да мими е во право и мене мојата баба ме гнетеше само со крем и мармалад, зошто јас само тоа сакав и долги години бев анемична, па едвај ме оправија со котек
Ај да ви раскажам една тазе случка. Веќе пишував дека мајка му е испотресена за неговото здравје и како се храни. Си седиме кај него во соба. И ова она се закачаме нешто. И сега немавме намера нешто да се случува, ама она опуштени нели. Башка разгаламени, се смееве нешто, а он соблечен без маица. И одеднаш влегува мајка му и ние двајцата вака . И му вика што си без маица, ладничко е. И овој вика, абе имам нешто на грбот да види ајде излези. Она вика дај јас да видам, што е тоа те боли ли. и стои, и он и вика ајде излези, ништо не е. И она не излегувам дур не ми кажеш, мене ми се обраќа, ај кажи ми ти, он нема. И сега стојам, пуста жена , што да и кажам, нема ништо, само влегуваш на сред романтика затоа син ти е гол ама ајде стара жена, од што се насеќира да не има некоја болест синот, не сфати во што влета.
I te kako e ova problem nad problemite.Ne znachi ako ti pomaga okolu decata(neli vo zaednica)da znachi da odmaga?Zoshto dozvoluvash kako roditel na tie deca svesno,drug da rakovodi za nivnoto zdravje?Pa shto ako se zhivee vo zaednica??Zarem ke gi trupa so nezdrava hrana?Neznam kako do sega ne si izreagirala okolu hranata? Eve sega ,bidejki spomena ke trgnesh na rabota,odvecher spremaj im hrana na decata za sekoe posebno (kolichinski)i kako shto i gi predavash decava pred da trgnesh daj i ja hranata za site tri,so napomena bez nikakvi ostapki i tolku,ako vidish deka se ushte si tera po nejzino ,ondak deca u gradinka(pomirna dusha) chista smetka dolga ljubov
И мене ово би ми представувало реален проблем доколку постојано се случува. Начинот на исхраната на детето е одлука на родителите а не бабата, за ово треба да разговараш со сопругот па тој да си се разбере со мајка му, значи од него да потегне иницијативата а не да и кажува како на тебе ти смета тоа што дава благо, туку дека на него му смета. Во зависност од годините на децата тук, таму не би требало да им смета некое чоколадче ама ако е секојдневна појава а и против вашата замисла за исхраната на децата, тогаш да, тоа е проблем. Помошта не треба да биде условена, секоја желба на родителите во однос на воспитувањето треба да е максимално испочитувана, таа помош е не условена.
фала за советите. Си готвам јас за децата посебно затоа што нели, штом сум решила да бидам мајка, со тоа видат и големи обврски.Она знае да ми подметне нешто кога ги оставам, ама скришно, мене ми кажува дека што сум кажала-тоа дала а јас сум ко детектив , им мирисам здивот на децата, гледам извалканото на блузите, го лижнувам да видам од што е Се надевам ке види дека се трудам и ке ми попушти. А ако некаде излезиме со мм (а ретко излегувме без деца) јас им оставам јадење, никогаш не сум излегла никаде без претходно да се осигурам дека сите имаат што да јадат. Е сега, она е строга и ми е страв од неа, мм знае да се скара со неа често меѓутоа нели мајка му е па и брзо се смируваат. Јас имам многу страв од неа, паметна е и ми е страв да не излезам на крај јас лошата. Нели, демек ми помага и се па јас незадоволна снаа. Затоа и си кутам, и како би се рекло - бројам до три пред да преземам нешто
Во однос на исхраната на децата и јас сметам дека родителите треба да го имаат главниот збор. Но исто така сметам дека повремено давање на благи работи од страна на бабата (свекрвата) не е воопшто толку голем проблем. Да се разбереме, сите сме биле деца и сме сакале чоколади, чоко бананчиња и други дребулии (благи и солени) кои ама по ништо не може да се сврстат во здрава храна или замена за оброк. И сметам дека воопшто не е проблем доколку бабата (за да биде супер бабичка ) му удоволи на детето, одвреме-навреме, и му подаде по нешто од „забранетото овошје“. Јатрва ми така строго ја држеше малата, што беше ја научила НИШТО да не зема од свекор ми и од свекрва ми. Тоа беше до таа мера што ни овошје не сакаше да земе девојчето ни ништо. Се случуваше да ни улета дома за време на ручек или вечера, и така жално гледаше со очичките како децата од Африка. Далеку од тоа дека е неухранета (дури и дебелка е, со оглед на тоа што мајка и‘ „не и‘ дава“ да јаде благи работи и други дребулии). Ако ја понудиме од тоа што јадеме, девојчето бегаше дома, за да не го прекрши зборот на мајка и‘, а да не ја понудиме - не‘ гледа гладно и тажно, никако не е. Затоа мајќи, малку олабавете, доколку се работи за повремено нудење на „забранети јадења“. А доколку се работи за постојана појава, тогаш само тактички и со договор, но договор со возрасните, а не карање на детето: „кај баба и дедо, ништо да не си јадела!“ И уште нешто, LadyMac, моментално чуваш сама три мали деца и велиш дека ти треба помош. А понатаму планираш да одиш на работа и да и‘ ги оставиш децата на свекрвата да ги чува. Како ќе ги чува таа (постара жена) три мали деца без помош? Се надевам планираш барем две деца (поголемите) да ги пратиш во градинка, и ете, проблем решен (во однос на исхраната). Што не значи дека во градинка не даваат благи работи.
јас моите свекор и свекрва до скоро не само што ги почитував туку и ги сакав, но од скоро тоа не е така.. сакаа да ги викам мамо и тато, ајде добро, ги викам, иако синот ги вика на име... кога се породив доаѓаше мајка ми првите 2 недели и ми помагаше во се, но жената оди на работа, станува рано во 4, има тешка работа и кога и заврши одморот почна свекрвата да доаѓа. правеше ручек, ми помагаше околу бебето. кога потпорасна бебето, таква помош и не ми тербаше повеќе, но мн се нервирав со мм што сите алишта му беа расфрлани по сите соби, висеа по столици и маси, ѓубре му текнуваше да фрла во 3 дена еднаш и тоа ако го потсетам. сето тоа страшно ми одеше на нерви, јас цела ноќ дојам, ненаспана, ручек да направам па уште и неговите работи да му ги раскревам. ме фати инает и не кревав негово ништо. кога ќе дојдеше свекрвата и беше криво што не сум му ги дигнала алиштата, јас и кажував дека на мм сум му кажала ако нешто е за перење да се става во корпа во купатило, а алиштата што не ги носи наместо на стол да ги става во плакар.во едно кафе пиење и се пожалив како јас немам две деца, туку едно, како ми е тешко, како синот нејзин ништо по дома не помага, како јас сметки трчам со бебето да платам оти ќе ми исклучат и струја и све, а таа кога ми се нафрли, ми вика вие сте исти двајцата, јас сум требала под мишка да му ги мирисам алиштата и ако се за перење јас да ги ставам за перење. синчето нејзино е мамина маза, има 40 години, создал семејство, не да го искара она мене ми се нафрли.. секој родител си ги сака децата ама нивната љубов е таква што не сака ништо да признае за синот нејзин. моите ако сум грешела ќе ме искараат, но свекрвава збор не дава да се каже на синот. оттука мн ми одмиле. свекорот пак неа во се дома и помага, од ручек, од чистење се заедно, кога и кажувам за тоа, она ми вика млад дур беше не ми помагаше.... сега почнав на две недели жена да си викам, да ми чисти, со маж ми на убаво му објаснив се да си става на свое место, засега е ок, ќе видиме дали ќе трае и во иднина.. како и да е, свекрвата и свекорот не ја заслужуваат повеќе сета моја добрина што им ја давав...
Очигледно не си видела полоши работи па затоа заради ова свекорот и свекрвата велиш дека не ја заслужувале твојата добрина.Па нормално е дека ќе го брани шо очекуваш ти,не викам дека е во право ама некои мајки се такви што ќе им правиш,ти твојата добрина треба да ја делиш или не во односот спрема тебе од нивна страна........ем си настрана ем си имаш помош од нивна страна,што уште сакаш.Верувај ми има многу полоши работи од оваа твојава темава не е само за да пишеш нешто колку да се пиши дека и мене или тебе не ти чини свекрвата. Секое добро не сакав да те навредам со моево мислење ама пак ќе кажам твоите проблеми во споредба со оние тешки проблеми што ги имаат некои со свекрвите и свекорите би рекла по старски дека се мачкина кашлица
Taka e не викам не,ама кога си доживеал нешто полошо и за вакво нешто кога ќе прочиташ само ќе се насмевниш и ќе си речиш како мене некој ваков не ми се паднал ...........што не мора да значи дека пак немало да го споменуваш по постови
Те разбирам ама од свекрва ти поддршка нема да добиеш тоа да си сигурна, не и се жали. Ако ти пререче нешто за хигиената речи и дека правиш се што можеш и дека толку постигнуваш. Мојата со бебе од 3 недели ми викаше дека прозорите ми биле за бришење. И јас ни две ни три и реков мене не ми сметаат на кого му смета нека засука ракави и нека ги исчисти. Веќе ништо не ми рече. Сега кога доаѓа на ќерка ми и вика леле колку си растурила играчките ти се на сите страни. И јас не реагирам, ако викам нека си игра мама кога ќе стигне ќе раскрене и крај на муабетот.
Си се пожалила на погрешен човек. Со свекрва не се зборува за такви работи, ќе почнеш прво за првата комшивка како не ја гледаш, па како комшијата секој ден оди на работа во исто време....СДК дека со неа се прават ,,бош,, муабети а со мажот се кршат копја и кревет
Џабе, не очекувај поддршка од мајка му или уште помалку она нешто да му раче. Не ја инволвирај многу во вашите интерни проблеми, поубаво е да си стои по страна. А проблемот со мажот ќе си го решаваш, него ќе го подбереш. Еден вид на решение веќе имаш, жена на чистење, ако можеш да си ја дозволиш нека доаѓа бар дур ти е мало детенцето.
Нема тука објективност. Она можеби ќе си го скара синот, насамо, ама ретко ќе дозволи некој друг да му наоѓа маани, особено не снаата. Кај многу се јавува моментот „Која е она да ме учи мене каков е син ми?“ или пак ќе го сфати како наоѓање маана за тоа како таа го воспитала. Едноставно се сфаќа како удар и на ова со убаво ретко ќе се одговори. Особено од мајка. Не од шо е толку голема работава, туку затоа што постапкава е навистина чудна. И јас би останала затечена во ваква ситуација сигурно. danichap имаше еден многу убав пример дадено, демек нејзините може да и` кажат за тоа што знае/не знае да прави, а друг кога би кажал, очи би му извадиле. Едноставно, колку и да е добронамерно, ретко се толкува како такво.
Абе нормално е со мало дете да е домот хаотичен . Додуша додека се бебиња мали греотка е да ги кривиме за нередот. Керками сеа ако е мирна и не и слушам глас сигурно прави некоја беља . Као пример денес сите крпи ги извадила од шкафче Ти драга kammam не треба да и се жалиш на свекрвати , нема ни да те свати ни да ти даде асален совет. Сепак мајка му е на мт. Биди благодарна што ете колку толку ти се наогала на почетокот со бебето ! Јас исто на почетокот знаев да се пожалам како не постигнувам се ... и дете и дом! Па на крај добив и убав одговор! Ту па само се жалиш така да .. шо друго да кажам незнам ни јас што одговор очекував ! Друго е мајка, друго е свекрва! Сега се гледаме еднаш во неделата , и тоа вторник тогаш има слобдно време , и сака да ги искористи со внуката ! Или идеме кај неа или некаде идеме да прошетаме со детево ! Односот ни е коректен ! Околу детето и негово одгледување и растење имаме тотално различни мислења , и тука не се ни рчкаме , сепак таа е Баба а јас Мајка !
Морам да те цитирам бидејќи се пронаоѓам тука некаде. Моето бебе е мало 6 месеци и не станува збор за давање чоколатциња туку нешто друго. Еве еден пример: Пред некој ден сакаше да прави компот од сливи наменет само за Матеј, ние да не го пиеме. Јас и викам ако е само за него нема потреба шеќер да се става и она ми вика ама како без шеќер нема да биде убаво. Јас на тоа и враќам дека уште е мало и какво ќе му дадеш такво ќе пие, ако толку сакаш шеќер ќе купиме кафеав шеќер. Не тој бил скап немало потреба. После тоа сабајлето ми вика јас ставив по една лажица шеќер . И на крај кога го пробавме не да беше невкусно, за никаде. Има уште многу случки како на пример ми се меша сол да ставам во кашите, што нема потреба. Баш вчера му дала малку банана ( не сакам да му давам банана бидејќи има тврда столица) бидејќи гледал тажно како јаде она . Уффф ќе пукнам, ама барем се олеснив
ве читам со проблемите со свеKривите храна на внуци,нехигиена кај синот...тоа е е кај мене не се сруши зидот ама се сруши маската од лицето на свекорот и свекрвата . почнавме со мажот да реновираме по постоечкиот нивни стан,малку по малку сопче по сопче,они ко демек помагаа(одмагаа)ама тоа е,ако сам не си помогнеш нема кој друг,ама мајстори по дома +во комшии градат куќа и бучно е и со цел памет мене ми велат ај денски седете си во станчето на другиот ни син и така тој не е тука и не го користи а вие раат ќе сте (како да седиш во туѓа куќа а таму ништо свое за употреба....) и така натака стигнавме до моментот син им да рече сакаме под наем стан и татко му ко од пушка не е проблем јас ќе ти купам сине тебе на твое име доколку жена ти потпише дека се откажува од дел во случај на развод всушност знам дека сакаат да се заштитат,нормално е тоа но сепак дали е баш толку нормално?
И ја би сакала да се заштитам од снаа која толку мисли на станови и реновирање на нешто што не го створила таа ниту маж и`...што мене искрено ми е помалку нормално од нивната загриженост и желба да се заштитат. Докажи им дека си повредна од нив и дека не ти е дојдено до нивните станови и имоти и потпиши дека се откажуваш. Така највеќе ќе ги понижиш, ќе се спасите од маките во врска со тоа да седите во туѓо додека реновирате, а и кај мт ќе добиеш многу поени.
За болдот: Не да е нормално туку според мене ептен нормално, само голема грешка е што не направиле така пред да стапите во брак. Додуше ако му го даде како поклон на синот ти пак нема да имаш право на станот, туку твоите деца и тоа доколку така одлучи маж ти односно носителот на станот. Свестете се дека никој па ни сопствените родители не се должни да ви купуваат станови, да ви чуваат деца. Сакате брак, еве ви брак. А не да си играте куќа и маж и жена а свекрви да ви чуваат деца, да ви готват да ви чистат. Не драги мои снаички, и во заедница да сте и сами да сте бракот е ваш, одговорностите се ваши, ако не сте кадарни тогаш не се мажете !!!