Многу луѓе немаат финасиска моќ и многу луѓе никогаш во животот нема да имаат доволно услови за семејство. По редот на работите, така би требало да биде - прво да си финансиски стабилен и да имаш свој дом па да формираш семејство. Во нашава земја овие два услови да ги исполниш е тешко само по себе заради ниските плати и високите трошоци за домување и живот, а за помладите е и уште потешко особено ако немаат финансиска помош од родителите. За жал, тоа е реалноста. Ако одиш по редот не само што може да се венчаш и да формираш семејство во постара возраст, туку може и да ти пројде возот за тоа. При тоа не мислам на стара мома муабетот и што ќе речат комшиите туку на личниот живот на индивидуата, на тоа дека некогаш љубовта не те чека исто како и твојот биолошки часовник. Свесната одлука да се обезбедиш прво финансиски и стамбено и подоцна во животот да формираш семејство (на пр. во 40-те), значи дека свесно си одлучил да бидеш постар родител (жената постара родилка), дека ги прифаќаш здраствените ризици по детето кога раѓаш првороденче над 35-та, па потоа да чуваш бебе на возраст кога ти веќе физички почнуваш да опаѓаш (извинете сите што се како мене 40+ ама знаете дека сум во право), да бидеш пократко во животот на твоето дете. Некои почнуваат скромно во бракот, прво со помош од своите, со живот во заедница па градат низ животот, се мачат и обезбедуваат. Не се парите се во животот. Децата може да живеат сосема среќно и во поскромни услови, ако имаат љубов и грижа.
Da se cudi covek. Presno porodeni zemale ozboruvaat i se karaat po forum. Jas koga bev presno porodena ne znaev glavata kade mi e, najmalku mi doshlo da pishuvam.
Јас дете не спомнав.Заедница е и двајца,во која што живееш ти моментално,со бивши партнер под ист покрив.И не ти е за депозит од 500 евра.Колку што прочитав живееш во Германија најверојатно.Или не можеш да најдеш стан,или не можеш сама да го плаќаш.Па сега мора некако да се живее,па макар и со бивши
Да се покриеш оти си контрадикторна. Ми рече како сум пиела кафе со некој што ми земал здравје а ти делеше ист покрив со човек што вербално те напаѓал, те омаловажувал и слично, значи бетер од мене. Мене ниту еднаш збор настрана ми немаат преречено, напротив ми смета оти ме тинтрат многу. Ми велиш кирија да фатам ама не ми се давале пари а ти седиш со бившиот за депозит од 500 евра, шо не фати ти кирија и барај му ги после парите на бившиот. Од кај знајш јас зошто седам во заедница, можи кредит имам на мое име за реновирање во таа куќа, ама само да брчите во теми кај шо не ви е место. По муабетот од авион се виде дека немаш ни деца ниту си во брак, плус те гледам живееш во некоја заблуда шо значи многу веројатно си максимум 30 години
Јас треба да ти објаснувам уште?! Веќе и други членки погоре објаснија на темава, дека жената оди кај мажот и не е на гости по стапувањето на брак.
Можам сама сѐ од ова што наброја, но не ме дочитуваш 500€ НА ПОКЛОН НИКОМУ НЕ ОСТАВАМ! До парите ми е! @Cvetce_ не пијам јас кафе со него, не го ни гледам, не го трпам и јадам по ресторани, истото ти го сугерирам и тебе да го правиш. Ама ти не сакаш. И во ред е, секој си прави како му одговара.
Значи за 500 евра ти со бившиот живееш а ми се чудиш мене како живеам во заедница со свекрва поради финансиски зголемени трошоци кои ги набројав. Кај мене не се 500 евра во прашање туку илјадници евра се, сега шо прајме ? Јас со бившиот не би делела ист покрив ни за 500.000 евра, и секој што го познавам нормален човек истото ќе ти го кажи. Шо бараше да фаќаш кирија со некој што не го познаваш доволно, со некој кој не ти е сопруг венчан, како рече ти шо се мажите ко немате услови.
Кај нас ја враќаат по закон со договор, за Германија не знам, не живеам таму. Тоа се ваши претпоставки
Токму така и во поскромни или поудобни услови да се растени најважното е да им е пружена доволна грижа, нега и најбитно љубов. Независно од насоките во кои заминала темава, поразително е жени да сметаат дека снаата е гостинка во туѓ дом, а тоа е домот на нејзиниот сопруг и да се потсмеваат ако таа вложувала во тој дом дека згрешила. Не е грешка да сакаш да си го подобриш и направиш поудобен животот со тоа што работиш, заработуваш и вложуваш во домот, но е грешка ако не зачувуваш материјални докази за тоа до колку си учествувала во средувањето. Животот во заедница повлекува низа привилегии, но и низа отстапки од многу нешта, но независно од се најбитни се односите што се развиваат. Од се тука напишано ми остана во глава муабетот на една членка дека кога доела сверквата дошла и рекла јас за мене си запржив пиперки и месо ти не јадеш тоа, колку е бедно жена на жена да не сака да помогне и подаде рака во најосетлив период по пресно породување. Такви моменти колку и да сакаш да ги занемариш не се забораваат, ама животот продолжува и за да е помирен најбитно е поставување граници со време или ако не оди тоа тогаш дистанца од луѓе со кои колку и да се трудиш нема разбирачка. Примарна фамилија се жена, маж и деца, се друго е помалку важно. Најважното е овие од примарнава фамилија да се поддржуваат и помагаат, а од страна ако дојде помош одлично, ако не доаѓа пак одлично и вака и така животот тера.
Епа издржи уште еден месец некако.Реалноста е дека сама си се ставила во оваа ситуација.Колку што сватив ти си останала бремена додека сте ги чекале визите.Не дека има соврешено време за раѓање,ама некои работи треба да се средат прво.Кај тебе таква е ситуацијата сега моментално не можеш ништо да сменеш.И мажот ти го обвинувм повеќе отколку свекрвата,зошто те оставил бремена да седиш со неговите
Женски ај вратете се на темава без лични навреди. Ако имате совет споделете, ако не пишете во некоја друга тема. Секое наредно мислење и однесување надвор од темава ќе биде соодветно санкционирано.
За виза имавме аплицирано одамна, со години пробвавме да дојдиме до виза, немаше друг избор сопругот освен да замини, затоа што визата ќе пропаднеше и ќе требаше после не еден месец туку со години да живееме во заедница дури да се средиме. Затоа правиме ваква жртва, за тоа дете да има подобра иднина а и ние исто така. А за тајминг на дете не ми се отвора таа тема, дете доаѓа баш во вистински момент, и убедена сум во тоа. Пред година дена имав два спонтани абортуси, ова дете ни е светлина на патот, работите конечно почнаа да се редат така како што треба, добивме виза, добивме детенце, имаме шанса конечно да ни се среди животот, само треба време и трпение.
Ти посакувам многу брзо да ти помине овој месец, се' ќе се нареди, со посакуваното бебче веќе сте на преубав почеток Игнорирај ги глупостите и во реалноста и на форумов, биди стрплива и нежна најмногу кон себе. Секаде ќе најдеш луѓе без емпатија, чии мислења се проста проекција на нивните мизерии, стравови, несигурности... Тие најдобро игнорирај ги, и запамети дека за твојот живот ТИ си експерт и ти си одговорна. Се' најдобро од срце ти посакувам.
Не можеш да планираш бебе и не можеш да планираш заминување во странство со МК пасош. За едното не знаеш кога ќе се фати, за другото не знаеш кога ќе ти се посреќи да најдеш работодавец да се нафати за документи и да дојдеш до работа. Не секогаш работите се одвиваат по план. Всушност и затоа е интересен животот. Некогаш ништо немаш, друг пат се добро ќе се случи одеднаш. А ако маж и сега не ја оставил, ќе требал да седи во МК и да останат да живеат со неговите. Да, зафркната ситуација, ама некој пат мораш да исркаш глупости, за да уживаш во благодетите. Само не знам дали е практично со толку мало бебе да се пика во авион. Имунитетот е кревок, а каква сака нека е свекрва и, има помош. Нешто што подоцна ќе го сфати многу потрагично. Но, нивен живот, нивна работа.