Ама тие делби брат- сестра или еве брат- брат, сестра- сестра ги создаваат родителите, тоа сакам да потенцирам, поради фаворизирањето на едното дете во однос на другото. Вака како што опишуваш па и ти не си без сопствен кров над глава и имаш многу опции и алтернативи отколку да го трпиш некултурното однесување на свекрвата, што пиша е тебиетлика. Убаво е да си самостојна и создаваш, ама на сметка што ти се мачиш, некој добива се на готово и фер ли е така? Јас пример да сум брат ти и да ја гледам и следам сета твоја сага, од странство се сама колку тргаш маки, па мене жал би ми било кога би знаел како брат дека сестра ми нема ден раат од свекрвата и е принудена постојано по улици со мало да шета или да прави иди ми дојди ми од свекрва до мама, ама секој со својот осет. Сепак убаво пиша една членка ваш живот, ваши одлуки, ама сите се трудиме да ти објасниме дека свекрвата не ти е виновна, или е манипулаативна и намерно прави така или е табиетлика и ненамерно е таква, ама како и да е има моќ врз маж ти пред се што нема муда да и пререче и постави граници и ја злоупотребува таа моќ како врз него така и врз тебе. Решението ви е побрзо во странство и поставување граници и некоја си дистанца дека како што е таква глумица со притисокот и се, а маж ти и потпаѓа под влијание, можеби и таму да ви прави непријатни ситуации, ама ваше е колку ќе и дозволите и до каде да оди и сега и кога ќе се преселите.
Ако не било прво од старт поделено, нема што утре јас да подавам рака. Нив не им било гајле за мене, зошто мене да ми биде за нив? Јас подавам рака на луѓе што биле фер со мене, не оти ми биле фамилија
Жено божја, оди допри маче кое дои мали мачиња да видиш што ќе ти направи. Не знам зошто ви е тешко да разберете колку и е тешко на една жена кога ќе се породи. Посебно ќе го нагласам тоа што членката имала два спонтани пред ова бебе, и дај боже никој да не осети после такви трауми како е да земеш бебе во раце. И се ќе и падне на памет, и се ќе зборува и се МОРА да и се прости. Тука зборуваме за пост породилен период, кај што сите знаат да зборуваат ама ти имаш други мисли во глава. И не секој исто го поминува тој период. Еве јас имам свекрва која ви посакувам да ја имате сите, злато од жена. Исто така имав две неуспешни бремености и силна желба за дете. Кога се породив по една недела ручавме долу и син ми заспа, ми рекоа остави го нека спие тука качи се одмори се и ти, кога ќе се разбуди ќе ти го качам. Се качив горе и плачев еден час со липање и стегање во гради бидеќи имав чувство дека ми го зедоа детето, а ништо лошо не ми рекоа. Да ме прашаше тогаш мислев дека го присвои син ми. Како да ви кажам, тоа се помешани хормони во таков период. Жената можеби и нема лоша намера, ете членката е во осетлив период. За подобра иднина во најранливиот период од животот сопругот прави жртва, таа исто така и ти ќе и паметуваш? Манете се жени божји од темава кога немате никакво искуство и само лупетате во празно.
И да ти поделат, со вакво мислење ако си во тесно ќе ги избркаш родителите за твоја комоција. Ама јас и брат ми не се гледаме материјално, јас ако имам некој проблем секогаш ми подава рака, оти така сме воспитани.
Какво мислење? Дека сакам да сум замисли ЕДНАКВО третирана со брат, сестра...? Некогаш материјалното кажува колку некој те цени. Ако дојдеш кај мене на гости и на сите им дадам чоколадо, а на тебе не, ќе помислиш ли дека нешто лошо мислам за тебе и затоа не сакам да ти дадам? Фала богу да. Не е до чоколадото, до почитта е. Ако те третирам подолу од другите, значи не те почитувам. Ако него му дале спрат, а мене таквото, значи не ме сакаат. А рака подавам и на животно на улица, и на човек што сметам дека заслужил.
Снаата и синот треба да се благодарни што родителите им дозволиле да живеат таму. Фино лепо може да им речат одете под кирија. Знам и за такви случаи. Ако на снаата и прели што золвата доаѓа да си ги види родителите, се знае кое е решението. Ма какво живеење во заедница. Ако сакаш мир, што подалеку.
А што ако е двособен стан и тој ќе ви го делат после смртта? И братот/сестрата на кратко одлучуваат да се стегнат таму додека ги остварат целите? Ќе ги избркате? Или ако веќе си била “способна” имаш свој дом, куферот под тебе туп еве ме. Како само едното дете таму да се стега, еве ме сега дојдов оти не мислите на мене. Значи зборувам за нормално семејство, и фактот кај живееме со колкава можност. Аман не може секој да има можност за се, да плаќа кирија, да штеди за свое и да живее во меѓувреме. Не знам кај живеете со толку розева слика, просветлете ме.
Znaesh kako? Kje se prodade po smrtta toj stan i kje se podelat parite i potoa so plus svoi pari kje si kupi sekoj svoj stan. Ili za drugo kje se cuvaat parite, moze i taka. Ama lesno e bratot da se shiri na gotovo, a sestrata da sozdade svoe. Zasto vo nashava drzava bratot se graba se da nasledi I na gotovo.
Neka misli i bratot be. Neka se odvoi, maz li e sto li e... E taka. Ako ne me zali on mene, ni jas ne zalam.
Ако е двособен, стан никому ништо. Јас сама со мажот, ама и братот сам со жена му си прават свое. Од родителите од старт треба да е исто поделено, а после кој како ќе му иде, тоа е друго. Да, не се често идеални можностите. Ама овде збориме родителите исто да ви дадат.
А темава нели е свекрви и снаи.Сега почнаа поделби браќа сестри.Јас не знам што се мешате кој како се поделил.Секој во свој двор нека си гледа и дома нека си дели.
Или во превод, ако страдам јас ќе страдаш и ти со мене, браво бе, на многу убави вредности ве научиле од мали.
Da, taka e. Ako te pravi toa posrekjna misli si taka. Od moite si zemam, nemu apsolutno nisto ne mu baram.
А и во некои случаи е прашање дали воопшто ќе се деси. Со потпишување договор за издршка можно е едното дете да си добие се, другово прстот во уста и најчесто женското е вака изиграно, ама и дека се свесни за ова, па и многу женски си се помируваат со ваквата наметната реалност. Јас потполно те сфатив што сакаш да кажеш за фер односи брат- сестра спомна во твојот случај, ама во случајов на членкава тоа не постои. И пишав јас да сум и брат и ја гледам како се мачи по улици или по гости постојано ќе си размислам низ што минува сестра ми, дали сум фер кон неа, дали како фамилија сме и поддршка. Сигурно со мајка и разговара, се отворила низ што минува, мал стан се слуша, а и да не слушнале па гледаат колку време седи таму, се прашале тие луѓе сигурно низ што поминува па да прави таа вака, живот по улици и наваму-натаму. Иако таа вели не сака да им се наметнува, ама па да седи каде што нема право на глас за одгледувањето на сопственото дете ми е несфатливо. Сепак можеби па и нејзините си велат старата куќа што очигледно не е во состојба да се живее во неа, дека ако е зошто таа би седела каде што е под стрес, за ќерката, оваа во која се живее за синот и си седат со мирна и чиста совест, додека женското како и да го вртиш или сучиш е изиграно од сам старт. Башка што цел живот сама се мачела и создавала во странство, а бете си уживкал домче. Се е до родителите или ќе креираат нормално семејство или дисфункционално.
Најде на кого да кажуваш за мачка со мали. Имам право на слобода и говор, каде сакам и колку сакам. Мавни се ти од мене и мојот решен проблем, не ми соли памет како треба грото сте сами свесни за се. Врти сучи живот во заедница е најголема животна грешка.
Не, свекрвата треба да е пресреќна што има можност секојдневно да поминува време со снаата и внучето, кои набргу ќе се отселат и после нема да има прилика да ги види со месеци. Не знам како некогаш не разбирате која привилегија е, децата да ти се низ куќа и да не си сам. Младите многу често можат без родителите, способни се и независни. Ако по некоја случајност ќерка ми треба да остане кај мене, па и после пораѓај, ој најмалку што можам е да сум преблагодарна за тој момент. Почит и разбирање треба од двете страни. На своето помагаш, не на непознат. Оти шо ќе им биде на свекрвите ако пробаат да не се надмудруваат со снаите на пример?