Ништо од помош верувај, да пуштам машина и да спрострам алишта способна сум, за ручек најмал проблем. Сопругот е многу активен во обврските, додека беше тука првите недели све тој правеше, ќе де снајдиме подобро сами 1000% сум сигурна Инаку за бебе сто пати се подумав ама одобрено од педијатар е безбедно да се чета после два месеци, има појак имунитет бебе а и вакцинирано ќе е. Скоро три ќе има кога ќе летаме.
Цветче, јас само ќе ти кажам пола септември отиде, уште малку, ситно броите. Гледај си бебче, остави се друго. Тркалото се врти, после сите лоши работи, најголемата среќа ти е во раце А вакви коментари од луѓе што не го поминале твојот пат и што мислат дека се јаде се што лета на крај памет да не ги ставаш.
А што си поразлична ти од неа, па да се исмеваш? И ти живееш со свекрва оти не ти се трошат 500 евра за кирија?
Таа се исмеваше, на крај испадна бетер од мене, јас барем знам за шо трпам, јас од старт си кажав зошто не одам под кирија, на цели огромни трошоци фали уште една кирија да плаќаме, кој има живеено во Минхен знае колкави се кириите. Мада кога ќе се подзадумам кај толку пари ми одат уште 300/400 евра ќе ги прежалев, ама тука не се работи само за пари, ако спомниме кирија ќе се навреди свеки, па плачки ке има, нејсе како шо викаат уште малку остана
Кои лоши работи ? Зошто толку преувеличување ја направивте свекрва и монструм како да е. Каде е мајка и и татко и во оваа ситуација ? Што не ја викнат дома или типично балканско семејство таму нема место за нејзе , за синчето и неговите деца и жена само.
Па кои се тие лоши работи што зборуваш? И не зборував само за тебњ општо зборував за повеќето што ја подржуваат во хејтот кон жената која се обидува да и помогне.
А зошто ти упорно ги игнорираш работите кои ги набројав за неа, дека претура по алишта, дека не ми остава да дишам и влегува нон стоп во соба, дури дојам, дури спиеме, дури се преслекувам, дури имам односи со мажот итн. Ми ја донесе комшивката да спие кај нас во дневна од на погреб, страв и било да спие дома оти почина сестра и и ја тупна кај нас, втор ден од болница дојдена, немој да ми речиш нејзина куќа кој сака ќе вика, прво кај новороденче и леунка со причина се тие 40 дена и визита е сведена на минимум, само најблиските, таа спие во дневма јас и мажот ми вечерѕа стерилизираме шишиња преку неа врвиме, кај глава не знаевме кај ние уште комшивката фалеше. Пред тој ден замина на погреб кај на зет му баба, 105 години имаше жената, се врати од погреб во црнила облечена небаре скраја да е млада невеста умре и со истоте алишта бебе ми крева, не сум мн суеверна ама малку кринџ ми беше ситуацијата, тука и мажот ми изреагира. Колку за пример кога ќерка и правеше свадба тетка нејзина ојде прво денски на погреб и ја скапаа оговарање како не чинело така, не било на арно а сега на арно беше. За грижа за бебе јас прифаќам помош ама ако истата помош ја побарам, а не да ми се плеткаш во мајчински работи, бебето го имам сама искапено само таа кога не е тука а тоа е наутро, му го реметам ритамот на бебе оти таа нема осет и сака сегде прсти да стави, како нејзино да е бебе не мое, се во множина збора, ќе го капиме бебе, ќе му го миеме газето, ќе му го миеме лицето, еј за газе и лице двајца потребни се, боже мој сачувај ме. Вчера бебе не се успиваше никако и ми влегува во соба ми вика дај да го подржиме малку да го помачиме и ќе го заспиеш, не реков сама ќе си го заспијам шо ми е работа. Ми се запна за една крема за газе да сум му ставала оти ќерка и талва користела, реков кремата ни е погодена и не ја менувам, не ставам се и сешто на бебе, премногу внимаваме на тие работи, жената десет дена ме убедува за кремата дури и се лути, ќе ја купам ми вели шо е убо убо е, ама жено имаме крема таман ни е, не ако ќе ја земам ставајте му и од неа, како на дрво да му збораш, таа си зацрта и точка. Јас му велам сега пред пола саат газе му измив кај моите, ако пак да му измиеме, не можам да сфатам шо е муабетот. Едно е помош ама друго е воздух да не ме оставаш да земам. Сите свекрви помагаат ама не се напорни како неа.
Од секогаш, ама сега е есктремна, не дека не очекува, од секогаш спомнував кога ќе се роди бебе ако претходно ни влегувала насекое во соба со бебе нема да можиме од соба да ја извадиме. Јас знам дека и е ќеф дека внуче од син, ,и не и го бранам да го милва, цело време и го носам во дневна да го подржи во раце, баш дека ќе заминуваме за брзо и нема да го гледа ама побогу треба да знај дека таа е баба а јас мајка
Па тоа сакав да кажам можеби и е кеф и сега сака се да направи затоа што заминувате и нема да го гледа секој ден.Нема лоша намера ама ете едноставно нема осет.Детето знае која е мајка за тоа не мора да се грижиш.Ќе имаш време се сама да правиш,ќе дојди и момент кај што ќе ти притреба помош.Тоа со влегувањето во соба од старт требало да кажиш дека ти смета.Како и да е ќе дојди октомври до тогаш трпение,секако друг излез немаш.
И тоа ама и повеќе од што сака да е се по нејзино и не прифаќа поинаку. Си има зацртано дека оваа куќа е нејзина сопственост и што сака ќе прави, еднаш свекор ми го слушнав кај што му вели зошто ни влегува насекое во соба, оти пешкири чуваше во нашата соба и мораше насекое да влегува, на што тој доби одговор ќе ја цитирам " а шо јас не треба демек повеќе во таа соба да влегувам" со свои уши слушнав и после и текна дека можеби ги слушнав ми вели "абе мажот ми ме искара дека ти влегувам во соба ама јас му реков е ако де не се срами таа од мене да се преслечи" одма поинаку го сврти муабетот.
Не. Сите свекрви СЕ напорни и мислат дека помагаат. Не ти вреди ни муабетот овде ни нервирањето за толку кратко време што живеете принудно заедно. Инаку имаше случаи по форумов, жени се разведуваа од ваква ,,помош,,. Значи сите свекрви се напорни, затоа си ги држиме подалеку. Особено подалеку кога имаме бебиња.
Тука требало мажот ти да изреагира и да и каже дека вас двајцата ви пречи тоа.Сега овие се последиците.Да нејзина куќа е ама и ваша соба.Мене гости ми идат седат по две недели па не сум се осудила да влезам во соба затоа што привремено е нивна.Ама сега касно е од старт се поставуваат граници.
Аман веќе од малограѓанки на кои никој не може да им забрани да идат дома кај мамичка со децата да и ги тупнат по цели денови додека сркаат кафе и дремат на инста и форум, а снаата со бебе или деца се стега у една соба. Кој и е крив, тоа не е нејзина куќа, и ако не и чини нека си ги собере парталите и дома. Исто ко они што праат де. Никој не можел да им забрани кај мамичка да одат. Да имавте три чисти ќе си ја земевте мамичка и на спа или у ресторан ќе ја однесевте, место да се редите ко сардини дома, а уште полошо кај тазе породена. Си имате своја куќа, таму терајте си одмори. И мама земете си ја. Коа веќе паламудиме кој каде треба да си седи...