Цветче мило шо се замараш Броени денови брзо минат Ајде организирај да се извидиш со другарки пријателки братучеди роднини оти заминуваш Прај список шо ке ти треба од тука да носиш за Германија од страна лекови храна алишта за у станот нешто Извади куферот на сред соба и прај си планеви допрва ке треба да создаваш покуќнина имаш побитни работи од пуфежот на свекрвати Ако она е малоумна не биди и ти
Алооо минхен, читаш ти или како ??? Во Германија ја топори ќерка и да ми дојди мене и на сопругот уште непреселени ние, во наш стан, не во куќата тука. Ние заминуваме Октомври таа гледала карти за денот на вмро па како бил неработен ден и шо убо би било сите заедно да сме оделе. Ме читате или пристрасно или меѓу редови и коментирате.
A snaata sto sedi kaj svekrvata moze, a? Mesto da si napravi svoe se tuposala kaj sveki, ko sto velish i ti samata. Kontradiktorni ste epten.
Абе нема услови у гарсоњера И не се кане свекрвата да оде туку ја пика керка и со децата Како ке живеат у 20 25кв три деца и три возрасни Нешто коа не може не може
Снаата седи кај мажот и, не седи кај свекрва. Тој човек плаќал сметки тука, купувал храна, реновирал, и ред др работи. Зборуваме за приватност и работи кои немаат врска, и нејзина да е куќата тррба да ја трпам да ми гази со нозе по спална ? На гости ќе одиш некаде повеќе приватност ќе имаш, не се бламирајѕе со оправдување на нешто што нема оправдување
Кој да седи бре ? Ќерка и сакаше да иди со се деца, и таа утре другиден да сака да дојди на гости кога ќе имам поголем стан добродошла, ама кога ќе дојди момент и кога ќе биди повикана на гости а не да ми крои екскурзии на тек завршено леунство со мало бебе во мал стан.
Прво се изразуваш како некој без грам култура,на што личи тоа "алоо минхен" дури ми паѓа незгодно кога ги читам изразиве. Друго јас не ти зборував за тоа што таму сакаат да ти дојдат туку за тоа што се жалиш зошто доаѓа ќерка и и трето навистина е невкусно да зборуваш така за свекрвата притоа живееш во нејзиниот дом и као ајде ќе живеам да си искористам да не плаќам кирија а она не смее да ми дојде на гости.
Ете на земја ќе спиеле така ми рече кроз шала, после демек абе хотел ќе си фатат, откако поштено и реков дека нема простор за гости моментално.
Ааа извини шо се увреди. Како прво не доаѓа таа туку доаѓа ќерка и со две деца. Како второ станот е премал и нема кревети за сите. Како трето, не можиш непоканет кај никој да одиш, макар и мајка да ми е
Исто и таа, јас се понашам како да сум во туѓа куќа, не и влегувам во спална, не и затварам врата како што тука ме советуваат, а треба. Поштовам приватност и ценам кога ми помага, ама има граници до каде можи да се оди. Ако вас ви е нормално сето ова што го прават свекрви, тогаш или сте и вие свекрви или сте од оние жени, ќути трај има и полошо
Добро, што ви е вам? Ок, во туѓа куќа е. Еве, да речеме на гости. Кога ќе ви дојдат гости им се пикате во соба дури спијат, им перете ,им пеглате непобарано?
И дека сака гледала карти, нејзино право е да гледа, можеби само на гледање ќе остане. По сето ова имаш две ситуации, едната ти си со нив во заедница и те осеќаат за своја, се заедничко со твојот сопруг си го сметааат и за нивно и си сакаат да се канат, неповикани, ете така од што сметаат сте сите едно исто. Другата ситуација е за да ти стави до знаење дека не те очекувала и посакувала да живеете сите во заедница. Спомнав најверојатно со сопругот вие двајца не сте седнале и сте се договориле се со нив детално и сега е се вака хаотично. Како и да е не се нервирај пред време, на нероден Петко не крој капа, околу тоа ќе доаѓале или не. Седнете си убаво со сопругот договорете се за во иднина што како и заеднички и сложно поставувајте се спрема сите други, сега вие и детето сте најбитни едни за други, другите си се засебни целини. Те прочитав таа кажала ќе спиеле на под, па во хотел, ти си и рекла што си и рекла, а во иднина на се што ти кажува да и речеш ќе разговараме со маж ми, ќе се договориме и ќе ви кажеме што сме одлучиле. Вака си го кажуваш само својот став без да имаш поддршка и поткрепа од него и тие две те надзборуваат. Зошто воопшто влегуваш во вакви дискусии и им се објаснуваш? Знае ли твојот сопруг дека вака размислуваат и ти го зборуваат ова, што тој мисли за сето ова, разговарал тој со нив воопшто на овие теми?
Па нормално ќе го правел тоа живеел таму,нормално дека немало на 30+ години да чека мајка му да му купува храна.Тоа секако не ти дава право да се однесуваш како твоја да е куќата.