Да, нив им е подарено внуче со тоа што нивните деца станале родители. Замислете има луѓе кои што им е голема среќа и радост да имаат внуци. За што збориме.. Никој не реагира кога ќе се пише најголем подарок од родителите ми е сестра/брат а има доста што пишуваат така. Ама свекрвата што и да пише тогаш тоа е ''страшно '', она мора да е злобна. Што ви е луѓе?
Апсолутно. Има свекрви што се радуваат на снаата и на внучиња, не сите сакаат да прават сплетки. Е сега стварта е што има некои што повеќе ќе бидат онлајн присутни отколку реално. Ама тоа е друга тема.
Точно така, има свекрви што се секогаш тука за своите деца и што не гледат да направат сплетка. Еве јас сум во каша. Маж ми кога имаше пари последниот денар го даваше ним. Сега кога сме во каша и прајме план за настрана, кола ни се расипа, слушнав како ме оговарат. Вчера бевме на роденден при што маж ја зема колата на татко му што заковена во двор( а ние живееме во друг град и плаќаме таксиња натаму наваму) и јас морав да возам бидејќи маж ми ја мења возачката. И погодив една од дупките во дворот ама ништо не се случи. Денес сабајлето несакајќи зборуваше погласно свекрва на свекор,, криво ми е бе што она возеше, пичка им матер, душа ме боли кога направи колата бам, она не е за точак возење,, Јас се повлеков пред да влезам во кујна. Односите ни беа океј претходно, со почит без близина. Како ќе се понашате пред ваква изјава? Да му кажам на маж или да се прам на игнор?
Кажи му и дека си слушнала случајно и дека не ти се допаднало така да зборува за тебе свекрвата.И не влегувај во дискусија меѓу нив,ќе си решат они самите.Не можеш да ќутиш и трпиш ,не си од камен.Тој за нив прави се , тие еднаш да е ќе префрлат ,не е фер.Ти знаеш најдобро како треба со маж ти ,одбери зборови ама кажи му,нека знае.
Како тоа ќе решат самите? Има огромна разлика помеѓу случајно слушнав што збори за мене со други и тоа што мене лично ми го кажала.
Па да не направи кавга ,туку да му каже што слушнала и после тој ако им каже на старите да се знае како било.Немој да биде ,мајка ти е против мене и тоа со колата ја прели чашата.Има разлика како ќе се сфати од нејзина страна, нели?Да се на чисто, кој како што кажал .Лично ништо нејзе не и кажала,затоа викам да каже како било
Или од околу спомни и кога ти се праи лизни мазни, или отиди и со се маж ти да слуша за да не му збори после друго на него и прашај ја што проблем имаш ти со мене, зборуваше гласно за да те слушнам и сакам да ми кажеш што е работата. Сега е тоа утре нешто трето, ако преќутиш ќе ти праи буцкала се гледа.
Така е,ама може и да премолчи ама ако е решена да му каже на сопругот,нека биде толку суптилно да некој не го однесе .Да не си направи уште поголем проблем од тој што го имаат веќе и со колата.
Денес е кола утре е дете.. Што има врска кој ја возел колата, на твое дете даваш побогу. Што е со луѓево
Ме чудат вакви изјави, како да немате блискост со мажите. Јас се кажувам и добро и лошо. И не ме интересира исходот, кога јас сум во право. Не ми е познаник па да се воздржувам од изјави и без разлика кое лице би било афектирано. Ќе си кажеш, или ти вози и снајди се за возење или со такси ќе си идеме, бидејќи твоите мрчат. Патем, што дека ја мења возачката, даваат потврда за возење и со таа слободно може да вози. Навистина ми е фрапантно, да прашувате на форум, а истово да не можете да му го кажете. Па после они нека се оправаат, секако тие се криви, не ги тераше ти да јадат гомна.
Сосема си во право. Првпат се соочувам со вакво нешто, не очекував ваква изјава. Му кажав(нп неможев се) Го кажав само делот со мене. Тој вели ,,требало да и се обратам во тој момент. Вели нз што да правам, ама сјебана ситуација, глупости ебати колата. Гледаш зошто не ми се седи и сакам да си одиме, постојано сум напнат за ситници, најдобро е да не седиме тука,, Маж ми неможе да возе зашто имаше казна, одземена возачка, уште 3месеци несмее. Јас сум запрепастена. Толку секогаш се однесувам нормално што неможам уште да процесирам. Не ми е јасно зошто тогаш спрема мене се однесува толку фино, толку добро, како може. Јас после ова неможам во очи да ја гледам, незнам како да комуницирам со нејзе
Во вакви ситуации јас не правам повеќе муабет од "официјално". Ако ова го кажала и си го слушнала случајно, кој знае за што уште не си поштедена. Туку, веќе си начисто бар знаеш со кој имаш работа. Не знаат што од досада, што од малку завист, а најмногу од животна неисполнетост, па прај им проблем во бракот на децата.
За да немаш проблеми,на дистанца и ти биди како она кон тебе и толку .Ќе си губиш нерви само на неа . Инаку те сфаќам,си мислела дека се е во ред а одеднаш испаѓа дека не е .Нејзината совест нема да е чиста ,ти се што правиш е за доброто на бракот и тоа треба да ти е важно .
Па тоа ме боли. Пред мене е се нај нај. Уште пиле од млеко или како велат. Денеска ја игнорирам скрос, она упорно де упорно желна за муабет. Како не и беше жал така да рече за мене незнам. Како на некој непријател, не како снаа што родила внуче. ,,Она ја возеше, мака ми е,, А мене душата ме боли што мислев дека се луѓе. Искрено се тешам дека селењето ќе ми помогне
Најважно во вакви ситуации да ти е сопругот подршка. Дволични луѓе има многу па и свекрви, не знаат за подобро. Супер е што ќе се селите тоа треба да помогне. Искрено за тоа што ете те бара за муабет, јас би и посочила што сум чула, дека не ми се допаднало и малку сакам одмор, дистанца. Добро би било да го искомуницираш но смирено и без тензии, провокации. Ако се извини, промени, супер, ако не скроз дистанца.
Иста приказна со тоа шо золва ми и рекла препиши на брат ми за да не одиме по судови нотари ко ќе дојде ред. Ние сме во заедница ама вложивме премногу шо од денешна гледна точка е глупост али јбг. Аа не после да ме фрлат на улица. Золвиц па ја убедувала да пише со договор додека е жива да не се продава и да не се сели Батали викам со неа кој се разбрал па ние.. Некогаш кога ќе сум и вратела за нешто и почнувала ,,оо јас чекам да ми помагате да ме послушате ако паднам вие како се понашате уште сега Требало да и речеш јас мислев нож ќе ти падне оно видиш торба Ко ти внатре во кафето да си знаеш што има награда Снаа(ва) може да напише ,,денес е мојот најнесреќен ден ,добив свекрва -станав снаа(крива за се ) Е ова ми е најтешкото. Сум ја сметала за човек, на почетоток иста како твоиве ,откако се породив си го покажа лицето. А сеа после 5 г и сфаќам колку зад мене му полнела глава на мм Ама среќа пребродевме се
Како пребродивте? Маж ми е баш вознемирен, владее тензија..многу е грижлив, тие само предавања му држат
Браво за вас! Дали оставивте времето да лечи, тие да остарат или сфати сопругот? Такво полнење глава, 90% иде развод, џабе е жената колку и да се труди, еден муабет со нив и пу пу не важи.