Се читаш ли што пишуваш??? Најверојатно немаш свекрава,да видиш какви злобници и глумици има.Што се нема да им текне да направат. Жената е тазе породена,нема избор мора да ја трпи дур си отиде кај сопругот.Што не и текне да рече оди снао,два саати одмори јас ќе го чувам.Ама за гости да им се тупне може.
Никаде не пишав дека си дрска само затоа што сакаш мир. И во ниту едно мое мислење на форумов во ниту една тема не сум пишала дека треба да се толерира било чие лошо однесување спрема нас. Јас цело време истото го пишувам дека секој треба да се заземе за себе оти својот мир е најважен особено па кога имаш бебе/дете оти мајка му му е цел свет. Ама тоа дека сите свекрви се исти, вакви такви онакви а снаите се златни само затоа што е снаа и има бебе, не. Пола тема е оговарање на свекрвата што рекла што направила а пола е кривицата е во свекрвата ама не во нас самите.
Не ми е јасно зошто седиш кај неговите без маж ти и очекуваш приватност. При тоа верувам ти помага ако ништо бар верувам ручек имаш на масата... нејсе, не е важно што и како. Собери се отседи пола време кај неа дома кога веќе си тргнала, пола кај твојте оди. Пак ќе кажам, не знам таму што прајте ако помага на било кој начин, сигурно си мисли дека треба да дојде и таму да ви помага. Посебно ако те гледа цело време напната и во хаос може се грижи и сака да помогне. Не глејте одма на црното. И пак ќе кажам јас на твое место 1 ден не би седела, би си одела кај мојте дома. Ќе се препородиш
Кај моите седат брат ми со две мали деца. Ручек прави за правење ама си орави за неа, сто пати и реков дека дојам и дека треба да избегнувам грашаци, пржоли и сл, и како заинает само тоа готви. Алишта ми пери без јас да и речам, за се имам време јас, сто пати и нагласив да не става прашак многу оти бебе е нежно ко да му велам со килници, кило и пол детергент во пет дена го поеба, којзнае што прави Ми ги зема алиштата без прашање од соба и ги пери, и нагласив вчера да не пушта машина дека немам доволно алишта собрано дека повеќето се мои алишта, само што излегов влегла во спална и ги собрала алиштата и ги пушти, тоа е безобразлук не е помош. Ми ги зема пелените од фиока као да ги поминела една пегла за дезинфекција а истата пелена на земја ја остави, ама дезинфекција шо да ти кажувам. Ми иди од работа со алиштата на спална ми се оптегна кај што спиеме јас и бебе, каква е таа дезифекција ? Битно со пеглата пд 3 сабајле пегла алишта дезинфицирани да биле И викам бебе ми рекоја да се капи еднаш два пати неделно целото оти има осетлива кожа, не бре брате секој ден тензии ме убедува за капење, се лути. Јас го успивам навечер таа влегува го расонува. И велам бацвање не го бацва заинает Седам во заедница затоа што огромни трошоци имаме, мажот ми плаќа кирија Германија, рата за пороѓај, трошоци за бебе, уште јас да фатам стан и да не мојме на крај да излезиме, не сум будала да седам во заедница ако имам друг избор. Уште месец и толку Јас разбирам да сака да ми поможи ама за помош и за идење во странство прво се прашува, дали имам услови да ја пречекам
Абе ова советиве врати се кај мајка ти и слично не ми се јасни. Тогаш зошто да се венчаме ако треба кај мајка ми да си седам?! Зошто да бегам од своето. Значи венчаната невеста не е гостин во куќата на мажот! Се гледа дека жената е типична балканка што не знае што да прави со себе, затоа и пере и пегла кога/што треба и не треба. Што се трудиш да се објаснуваш тука. Како и да е, некој камен ќе биде фрлен. Нема што да си одиш кај мајка ти не си гостин тука, точка. Се гледа женава дека е не разбрана и не дека прави намерно, не знае подобро, да не речам е проста. За јадењето кај го прави не е добро да и коментираш, прави ми ова прави ми она. Се што сакаш ќе се потрудиш сама. Јас се сама си готвев во МОЈ стан таа се дрзнуваше да ми виси над глава и да ми коментира како сум требала да сецкам и готвам. Ова е веќе забегано а твојава барем готви нешто.
Pa maz i ne e tuka. Moze da odi kaj svoite roditeli, nema nishto cudno i strashno. 21 vek sme. No tamu e bate. Kjerkata neka dozivuva nerven slom.
Мене ми е нејасно зошто па да не може кај нејзините да седи? Ама братот, братот, братот... Братот со две мали деца таму бил. Како да ти кажам и ти имаш право да седиш таму колку и брат ти, ама женско нели, роди го и фрли го, нема потекло, корен тоа дете. Зошто да се мажам ако одам кај моите пиша некој погоре? А зошто братот се жени и не се иселува како сестрата? Значи имам брат и душата ја даваме еден за друг и не можам да го разберам ова со машко-женско дете. Ама ај, да не разврзувам сега за вековнава македонштина и се уште присутното угнетување на жената. Да живее независна Македонија.
Цветче, смири се и почни да игнорираш. Се ти е дојдено наеднаш, хормони, мало бебе, неспиење.. немаш никаква потреба од нервоза, гледај си го детето и толку. Пеглала, перела, нека ја, нека работи..ако неможеш од манџата да јадеш нешто направи си или порачај нека ти донесат и купат. Престани пред време да се нервираш, ќе доаѓала на гости, така се идело, не се нервирај за работи што сеуште не се дојдени..одмарај и глеј си бебето. Се ќе помине
Абе цветче што се објаснуваш. Кој те чита подолго знае во каква состојба си, знае зошто не можеш кај мајка ти и зошто остануваш кај свекрва ти. Ама само нешто да се искоментира. Издржи уште малку се ближи времето да си одите и да си бидете зедно.
Намерно те провоцира со такви муабети или па толку и е умот… Јас имам висок праг на толеранција, ама да бев на твое место ќе откачев и одамна ќе немав ни добро утро. Секоја чест како издржуваш.
Зато шо нема место, децата се многу мали и со бебе не е идеална средина да седиш. Никој врата не ми затворил, цело време сум преку ден таму. Галама прават децата, реновираат купатило, и ред др работи.
@Cvetce_ , те сфаќам потполно. Знаете колку тешко и навредливо ми паѓаше од една страна, од друга да се чувствувам неблагодарно. Свекрва после мојот пораѓај, носи ручек демек да јадеме со син и, ама носи грав, леќа, манџа зелка. Јас се обидувам со доење и не јадам тоа, а не дека не сакам. Следно јас со вирус, трески, од кревет не можам да станам, доаѓа да ме види со зборовите, јас си испржив пиперки и месо, ти секако не можеш да го јадеш тоа. А може пример да рече еве сварив една супа и ти и детето да јадете. И да, не останав ни во едниот, ни во другиот случај гладна јас, а ни дете. Колку што можев јас, остатокот маж истеравме. Ама зборовите остануваат, постапките уште повеќе. Мојот однос кон нив комплетно променет, веќе не се нудам и јас за помош, па ни за било што.
Не знаеш животот во каква насока ќе те однеси. Преку ноќ можат работите да се сменат. И јас исто вака бев со оваа мисла ама ете испадна да треба во заедница некое време да живеам дури да се средиме, излезе виза само за мажот ми, се роди бебе истовремено, испаднаа непланирани трошоци, и сега дури да се средиме зорт
Мајка ми не е блесава и да и влегува во спална на снаа кога ќе и текне, никогаш не ги правела овие работи кои ги наведов за свекрва, и да, кога претерувала за нешто сум се карала со неа да олабави малце.
Ако си знаела не си требала воопшто да се согласуваш оти го знам менталитетот - да не останиш стара мома. Ако ова е многу поважно од сопственото здравје - што да кажам. Гледам дека свесно имаш избрано да ти е вака, некогаш сами си правиме и затоа насоките во животот не носат таму каде што не треба.
Па ти наведив во постот погоре дека работите не испаѓаат секогаш како што планираме, не знам што повеќе. Сигурно не избрав да живеам со свекрва и мало бебе во заедница и да ми го ремети раетот
Не се разбираме. Во однос на мајка ти - може не ја гледаш во такво светло па имаш одбранбени зборови, споредбата е таа. Снаа си, имаш право на раат, само во заедница - мало сутра.
Значи треба да се мажиже/жениме ако ги имаме сите услови? Не е менталитет стара мома. И неможеш да ги знаеш се додека не се омажиш. А откога ќе родиш преку ноќ се менат. Постојано го нагласуваат искуството кое го имале. Затоа кога требаше да ми помага незнаеше пелена да смени ни па да го избања. Се тресеше пута три од мене како таа да се породила. На крај и лекции да ти држи во постпартум. Значи многу е едноставно, ако неможиш да помогниш не се нуди. Ако можеш да помогнеш, немораш потоа да ја вадиш маста на снаата на илјада начини зашто си била тука да помогнеш. @Cvetce_ биди силна и издржи, му требаш на бебе силна. Овие денови ќе бидат зад тебе, и звучи клише, ама навистина е така. Кога ќе бидеш сама со маж ти ќе бидеш раат. Во постпартум и ти да си највиновна, оправдано е се за мајките во овој нарјанлив период. Ама многу не го сфаќаат тоа, или забораваат. Бабите знаат да се прават поголеми мајки само со зборови, а со дела ги нема нигде. Или ако ги има, потоа маста ќе ти ја извадат. Пиј магнезиум или б комплекс( јас уште дојам и пијам, дозволено е) ќе се смириш малку.