Мора сам да сфати. Абе да не се лажеме и јас би се развела тогаш бидејќи меѓудругото мислев дека он станал таков но ете јас немав поддршка за такво нешто а имав мало дете и морав да останам и да се борам со ситуацијата и колку повеќе зборував со него за се она што таа ми го прави ,толку полошо стануваше. А кавгите не ни беа само во однос на неа... туку сум каснела од работа ,сум се средила и сл... За по некое време да кренам раце буквално разговор со него службено за деца и ако сум претерала во нешто на неа што сум рекла за да не му прекаже таа со додавки. Буквално така ги почнував речениците ,пред мајка ти да ти каже.. Ваква и ваква беше работата. И не сме исти некои работи не се забораваат. Но ,по некое време сфати дека она уствари го полни и он врз мене истура. Помогна и тоа што золва ми разговарала со него и тоа затоа што се издал самиот. *Касни од работа (ради нередовни автобуси) па мајка ти ми вика на мене ,,детето цел ден со неа снашкава после работа кој знае кај оди јас не можам една работа да си завршам" и золва ми го собрала малку. Совет би рекла дека е немојте да чувате моја најголема грешка е тоа ,не кажував на мајка ми знам нема да ме поддржи а може и да ме раскаже по роднини. Не кажував на сестра ,брат ,золва демек да не ги мешам си имаат свои проблеми. Ама на крај золвата беше таа шо му отвори очи. Е сеа свекрвата дали од грижа на совест ,дали и се развива болест не знам може сте ме читале ама се тоа халуцинира. Еве сабајлево спие бебе ,спие мм ,големата ќерка само што стана ме разбуди и врти по кревет она влегува Х (ќерка ми ) дојди си кај мене ела ,остави они нека се караат
Тоа и јас си велам. Којзнае што друго збори зад мене, а пред мене се најубаво. И од други дешавки гледав дека не не обожава женава. Ама кога им беше тешко, сине вака сине така. А кога нас ни е тешко, реално без кола не се функционира, она драма ќе прави зошто јас сум возела ццц.... Откако сум на официјален однос, разговарала со маж ми и тој се и рекол. И денес(уште денес сме тука, вчера немаше таксиња) таа ме игнорира .. оф бре си викам, бедно ептен.
Нема свекрва шо не јади брбушки од страна, не постои, пред вас циле миле ама зад вас од гомно подолу ќе ве прави. Еден месец откако сум породена и секој ден со нервози сум од неа. Цело време се плетка, бебе заплачи малце еве ти ја таа в спална, оти плачи. Денес иди ми вика ејј гледавме со ќерка ми карти ефтини има за Мемингем да одите заедно, хахаха важи реков нема проблем кај ќе не клај на гла ? Ми вика на земја ќе спиеме хахаха Еј со новороденче од два месеци во една гарсоњера да дојдела ќерка и со се деца, а ние Октомври ќе одиме уште непомочани си гледаат карти да дојдат, абе поненормално нешто немам видено. Јас од нив бегам таа да дојдела. Му се јавив на мажот ми му викам вака и вака, од сега да и кажиш дека ни до гости ми е дојдено ни до ништо, среќа е разбран па се согласи со мене дека не е во ред тоа и дека нема идење никој. Како бе непоканети си гледаат карти, знае дека ќе сме во хаос на почеток, знае дека станот е премал моментално кај што ќе сме и си прај планови за екскурзија.
Епа и ти седиш кај неа, си се осеќа блиски сте не мора да чека покана сака да ти се најде да ти помага. Она така може си го гледа тоа. Да ја нема, зошто не доаѓа ќе биде.
Ме прочита дека во гарсоњера ќе живееме додека земеме стан и дека пред еден месец сум породена ? Ако сакам да ми се најде да покана треба да чека а не ненајавена карти да гледа и да иди со ќерка и две мали деца. На глава ли ќе ги сместам ? Јас ако сакав помош немаше пустина да фаќам од тука.
Ок ај сега и ти исчилај малку . Мислам на жена пред еден месец породена, шо уште не може да се движи ко шо треба веројатно, мириса на млекара и пот и и се плаче по цело време, вакви коментари не мора. Оти оти оти та оти. Оти има моменти во животот кога треба да покажеш разбирање и човечност, а не да провоцираш и да му правиш дополнително притисок на некој. Ете не живеат со мене, не живеам со нив, дојдоа после 40 дена од пораѓај, на една недела и главата ми ја пукнаа. Не само шо не помогнаа, туку и сто пати повеќе одмогнаа. И искрено срамота од секоја мајка, свекрва шо така без везе се однесуват со свежо породени жени. Мислам оти плаче бебе на 1 месец. Прашање на векот. Понервирајте ја мајката малку повеќе па ќе престане да плаче . Игнорирај. Те гледаат оти се нервираш и користат ситуација уште толку да те провоцираат. Мантрај само дека за некое време ќе си далеку и не се расправај ни докажувај. Давај некои ахам одговори ќе се среди се.
Твојата ситуација може била поинаква од нејзинава ама женава и да не е породена пред еден месец очигледно е дрска и и смета свекрвата само затоа што постои. Таков впечаток остави по коментарите тука.
Дефинитивно нема. Уствари има, ама многу се ретки што ќе се погодат. Во поголем случај нема. Само настрана живеење и раат, ама пак не си раат. Тешко на тие што живеат заедно. Еве денес си дојдовме дома, мирна глава. А инаку прашањето зошто бебе плаче кај секоја свекрва е закон. Па и тоа ,, биди смирена, затоа ти плаче детето,, Или ,, млекото кога е најхранливо џабе цица сега, читав дека само насабајле било најхранливо,, ,, леле греота само си леже грејното,, Што треба да прави тоа дете.. Кога ќе се сетам на постпартум хаос. Гледаат колку сме најранливи и уште толку сакат да те погодат Сега кај нас е,, каква е таа градинка, добри ли се условите,, ,,еве јас ќе го чувам, колку пари ќе ми платите за 6саати хаха,, а она не го чувала повеќе од 2саата. Па зошто во странство. И се тоа пред маж ми. А пред мене, нема поубаво од градинка, бегајте од тука само нагоре да се снајдите. Само да се лупета.
Апсолутно, ова да се нема ни тронка милост ем е жена ем е мајка со баш тазе бебче. И оваа старава ќе вика гости а во станот нема место ни за бебчето па уште невестава дрска а јас мислам изморена, што да биде добра мајка што со новоста што ја добила. Потполно исто ме снајде, си дојдоа уште па и двајцата после 40 дена и се си седеа и си чекаа од мене тие да си шетале. Така да, ако тие си гледаат за себе и јас ќе си гледам за себе. @Cvetce_ не се нервирај и провоцирај, слушај мајчински инстинкт. Ако душа бара одмор и сака сама со бебе да бидеш така направи, кажи си и терај својот пат.
И кај мене е вака, се нешто збори се прави баба и пол пред синот дури и му плаче за да се долови улогата "жртва". А на дела нигде жива ја нема. Све глумици.
Мене среќа шо никоја свекрва не мораше да ме гледа додека бев со бебе до кај 4-5 месеци, па на раат си лежевме и си се гушкаме по цел ден. Моето бебе кога беше по цели ноќи ја држев во раце исправена, оти повраќаше после секое јадење. А бебе знаете дека станува на секој 2-3 саати да јаде. Епа така. После јадење држи исправено додека се успие и сум сигурна се издригала, таман спуштиш две минути спиеш, пак се распретува да јаде. Среќа па многу почна да преспива по 5-6 саати сврзано, та сврнав душа. Каква бев, не наспиена, гладена, изморена, не нервозена ти иде да натепаш ако некој само каже нешто што во моментот е несоодветно. Ни шала, ни совет не си во состојба да прифатиш. А чудно, оти бе не им текнало да речат, чекај ја ќе го земам сега, вие отспијте малку. Два саати ќе се прероди човек дур пак дојде ред да јаде.
Не, значи сите се исти, они да прашаат зошто плаче, другото на тебе останува. Ги имав и мајка и свекрва, по неколку недели. Мајка бар можеш да отераш у 3 лепе и ќе и текне, пошто веќе сте развиле комуникациски протокол. Без триење сол на глава- најарно
Епа мојава дојде 5дена и ми помогна ама и ме поремети. Од сегашен аспект подобро да не дошла. Набив таков страв во себе, што дете си го изгледав во раце. Накрај ме советуваше на висок тон, каква мајка сум била, требало брзо да ги мењам пелените не да плаче детето. Е тука се скаравме, уствари бараше рчка да ме испровоцира и да биде жртвата. Тогаш и успеа. После тоа секој викенд не тераше да одиме на гости кај нив за да го видат внучето. И јас бев лоша дека нејќев да одам таму за да ми помагала повеќе.