Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Модернизирај ме, молим те? Читам

    Еве моите деца јас и ги родив на мајка ми и и татко ни и сестри и браќа ко за пример?

    Кај нас сеуште а и подалеку жената ја прашуваат што ќе прави со презимето, или нешто се сменило?

    Ова не значи дека ќерката треба да е фрлена од дома и заборавена и не значи дека не треба да постои домазет. Битна е слогата и мирот во домот на сите учесници во него.
     
  2. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.057
    Допаѓања:
    13.921
    A decata gi ragjash za svekrvata i za svekorot?
    Za prezimeto nikoj ne me prashal. I svoeto si go nosam. Ushte so takvi raboti se zamarate be?
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.329
    Допаѓања:
    19.143
    Девојче побара совет, тоа што знаеме даваме.
    Те молам исклучи форум, гледај си бебето , нрма поента нервозна ќе те осеќа и тоа.
    Ако немаш опција да отидеш кај твојте или во стан, батали и остај. Друг пат точно прашок ќе и дадеш и бебешкиот во регал чувај си го. За ручек мајка ти нека ти носи и така ќе ти помогнат, а ако треба и нека те пере.
    Значи седи си со бебето и кога она ќе дојде пд работа ти излегувај по 2 саати и така е убаво времето..шетај го бебето надвор не дремете во една соба.
     
    На JasBee11, DEFNEDEFO, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.787
    Допаѓања:
    7.884
    Пол:
    Женски
    Со вакви луѓе нема разбирање.
    Во очите на свекрвата (мојата) ми помагала со тоа што ќе пушти машина, а никој не и рекол, во моите очи ај што нешто испрала туку скроз поинаку ги дели и пери алиштата од мене и бар 5-6 блузи има уништено.

    Не сум и пререкла, а заслужувала во тие моменти.
    Друг ќе рече, кај ти помага уште се буниш.

    За пеглање на алишта од дете, ме нервирало, од проста причина што после ќе раскаже на сите еве кај снаата сум да и испеглам, плус ги реди пеглани скроз обратно од тоа јас што редам.
    Ама ако земам јас да испеглам алишта ми треба пола час до час. Да ги прередам односно комплетирам кое со кое е пар 5-10 минути.
    Е па кога сакаш пеглај решив. Останато време јас си сум со дете.

    А ми требаше многу време да ги ставам на игнор сите муабети, да не се нервирам оти нешто кажала.

    Плус секако е месец во прашање, вака или така ќе помине. Малку кај мајка ти, во парк со дете, кај другарки да се видиш итн.
     
    На JasBee11 и Cvetce_ им се допаѓа ова.
  5. DEFNEDEFO

    DEFNEDEFO Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2025
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    553
    Глупости сѐ. Да си замарам мозок за селој детаљ зошто не ме поштува ич не планирам, сите ти даваме објективен совет ти не прифаќаш. Ние не знаеме, ти знаеш во ред. Реално искомплексирано ми е да се замарам со жена која така била учена и нема да се смени. Ќе си го земам детето ќе отидам некаде, перела ок фала,готвела не јадам фала, идам во соба locked. Толку, нема расправии, нервози… не добиваш ништо жалејќи се тука само гураш под тепих.
     
    На Hoping и Milkiway им се допаѓа ова.
  6. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    Сакаш да кажеш дека свекрвата те примила во нејзиниот дом за да не останеш на улица и ти ја ругаш по форуми?
     
    На Hoping му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.787
    Допаѓања:
    7.884
    Пол:
    Женски
    Свекрвата не ја примила ама баш ич. Ја донесол синот т.е сопругот или се договориле од Х причини да седат тука.
    Домот е нели и од синот.

    Сигурно Цветче или било која друга не застанала на врата со куферите да се моли кај дотичната да ја прими.
     
    На Orchidea, MeowMeow, 1209 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    10.129
    Пол:
    Женски
    Свекрвата во моментов внучето си го има дома. Не знам како не разбирате.
    Замисли дете од дете. Најмило нешто. И оваа жена го донела на свет тоа дете. Најмалку што заслужува е основна почит.
    Ако не сакам да ми влегува, сакам да одморам оти цела ноќ не сум склопила око пошто бебе го мачат грчеви и единствено се смирува на цицка, најмалку што може е да ја остави на мир.
    Уште подобро и да и зготви, пошто доилка во прв месец нема време да готви а троши енергија како луда. Млеко мора да се создава, дете се храни од тоа. Ако и подаде да јаде, бебето после профитира од тоа. Не знам што не е јасно.
    И не секој има услови партнерот да е со него цел месец и да можат сите на куп да се гледаат..аман у кои утопии и замисли живеете.

    Еве никогаш не сум седела со свекрва. Кога беше бебето 4м отидовме на гости, милион пати ми влегоа во соба со цицка на мегдан. Шо треба за правам. Основна култура е значи, мајка ко се повлекува со бебе у соба или се дојат или пробува да се успие. Не мораш да влезеш ако не гори.
    Ама кој се оправил.

    @Biljarkata милион пати на мајка ми и имам речено, дека треба да е среќна што нема син. Сигурно ќе се разведел заради неа. И кај нас по протокол, прво морам да се издерам за да ме сфати сериозно. Оти нели мајка кралица она се знае.

    Свекрви они па уште навредени се осеќаат од мене (а не од синот им) оти не беа повикани кога се породив, да го земат бебето од болница и да ми помогнат :D. Исто син им им кажа дека не сакаме да дојдат, а јас крива. Оди најди им крај.
    Еднаш им рече од аеродромот да дојде само свекор ми да не земе, оти седиште за дете, да не се тесниме надзат тројцата. Дојде и она. Абе се здрвив по пат, се здрви сигурно и она ама ај оди објасни им.
    Тој еден саат ќе смени нешто. Ама затоа кога и да сме таму, последен ден кога треба да се пакувам, нив ги нема по цел ден. Поима немам кај одат. Дете ли да гледам, да хранам ли дете, јас пакувам малата вади и така.
    Ама се за децата, тоа се од љубов е.
     
    На Gosh, MeowMeow, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    799
    Допаѓања:
    3.366
    Пол:
    Женски
    Жената не е примена на гости, таа е сопруга на синов и си седи во неговата соба која сега е нивна, заедничка на неговото новосоздадено семејство.
    Проблемот тука е што или не е дочекана со мерак одлукава на младите, ама дека ставени пред свршен чин неговиве не пререкле одма, или толку си ја сметаат за нивна снаава и се нивно за заедничко. Така затоа мајкава си планира да ја прати ќерката со деца таму во нивното, дека нели и тие кај нив седат во заедничко па и тие во нивното, заедничко си планираат се заеднички.
    Тука се ќе се решело и дефинирало со добар разговор и договор од страна на синот и сопругата со неговите, ама дека тоа е скокнато единствено неа и преостанува да си постави лични граници и да не ја погодува некултурното однесување на свекрвата.
    Иако е во осетлив период и се и е измешано па го зема премногу при срце, ако ги тргне емоциите, стресот и нервозата од новата ситуација во која се наоѓа и од разочарувањето дека се не им тргнало од прва како што планирале и размислува разумно изнаоѓајќи си решенија ќе помине помирно преостанатово време во заедница.
    @Cvetce_ убаво те посоветуваа таа кога ќе дојде од работа ти веќе биди на врата да излезеш за прошетка, алиштенцата на бебето стави си ги во плакар и речи дека од сега натаму ти ќе си переш, за јадење нарачај преку достава ако имаш таму или нека ти се најде мајка ти или ако можеш сама подготви по нешто. Не се расправај и нервирај, колку можеш биди благодарна и кажи фала, стави си до знаење дека толку свекрвата умее и може или толку сака да може. Уживај си со малото, додека трепнеш времето ќе помине и ќе си заминеш кај сопругот, а во иднина убаво договарајте се двајцата и отворено разговарајте за се со неговите да немате идни недоразбирања кој, кога и каде ќе седи и доаѓа.
     
    На Mumoftwo30, JasBee11, Cvetce_ и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.995
    Допаѓања:
    24.299
    Тоа со презимето кој срање муабет е значи. Вака и мене ми збореле Оти децата идни мои утре ќе носеле презиме на мажот и неговата фамилија, таму да си го барам местото. Ај да не кажувам како ги отерав у 3 пм, ќе ме банираат тука.

    Не знам зошто сте изненадени од муабетот дека за мажење/женење треба услови. Па не знам, ваљда пошто од љубов не се живее? Ваљда пошто ако живееш со твоите, треба колку толку да пркнеш пред да се мажиш/жениш и ти да бараш решение, не околу тебе сите да трпат, ти да си го ладиш. И жими све многу ми е мило што ми е мене кажано (индиректно) дека би ме избркала ако отидам да живеам таму.
     
  11. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    1.403
    Пол:
    Женски
    Излегуваме секој ден, не по два саати туку по повеќе, скоро преку ден сум кај моите затоа што имаат голем двор па порајат сум таму, шеткаме колку што можиме оти деновиве е баш жешко на поручек. Така планирам да истуркам месец, да излегувам кога иди таа од работа и да се враќаме приквечер.
     
    На Milkiway и JasBee11 им се допаѓа ова.
  12. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    1.403
    Пол:
    Женски
    Проблем нема од нејзина страна, едноставно таков табиет е, и со сите е таква, сака секаде да е инволвирана, не знам, верувам дека некои работи ги прави ненамерно ама осет нема за многу работи, едноставно жената така си терала цел живот, така ја третирале неа и мисли дека така е правилно.
     
    На Трагедијаупмм и JasBee11 им се допаѓа ова.
  13. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    1.403
    Пол:
    Женски
    Не лупетај, тоа што сакав да го кажам ти го кажав погоре во постот, никој мене не ме прибра од улица, едноставно останавме подолго во заедница од што требаше, образложив и зошто.
    Куќата кај шо живеам не е нејзина, и таа дошла како невеста тука.
     
  14. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    799
    Допаѓања:
    3.366
    Пол:
    Женски
    Затоа не се нервирај, што и да правиш или посакуваш да се случи таа нема да се промени, убаво пиша таков табиет е.
     
    На Rozevata, Mumoftwo30, JasBee11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    1.403
    Пол:
    Женски
    Повеќе дојдов на форумов да си олеснам, оти периодов ми беше таков стресен, а не дека очекував некој да ми го реши проблемот, убо е да се прочита искуство и како останати жени се справиле во таква ситуација.
     
    На Rozevata, 1209, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    Без разлика што она дошла како невеста сепак тоа е сега нејзина куќа. Не треба да си многу паметен за да знаеш дека во заедница ретко кој има убав живот. Ако толку ти е лоша свекрвата што не одите кај твоите родители додека се преселите ? Или плаќај си кирија ама не ти се даваат пари лесно ти е таму друг плаќа сметки и на крај пак не ти чини. Има решенија ама најлесно е да се кука и друг да е виновникот.
     
  17. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    1.403
    Пол:
    Женски
    Сметките ги делиме за твое инфо.
    Колку е лесно од страна да речиш иди плаќај си кирија небаре не знајме ние, ти требаше да ни кажиш дека кирија е решението.
     
    На Orchidea, MeowMeow, Трагедијаупмм и 6 други им се допаѓа ова.
  18. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Презимето бебето го носи на татко му, освен ако не е признаено од таткото па во извод стои само мајката.

    А матичен не те прашал за презимето? Тој прашува не комшијата?
     
  19. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.057
    Допаѓања:
    13.921
    Ne razbiram sto ti e poentata so prezimeto?
     
    На Hoping му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    Отиди кај твоите родители доколку ти е толку лошо штом немаш услови за крија. Не можеш да и се тупнеш на свекрвата и по форуми да ја оговараш зошто ќерка и и доаѓа на гости. Да не треба дозвола од тебе за ќерка и дали може да дојде во нејзина куќа? Штом не сакаш да даваш пари за кирија немаш право да и кажуваш кого смее кого не смее да вика.
     
    На Hoping, Mumoftwo30, DEFNEDEFO и 1 друга личност им се допаѓа ова.