Имам седено со месеци кај другарки во странство како помлада, ниту ми влегол некој во спална ниту ми допрел нешто без прашање, пази за другарка најдобра зборам. Абе кога одиш во хотел не ти влегуваат без тропање, основна култура е тоа.
Добро. Таа дошла пред тебе, ти после неа. Што ти е гајле тебе чива е куќата и што го користиш тоа како адут да кажеш дека не е нејзина. Еве баш сега тебе ќе те нажначат за главна сопственичка и раат да си. Ај олабави малку од форумот со сите де контраш.
Не јас напротив многу му ќутам, да беше друга вратата пред носот ќе му ја затвореше, ама трпам и сум многу толерантна. Тоа што таа живее тука со години и дава за право да влегува без тропање во спална дури спијам со маж ми, дури дојам бебе. Да ми претура по алишта дури не сум дома ? За тебе ако ова е во ред тогаш немам коментар
Се си е вака како што пишуваш, ама кај другарките си била планирана и пожелна да присуствуваш исто и во хотел е така додека си културна и редовно подмируваш за престој. Во твојава ситуација или си непожелна и намерно те замара со некултурното однесување или воопшто не е така, туку како што ја опиша женава дека си е табиетлија и така си прави како со сите така и со тебе. Како и да е и вака и така нема да ја смениш, можеш само да смениш како ти ќе реагираш на сето тоа.
Извини вака ама за пи...та ми е да ми ја назначат куќата како моја, се борам за сопствена куќа, не ми треба на изволте ништо Не се контрам со сите две три сте на крст со вакви мислења
Не и дава право и што вели твојот сопруг на ова кога мајка му влегува додека спиете заедно, неповикана и без да тропне?
Него му е нормално оти така си беше учен цел живот, после откако разговаравме и му кажав што ми смета, муабетот е издржи уште малку и ќе се тргниме
[ па затоа и не треба да се живее во заедница баш поради вакви работи. Јас имам нула толеранција и никогаш не би можела да функционирам во заедница. Но сметам дека не е во ред да ја оговараш свекрвата по форуми и да очекуваш да не и доаѓа ќерка и на гисти само затоа што ти така сакаш.Ти како што сакаш така во својот дом а тука ако не ти одговара направи нешто во врска со тоа. За се има решение само очигледно ти сакаш се на готово.
Не ми е јасно како му е ова нормално? На пример сте интимни и таа си влегува како што си прави или не мора да сте интимни, еве се преосблекувате голи сте итн. како не му пречи било кој да му влегува онака? И пак тој префрлил на тебе, ти да трпиш, наместо да застане и да им објасни дека ако сте во заедница дека има граници до каде е културно и дозволено нештата да се прават, а од каде не. Утре еве пример да си купите и огромен стан и тие да ви се на гости сите дојдени тие пак ќе си прават тоа што (не)културата им налага и тој пак ќе ти вели стрпи се да си одат така?
Абе јас сметам дека кај пресно породена жена од болница изнесена со количка треба да се има разбирање и да не се оди на гости истиот ден и цела недела после тоа. Еве сега иди и баш ми прија нејзиното присуство, ќе се напиеме кафе, ќе поиграме со бебе, муабет ова она. За ова со Германија нема оправдување напишав зошто, прво без да спомни ете не мене, на синот да му спомни, плус кажав надвор памети е да каниш гости кај две месеци бебе коешто сеуште се навикнува со родителите, плус во премал стан. Кој хаос ќе бидиме ние првите месеци, туѓа земја, новороденче, уште гости мене ми фалат, не свекрва, не золва, Доналд Трамп да ми се најави со Меланија за гости не ги опулвам не друг.
Епа затоа нема да дојдат Појма немам искрено како му е нормално, и јас истото го прашав и не добив одговор.
Normalno mu bilo? Pa i ushte se zalish od svekrvata. Mazite mulinja sekogas nastrana od vakvite problemi.
Не ти е свекрвата проблемот туку мажот ти ,него му е океј а тебе како,ти е кој те прашува ќе ти вика издржи уште малце..
Во последното што си го пишала лежи целиот проблем, во брак си со личност што ти е непозната според неговите лични ставови, туѓинец да не пишам. Ама пишуваш нема да дојдат затоа што ти не сакаш, а ако сопругот за кој не ми одговори што мисли на овие теми е сложен да дојдат што тогаш? За многу работи не сте услогласени заедно и претпоставувам другиве го знаат тоа и само буцкаат и не ни планираат да ви дојдат во најдобар случај, ако не е така и до толку се и ќе ви дојдат е тек тогаш треба да се секираш.
Како така од една реченица судите дека маж и е туѓинец и дека не се компатибилни? Само затоа што мајка му влегувала у соба додека се преслака. А на 99% балкански мажи мајка му истото го прави.
Се е нормално. Членката е пресно породена жена, каде хормоните се мењат од секунда на секунда. И дојде се пожали, и да во право е.
Не, не разбра. Не е исто прва недела кај породена жена и по 4/5 недели. Првите денови не ни спиев, немав сила до тоалет да отидам а не луѓе да пречеквам, и сега е напорно со бебе ама јас сум и физички и психички подобра.