@Buttermilk Во брак не треба да ома страв од никој, најмалку од сопругот. Очигледно си премлада, ама спакувај се и оди си дома. Ќе почнеш да работиш ќе запознаеш луѓе. Не си го уништувај животот ни твојот и утре на деца. Нема да бидеш ни прва ни последна разведена, не е веќе 19ти век. И ќе се снајдеш и ќе успееш и ќе си најдеш соодветен партнер во иднина.
Те удрил и ти си пак уште со него? Како бе си дозволувате така. Зошто не се вработиш? Никогаш не смее да се дозволи да се биде финансиски зависен од никого.
Не ми е јасно, имаш пристап до интернет, здрава, права,паметна, 2025та е девојче... Батали ги, за твое добро, они нека седат затворени у 15 век ти допрва ќе си го изградиш животот. Ти посакувам среќа
Боље би цркнала работејќи, пробувајќи да сум финансиски независна, него ли да чекам друг да ме рани, али затоа нечиј малокурец шо е уште на цицка и не може од мајка му да се оддели, рака да крева на мене. Попрво моите раце ќе се скршат од работа, него ли неговите од мене. Не знам како не ви е срам млади, прави и здрави да не работите ништо што ви носи приход, оти финансиска независност е пола здравје, ако не и цело, само да си ги реализирате фетишите за жени домаќинки од 15-ти век? И да, не ни знам зошто воопшто во насловот се спомнуваат некои си свекрви, курци и палци, кога најпрво вие имате проблем со сами себе, штом трпите вакви закоравени ствари, а потоа со начинот на кој бирате вакви мажи шо личат ко да се праени у гз.
Не, лошо ме разбравте, ме нема удрено досега, туку кога му зборувам за неговите многу се нервирал (го ударало на нервоза тука таков израз имат) . Инаку како што кажав немам каде да одам, затоа и толку време ова го трпам, како дете сум трпела свашта, пораснав во дисфункционално семејство со 1 родител, кога се појави тој мислев тоа е тоа, но сум се излажала. Всушност и немав кој да ме поучи, од кој да видам како треба да изгледа еден брак. Но, како што спомна некој, благодарејќи на интернетот, очите ми се отворија. Има премногу што снимаат и зборуваат за токсичност, нарцисоидност, ете фала им на тие. А и на вас, често ве читам по многу теми и има доста што да се научи од овде ..
Веројатно си млада и цел живот имаш пред себе. Не велам дека е лесно, ама пробај да најдеш некоја работа во градот, и никаква квалификација да немаш, и физичка работа да работиш (пример супермаркет) ќе имаш свои пари, ќе можеш кирија да плаќаш и да ти биде главата раат. Не си на крајот на животот и немаш никој што зависи од тебе, да тераш уште пола век така.
Бегај од таму. Деца кога ќе имаш ќе се оболиш. Тогаш ќе си за во нива, а тие старците дома ќе изиграваат мајка и татко. И перачица и спремачица ќе бидеш и исфустрирана од животот. Ништо добро нема таму за тебе, млада си, паметна, најди начин да си помогнеш никој нема да дојде да те спаси.
Вработи се, земи си едно станче под кирија и уживај си.. Можеш се сама верувај, не постои нешто невозможно за човек да направи. Разбирам и да живеете во село, ама не на ваков начин..
Душичке, сама си и немаш никаков терет. Сама како сама можеш секаде патот под нозе да го фатиш, најди си некоја работа и 500 евра нека се за почеток, најди некоја гарсоњера со 20 квадрати колку да имаш кај да легнеш најевтината што ќе ја најдеш, или па со цимери. Не е дека немаш избор. Се е подобро отколку животот со овие што ти следува. Побрзо фаќај магла од таму дур не ти направил дете за да те "зароби".
Немаме држава, кај да оди кутрата со една плата што побргу, кириите се вртоглави. Да имаме социјална помош како во странство или стабилен систем се помалце ќе читаме вакви коментари.
Како што реков, за почеток може да се снајде додека се стабилизира и си го поплочи патот, макар и со 5 цимерки или 20 квадрати гарсоњера во некоја од евтиниве приградски населби. Најпосле, САМА е. Никој не вика дека ќе биде лесно. Работа за 500 евра секаде се наоѓа, барем маркетиве бараат молат. Ќе јаде леб и сол ако треба еден период ако и е толку лошо во браков. Таква ни е државата, не можеме ништо да смениме, така да подобро да се помачи сега малку кога е сама откако да ја гази под нозе еден ден "мажот" и згора на тоа дете да има.
Дали располагаш со пари колку толку? Ако можеш некое време да собереш скришно некој денар колку да платиш една кирија, ако е со цимерки и поповолно би било. Ако воопшто немаш никого каде би престојувала додека се снајдеш, мораш да си тргнеш некоја пара на страна скришно. Кога ќе имаш, скришно барај работа и стан и само исчезни. Ова е многу тешко, мораш да го изведеш внимателно но мислам дека тоа е изборот. Ќе биде стресно додека се стабилизираш но ти стрес секако секојдневно трпиш. Ако имаш опција за во странство уште подобро. Но почни веднаш да работиш на тоа да избегаш од таму, нека си најдат аргати за на нива.
Од каде си? Ако си од Ск, да се ангажираме за да најдеме некоја ефтина гарсоњера, соба , што и да е. Работа има . Само ти да пресечеш и да донесеш одлука. Ќе му кажеш на господинот, што по документ ти е маж дека заминуваш и заврши со нив.
Може, се пријавувам за помоШ, ако се реши членката. Ако треба унапред за кирија, додека не земе прва плата, може да се покрие.
@Buttermilk и јас се пријавувам за помош ако ти треба со дел за плаќање прва кирија, само реши се да се тргнеш.
Ви благодарам девојки не сте свесни колку значат вашите зборови и поддршка. ❤️ Тешко е кога немаш од некој поблизок да ги слушнеш. Некој праша за блиски имам тетки да ама тие се со такво мислење што освен осуда друго нема ништо да добијам од нив. Знаете срам и познатото Што ќе речат другите? Овде за срамота е да си разведена, а не е срамота да трпиш психичко малтретирање.. Имав другарка на која можев да сметам било кога, секогаш знаеше да ме ислуша, ама благодарение на мм не сме се виделе 7год., како да ја побарам сега после толку време? Замислете целиот хаос го трпам скоро 9год... Треба медал за трпение да ми дадат Шала на страна јас сум решена веќе, само прашање на време е дали за 1 недела или за 1 месец. Инаку далеку сме од Ск, затоа имаат вакви затупени мислења, заостанат менталитет е ова овде, а мислат дека се знаат и се разбираат. Доста ми е од се, стварно сум многууу уморна, се што сакам е мир, кој сигурно ќе го имам повеќе отколку овде. Скоро се распрашав за стан најевтиниот што го најдов беше 8000 цел стан е на располагање, па се мислам некако да присоберам некој динар во меѓувреме белким ќе најдам некој помал, поефтин. Најбитно е да има каде кога ќе излезам од тука, па некако ќе се најде и некоја работа.. Ќе ви пишам што сум направила, ве гушкам сите и целата среќа на овој свет ви ја посакувам ❤️
Вака да ти кажам девојче. Ако си се одлучила ќе најдеш начин. Само цврсто да веруваш дека можеш. Ако можеш да преживееш со такви аждаи и душојадачи, ќе најдеш начин да преживееш и сама, далеку од нив. За второто сигурно ќе биде полесно. Секој почеток е тежок, ама тешкиот пат ќе биде периодичен во споредба со цел живот со него како аргат, како робинка. Во ред е, си направила погрешен избор. Препознавањето и освестувањето ти носи на повидок нов живот, и спремност да направиш нови избори. Ќе се плашиш, ќе имаш искушенија да останеш тука. Не си го допуштај тоа, не си допуштај да му бараш оправдувања и некакви идеализации "па еве ме сака, ме штити затоа не ми даваше да работам". Терај, дозволи си живот. Скрши го образецот и програмата што ги влечеш од дете.
Да, растев во таква средина и поради тој образец волку години се измачувам... Синоќа сонив како сум заминала, кога се разбудив срцето ќе ми излезеше мислам, ама мора да го совладам стравот, доста беше. А за искушенија ги имаше и досега и тоа многу .. Во август се мислев уште да си одам тогаш тој месец катастрофа бевме и верувате ли дека како мислите да ми ги чита одма променува расположение, однесување, одма најдобар е на цел свет, а кога е таков ќе речете ова не е тој човек за кој ни зборуваш... Голем манипулатор, дволичен...