Фала Богу моите не работат за минималец, ниту имам брат дадов само пример што би било кога би било. Да така е, ама во случај братот да сака да живее во заедница. Не би барала соба, да е куќа е друго.
Па во овој случај и јас ќе барам да живеам во заедница. Не планирам да се мажам/селам само за да ослободам простор.
Леле бе, дај бркајте дечковци нешто, не туку расправајте хипотетички браќа, свекрви, двособни станови и имањЕ на трет крак. Ниво на интелектуална дебата-во тема ,,за свекрвските работи,,
Абе сите тука се силите ама колку на дело ќе донесете домазет и кој ќе ви ја трпи цела злоба што ја имате насобирано јас не знам.
Јас па многу од коментарите не ги гледам, знаеш зошто? На игнор ми се, сигурно голем “впечаток” ми оставиле од по другите теми. И јас сум скоро породена, па се најдов изиритирана да искоментирам.
И шо ако имаш родено ?? Сите жени исти се ? Сите жени исто поминале на пороѓај, во иста ситуација сме биле ? Кај реков јас дека сум во постпородилна депресија просветли ме, реков само дека не е за занемарување постпородилната депресија. Од мува слон рече и остана жива, срам сте бе, жени сте И другарка ми роди три деца и со сите три мака не виде, си спиеа, на формула сите три, таа наспана, сите среќни весели.
Не знам што е ова, некој вирус во последно време на темава- прво 30+ страни една се караше со сите, сега сигурно 20 страни и се сипаа на членкава (привремено во заедница, привремено наапана на свекрвата). Да фатам да се сокријам, дур не ме фатил вирусот
Јас само сакам еден пример да ми посочат кај што братот се тргнал настрана оти нема место и за сестрата, онака од солидарност, еден таков и одма сега се пакувам и утре одам го селам брат ми со се партали. Значи не зборам за да се тргнал настрана оти сака приватност и комфорт туку стрикно да си рекол еј штом за сестра нема место бегам и јас од тука.
@Cvetce_ еден заклучок од мене. Дај им уште малку материјал за дрдорење и побргу ќе ти помине времето. Ќе се изначиташ се и сешто, ќе ти биде весело додека да тргнеш. Ама под услов да не се нервираш на сите глупости што се пишуваат тука. Слободно карај се тука , ќе ти излезе негативната енергија и ќе немаш сила да се караш со свекрвати. Туку направи си и едно календарче како порано во војска и прецртувај денови. Кога ќе гледаш како се намалуваат полесно ќе ти биде.
Јас знам пример колега мој бивши живееше во заедница.Сестрата негова се разведе,тој и неговата сопруга се преселија а сестрата остана кај нејзините родители.Си изградија куќа.Е сага дали со помош од некој,кредит итн не знам нивна работа.Ама да се отсели
Ама се отсели оти практично сестрата ќе останеше на улица, ќе требаше таа сама да се снаоѓа, зборам за ако сестрата си живее во туѓа куќа и братот да се отсели затоа што нема место и за сестрата во куќата на родителите
Па живееше во куќата кај мажот(сега бивши).Зошто да остане на улица кога има родители и брат.Се врати дома.Заради комоција и поддршка се отсели братот со жената и дете. Како и да е со слога секоја ситуација има решение.Во животот не можеш да ставиш вага кој колку добил,идат секакви ситуации.Битна е поддршката
Јас и те прашав во случај на развод женсково каде да оди и не ми одговори. Сега сосем случајно си пишала и искрено не можам да се изначудам како тоа таа на улица? Таа си се враќа во домот на родителите и брат и какви улици, а ако може сама да си создаде свое и се снајде, одлично тогаш со се бате секој во свој дом. Немојте да го потценувате женското, не живејте во наметната реалност и немојте како родителите исто да двоите по пол, грев е пишаа веќе за ова.
Нормално дека во случај на развод женското си се враќа дома, муабетот го кажав во конотација дека освен домата кај нејзините нема друг дом, затоа напишав на улица.