Ако сакаш мир и да си зачуваш здравје, да треба да се мажиш ако имаш услови. Стара школа е тоа, не е од сега па да не знаеш. Во рурални градови и села сеуште стои тој назив “стара мома”, ама да не должам,не ми се објаснува. На крај имам да кажам само ништо не е оправдано се сами на себе си правиме,да не жалат,сожалуваат, и после да кукаме зошто така,зошто вака. Членката може да се заклучува во соба нема да и влегува и готово, од едно влегло од друго излегло.
Абе види услови можеш да немаш и на 60години, па да бараш пари од децата кои се осамостоиле веќе со жена/маж. И ќе ти помогнат, нормално родител. Ама потоа кога ним ќе им треба помош било каква најбанална ќе мрчиш? Значи има осамостоени и на 30, има и на 50 незнаат кај терат. Кажи треба да гледаш кај се мажиш, со партнерот да имаш разбирачка и да се подржувате. Мир некогаш немаш и кога живеете оделно, а некој е зависен од вас. И пак шлапкаат. Ама сепак не се споредува со заедничкото живеење. Раат е да си сам. Тоа е факт
По дифолт да се подразбира дека женското ќе се омажи во туѓа куќа а синот ќе донесе жена дома треба веќе да го искорениме. Не сум против живот во заедница ама сум против тоа да е женското буквално избришано штом се омажи и дека не и следува ништо, да си бара кај мажот. Многу е тажно, исто како да се откажале од едното дете. Зошто синот не оди кај бабата и дедото домазет? Што има тука погрешно? Зошто женските деца не се учат да се грижат за себе, зошто се учат да се омажи и да живее со свекрвата па после оговарај ја и замарај се со неа поголемиот дел од времето наместо да се замараш со тоа што треба. Ако се одлучиш за живот во заедница, ако си зрела знаеш дека секакви карактери има а и јаз помеѓу генерации па ќе си спремна како да поставиш јасни граници за мир да си имаш а не да губиш време да ја оговараш и да се замараш со непотребни работи. За тоа треба и поддршка од мажот ама најчесто се нема поради тие традиционални сфаќања.
А соба неможе да заклучи кај свекрва и. А од едно влегло од друго излегло,малку тешко во тој период со бебе. Ама ќе помине, се поминува
Абе лесно е да кажеш од страна, ела заклучи дс те видам. Знам како изгледа средина кај што свекрва и снаа не прават воопшто муабет, ќе треба да се искарам и очи да не си видиме. За еден месец ќе издржам, кај издржав со месеци па за уште еден ќе истрпам. Е тек ако после тоа се плетка, сака да доаѓа кога ќе и текне неповикана, тогаш друга песна, во таа куќа јас ќе кажвам не таа. Инаку да напоменам дека сакаше ќерка и со децата дс ги прати Германија на гости, не беше муабетот за неа, дека погоре имаа пишано дека сакала дс ми помогни, така да паѓа во вода тој муабет. Ако сакаш на некој да му помогниш има илјада начини, ама екскурзии кај две месечно бебе не е еден од нив
Браво за прашањето. Јас комплетно се согласувам. Никогаш не мислев дека еден ќе пишував во оваа тема, па дури мислев за што членките толку пишуват тука. Сега ќе ти одговорам. Еве маж ми е домазет, јас сум една на мајка и татко. Мајка ми почина млада за жал а јас останав со татко. Татко ми живее во странство, каде планираме да се селиме. 1година пред да се омажам живеев сама, имам завршено факултет, сама перење чистев и работев на струка Се омажив и си го зев мажот дома. Немам повеќе од 30. Останав бремена и напуштив работа дека немаше кој да ми помага. Работата која ја барав после факс и тешко ја добив пропадна. Ама фала на бога имам дете. Маж ми им праќаше дома на неговите најмалце 200е месечно додека земат пензија. И зедоа сега пред 1месец, фала на бога. И пак сум лошата оти не живеам со нив, сама сум сакала. Засега после една година да сме во криза и да си слушнам муабет дека не сум за кола, не сум ни за точак, зашто погодив една дупка со нивната луксузна кола во дворот на свекорот и свекрвата. Па дури ме бранел маж ми. Она да била на негово место, торко бил тој.
и да си слушнам муабет дека не сум за кола, не сум ни за точак, зашто погодив една дупка со нивната луксузна кола Постојат мал милион ситуации, оправдани и неоправдани, конкретно коментираме за проблемот на Цветче. Помеѓу браќа и сестри треба се еднакво да се дели па макар сто биле. Конкретно во случај на маж ми, тој не доби ништо сестрата си доби стан сама, а тој со жена и деца под кирија. Секое семејство свои филозофии, кармата за сите ќе биде иста. @Cvetce_ веќе беше еднаш дома, таа родила дете во фамилијата на мажот, треба и тука да седи и да се најде мирен компромис, ама балканските жени од подамнешно време се закоравени. Ама овие теми чинам не се за тука.
Своеволно прифаќате во заедница и послем се жалите. Зошто трчате да се мажите а немате услови и после ќе кукате по форуми.
Сите совети дадени се лесни од страна реално ама да се применат малце тешко оди. Јас мислам дека не треба да се потпаѓа под друго влијание и дека сите одлуки се само наши дали добри дали лоши.Кај мене многу помогна саркастичното однесување, живеам со свекор и свекрва со ајде да кажеме заостанати сваќања. На секое мое искачање од дома за да се прошетам во сред зима со бебе од 2 месец во блискиот парк имаше паѓање во несвес па кај ќе идеш, ќе го разболиш, седи дома под ќебе . . . итн други примери.Јас само велев да во право си така е и си ја облекував јакната и ставав зимската покривка на количката, само да се разбереме не беа минус температурите и не паѓаа пингвини во несвест. Исто и во врска со ручекот додека се воспостави лактација одбегнував храна што може да предизвика грчеви ама како ова да го објасниш на некој што и да нацрташ и обоиш со боици нема да те разбере ? Јас си правев и ручав посебно па они дали ме гледале од страна и дали превртувале очи баш ме . . . Исто и со поголемиот го учам да не седнува на маса, да си ги мести патиките на место, а од страна добивам коментар мал е остави го не ти е слуга, на што доби само едно прашање од мене дали имаше шанса да си го воспитуваш твоето дете ? Сега остави ме моето да си го воспитам. Знам дека до некаде овој начин не е во ред ама само вака можам јас да функционира.
Tvoite mislenja se zakoraveni izvini vaka. Rodila dete vo familijata na mazot? Seriozno vaka razmisluvash? Ma daj be. I ova go kazuvaat mladi lugje
А од кај знајш ти како стигнавме до тос во заедница да сме, можи куќата ми се запали па приморана бев да живеам вака, можи трудна останав па немам пари за кирија, можи во меѓувреме парите предвидени за стан се искористија за нешто друго, има еден куп причини зошто останале луѓе во заедница. Конкретно во мојот случај, се искомплицира визата, касно положив јазик, ми згрешија документи и наместо да се породам Германија заглавив тука со месеци бремена и морам да живеам со свекор и свекрва оти секој си го знај есапот дома.
Абе што се објаснуваш? На никој не му е гајле, само сеир гледаат. Сите се совршени иначе, сите се со јаки плати, големи куќи и станови, не ли знаеш?
По сѐ, изгледа ти немаш некој проблем освен твоите комплекси кон свекрвата. Ништо не е лесно,ако сакаш ќе се потрудиш ако не ќе кукаш. Тоа е.
Извини, за себе кажуваш? Инаку “немаме услови да живееме,ама сакаме дете,ќе се сменат може”. Од ова уво милион проблеми излегоа,и многу бракови,односи се расипаа. Куќите и становите кои ги спомна немаат никаква врска, мајднсетот е многу важен, како размислуваш така ќе ти свири животот.
Не знаев дека комплекс е ако се пожалиш дека свекрва ти ти се бувни на спална со се алиштата од работа, дека е комплекс да ти влегува на секое кога ќе и текне во спална ручек време, на полноќ, во 6 наутро, да ти расонува бебе дури тебе очи ти капат за спиење додека го заспиваш, да ти кажува како да го капиш, како да го облекуваш и тоа тензии да прави од тие работи, да ти наметнува мислење и да те убедува до крај за тоа, да ти претура по алишта кога не си дома, буквално да си прај како шо ќе и прдни, комплекси се ова за тебе ?
Што трошиш енергија да се објаснуваш со вакви ликови, нема да ги убедиш никогаш. Знам како ти е, мене ми беше исто ужасно со првото дете во заедница, само со мајка ми од сабајле кога ќе дојдеше се крепев малце, па и забранија да доаѓа на крај. Стисни заби, со лудаци во живот и на форум нема разбирачка, особено што крајот се гледа веќе.