залепам 2-3 воспитни И после некој ке рече да се почитуваат постарите ко демек попаметни, а тие одлепени до немајкаде уф ама се изнервирав, ај одам да учам
Жената не е при здрав памет очигледно. Ти кажи му на маж ти за тоа дека ти се заканува така иако она тебе да те избрка неможе, маж ти се прашува, а не она, он те земал не она, и маж ти само може да ја затне. И ти речи и и ќерка да родев немаше твоето име да го наследи. Сум за почитување на семјество ама тоа не е нормално, ако можете тргнете се од таа вампирка, живејте си сами, па она нека се е**ва за све паре нека роди ќерка . Не ми се верува дека такви луѓе постојат, да ги плукнеш да не жалиш! Не ја слушај, нека не ти биде гајле, трудна си да се нервираш ли треба за некоја караконџела? Нека збори, ти е гајле, глеј си го маж ти и синчето здраво и право да ти се роди.
Омг ruzica што е со таа? Ејјјјј некој неможат со години деца да имаат а таа пребира..Кажи му на маж ти да збори со нејзе, ако треба идете да живеете кај тебе,под кирија сеедно...цццц психопат!! Нема дефинитивно памет, со кое право така се однесува? Ти немој да се замараш, сега си бремена и ти треба да не си под стрес ти треба мир и раат!! Која гада ццц...Таа нека си роди не едно и десет женски ебате ако се роди женско сите машко сакаат заради презимето, ако е женско пак не им чини...глупостиии!! Уфф се напнав сељанка проста!!
Свекрва ми очигледно има проблем со здравјето. И јас и велам сите сакаат машко да е првото а ти девојче па девојче. Девојче за да се спомни нејзиното име прво ... среќа кумот е многу добар пријател со нас па ми рече име какво што јас сака а не како старите сакаат. И мм се сложува со кумот името јас да го одберам. Едвај чекам да се префрли станот врз името на мм за да можеме да се отселиме.
Ruzica123 Ова твоево, не знам дали е за смеење или за плачење.. Прво читам дека сакала женско, ама носиш машко, па си викам, добро, не можиш да го смениш полот, машко си е (ај сите се радуваат да е прво па машко)...си провоцира жената... АМА кога прочитав дека ти рекла за абортус...????? Очигледно таа не е нормална...!!! Пази со кој си имаш работа, гледам малку време сте биле во врска, кратко сте во брак, можеби не ја имаш научено каква е. Бремена си, гледај си го здравјето, сложувај се со маж ти, тоа е најбитно...и седи си настрана од неа...женава очигледно е патолошки случај, не дај Боже да имаш проблеми и понатаму.
Ruzica123 Јас незнам како очекуваат стариве по нив да се викаат децата? Тоа е желба на родителите на детето, моето дете ќе се вика како јас и маж ми ќе сакаме, а не бабата и дедото, ни моите ни неговите. Ама да ти кажам убаво правиш што не и враќаш, избегавај ја и со маж ти глеј си ја работата, за да не се нервираш повеќе. Искрено да ти кажам неможев да се изначудам на ова, не сум слушнала вакво нешто. Причината е запрепастувачка (иако не постои причина да се бира дете). Тоа од Господ дадено, она ќе бирала, ццц...
Значи дефинитивно има се по светов!!!Абортус.... ruzica123-што подалеку од твојава свеки...со неа разговор,кафинја,батали....од оваа ништо добро не се очекува оваквите моронки се нарекуваат душеваднички ....срамота!!! Hажалост таа е сигурно оперирана од срам..... ништо со неа. Oбавезно разговарај со мти,но ќе го усмериш разговорот така што ќе му кажеш /прашаш зарем мајкати толку сака да те гледа како си уништен ти? Која и е целта да ме уништи мене? Па дури и нашето дете...но сето тоа да биде на убав начин кажано...и обавезно чувај се ти и сакајте се со мти.како што ти напишаSilver.E-"женава очигледно е патолошки случај"во потполност се согласувам со ова
Најголем проблем настана кога одлучивме да се преселиме.Имаат направено куќа па му велев на мм да ја пречуваме како што е адетот и ние таму тие во старата. Ама нормално мојата свеки се умеши како сол во каша ни вели „Ако одите да живеете таму без нас аир да не видите , цел живот за леб да просите„ . Мм се расплака како мало дете но ништо не и одговори , едноставно и двајцата ја игнорираме не и обраќаме внимание неа всушност тоа и е маката неможе да се скара со нас . Па затоа одлучивме сами во стан подобро во 2 собен стан отколку во 2 спратна куќа стриени од клетва. И за син ми требало да се вика на свекор ми а свекор ми пак вели „Кај ова мое старо име ставете некое модерно„ па така и одлучивме да се вика Максим а не како свекор ми Трендафил.
Епа толку и сече на вампирката да си го проколне син и Ај ќе се тргнете, ќе си го најдете мирот и убаво име сте избрале. Ви посакувам се најубаво
Незнам каква е таа мајка што си го колне детето ајде снаата дојдена е па ќе ја колне ама сопствениот син ... И после некој ке каже требало да се има почит кон постарите сепак снаите биле дојдени од друга куќа , па ако се дојдени од друга куќа и тие се од мајка родени. Свекрвата ли е таа што ке суди какво дете да имат син и снаа и. Некој за дете душата им е изгорена а оваа мојава да сум го абортирала. Се плаШам да помислам што би можела да стори на дете мало штом не го сака уште неродено.