Повеќе би се насекирала оти синчето нејзино исто се однесувало према тебе. Џанам во брак сте, ќе се лути и ќе ќути? Каква комуникација имате во бракот?
Не мешај синови сега. Проблем е секогаш свекрвата, а тој до златниот меѓу нозе е златен, мирен, не се меша он меѓу мама и жената.
Па тој и не се меша никогаш, а не е прв пат ова вака да се случе ми вели карајте се што сакате правете, јас ништо не можам.. Комуникација никаква, исти се и двајцата ќе се налутат и не можиш да припариш до нив.. Па мисли дали ова или она смета. На мм пред некој ден го прашав што му е ми вели не знам за што зборуваш.. па и луд ќе те направат.. А неа и да ја прашам, не верувам дека ќе каже, може само да зине да се дере на мене, тука сила така се покажува...
А извини вака. Зошто седиш таму? Очигледно дека не ти е убаво и сјајно. И очигледно дека немаш комуникација и брачен живот со маж ти.
Нема што да ја прашуваш нејзе, го седнуваш мажот ти и разговараш со него. Проблемот ти е со него, не со неа. Караниците со свекрвата ќе ги прекинеш, ќе бидеш на дистанца, ако ти зборува, кажи само добро и терај си по свое. Свекрвите секогаш ќе зборуваат, нели тоа им е работа. Мажот ти очигледно не знае кое му е примарно семејство и кој треба да има приоритет во неговиот живот. Поработи на комуникацијата, објасни му некои работи, значи не да ти вели дека си умислуваш, туку обиди се да те ислуша без да се карате. Без добра комуникација нема успешен брак. Ако не те слуша, ти противречи или те прави луда, јасно е како треба понатаму.
Со свеки не сме се ни скарале сиве овие години, се јас сум таа што премолчува, претрпува а иако не го заслужуваат тоа. Со мм од почеток тој изгради таков став направи да се плашам од него, тогаш бев дете уште, не знаев како треба, мислев нормално е така да е. И верувате ли дека што и да ми сметаше јас не можев уста да отворам да кажам, иако сакав ама како кнедла да имав и одма солзите течеа. Тој мислеше оти ми е глума сето тоа, но стварно не беше и оттука произлезе да немаме комуникација. Ама веќе не сум тоа дете, розовите окалца паднаа, сеуште се борам со тоа да отворам уста и јасно да кажам што мислам и пополека успевам во тоа. Стравот е сеуште присутен, но, не во таа мера.. Инаку ептен е поврзан со неговите, одамна му имам кажано да си одиме, ама не и не. Секогаш вика дека и на него му било преку глава од се и дека така ако продолжело ќе сме си заминале, ама тој ден никако да дојде, само на зборови е силен... Ме плаше тој страв од непознатото, немам каде да одам и постојано мислам ќе се снајдам ли некако.. Без работа, без скршен денар и затоа стравот ме преовладува... Јас овој дом одамна не го осеќам како свој, мирот овде одамна не напушти, ми фале уште таа трошка храброст ама мислам каде и да е ќе ја соберам. Научив дека љубовта не треба да боли, иако мм постојано спротивното ме уверува, ама штом боли не е ни љубов, нели?
А и тие неколкупати што сум се жалела од неговите, тој одма искри фрлал. И одма од тебе у нервоза ме удри, па ќе каже нешто да ги одбрани или ќе рече оти не им кажеш ним туку мене ми кажуваш. Малку ќе се потуре накај мене и тука завршува се ..
1. Има ли некој работа за плата во таа куќа или сите работите земјоделие? 2. Колку е далеку најблискиот град? 3. Што му е преку глава и каде би заминале (во хипотетичко сценарио)? Не мора многу лични детали, општи одговори се доволни. Реално, нормално мажот ти ќе биде прврзан кон неговите ако никогаш не се осамостоил. Тешко одат тие работи, него се му е погодено, ти немаш сила да влечеш за двајца или повеќе...И нормално, бесплатна работна сила си им а друг е газда.
Не, никако не треба љубовта да боли. Треба да си имате разбирање и слога. Тој не е компетентен маж, сопруг во твојов случај. Но тоа не значи дека не може да се промени ако не разговарате и заеднички барате решение. Тешко е под заеднички покрив со останати членови како мајки и татковци на сопружниците. И тоа што вели ти да си го решиш проблемот се гледа дека не е зрел. Што се однесува до започнување нешто ново и сама, тоа и да не е лесно во нашата држава особено ако имате деца. Нема подршка од институции, во тој случај ќе ти треба подршка од твојата фамилија. Но секако ако си вредна и работлива нема да имаш зима.
Од земјоделие живееме, деца немаме, на работа не одам поради тоа што немало потреба според него, но реално има и тоа голема потреба. А и повеќе од љубомора од негова страна. Сите вие што не зависните од никого алал вера Можеби не сте ни свесни колкав раат е тоа.. Мислам дека не е од тие што би се промениле, тој никогаш не гледа грешка во него, постојано друг е крив.. Од градот сме оддалечени 30км, за заминување вели странство, "божем". А потполно си во право за тоа дека нему се му е погодено, токму поради тоа и не ме разбира и појма нема како се чувствувам..
Дали имаш каде да се вратиш? Не се мачи да бидеш во ваков брак. Барај работа во град и штом немате деца уште полесно да го оставиш.
Леле жено, кога ќе ти завртам една лева и една десна..... Деца немаш и му стоиш таму во тоа селото да те кичмат по нивите, да те навредуваат неговите а он да те користи само за секс..... Е извини, вака не сум се испонашала спрема никоја членка, ете ти ќе бидеш првата, ама сама си крива. Сама си одлучила да живееш во 15ти век. Абе собери парталите и да те нема бре, оди живот живеј а не слуга да бидеш.....
@Buttermilk Во брак не треба да ома страв од никој, најмалку од сопругот. Очигледно си премлада, ама спакувај се и оди си дома. Ќе почнеш да работиш ќе запознаеш луѓе. Не си го уништувај животот ни твојот и утре на деца. Нема да бидеш ни прва ни последна разведена, не е веќе 19ти век. И ќе се снајдеш и ќе успееш и ќе си најдеш соодветен партнер во иднина.
Те удрил и ти си пак уште со него? Како бе си дозволувате така. Зошто не се вработиш? Никогаш не смее да се дозволи да се биде финансиски зависен од никого.