Самите така си дозволиле, уште на почетокот треба да си стават граници. Ќе се обидат неколку пати да им го реметат ќе видат не бива и ќе се откажат.
Ама кој спомнува да се однесуваш како дете и да не работиш? И те како има врска карактер, не е секој снаодлив во сѐ и не секој има услови да патува или да плаќа кирија, лесно е Велес-Скопје со автобуси на половина час, ама замисли in real life постојат и други места во државава.
Епа таа неснаодливост си носи со себе последици.Не ми кажувај карактер на 30 години да чекаш друг да те издржува е срамота,не е карактер туку е несоздреаност индивидуа на 30 години да не може да работи? И после ве малтретираат и не можете да си отидете па нормално кога си финансиски зависен од некој му даваш моќ да те контролира како сака. Ако сакаш да најдеш работа ќе најдеш биди реална не кажувај работи што немаат смисла. Срамота е една жена здрава права да зависи на тие години од други.
Според мене, Не е доволно само да работи и да биде финансиски независна жената, туку потребно е да има правилно влијание низ животот за да размислува независно. Едното е џабе без другото. Односно, познавам жена која зема три пати поголема плата и ем дома сè е на нејзин грб и пак, му се тресе на сопругот. Само тој се слуша и само нему му се угодува. За него скапа облека, а таа ни козметика како обичен кармин веќе одамна не си купува Па џабе финаниска независност, кога си зависен со умот. Кога си погрешно пораснат, кога ти фалела татковска фигура, кога длабоко не се сакаш самиот себе, опкружен си со погрешни луѓе, заглавен си со нарцис/психопат и/или имаш крива слика дека нешто така треба да биде и сл
Сосема си во право. Секој си трга од своја гледна точка што е правилно и како би поставил. Меѓутоа не сите ја живееме истата ситуација. Не сите имаме исти карактери. Не можеш на ум, кој има блокада од други надворешни или внатрешни стимули, да му кажуваш што треба. Не е комфор зона во прашање, туку затвор во сопственото тело. И практично живее во магла од која не може да го види излезот. Но, секако, и малку пари да имаш при себе, значително ја подобруваат било која ситуација во која и да си. Практично тоа се жени растени во традиционални семејства каде таткото е авторитетна фигура, а мајката тежок пасивизам. И нормално е да се очекува истата ситуација да ја проектира за себе. Секако дека не е правило, но е разбирливо. Апропо те разбирам потполно, затоа што и јас познавам жена, која е носител на финансии во домот, маж и е едно одвратно човече и не знам како и зошто седи во тој брак. Има нејзино зошто, не ја судам, разбирам дека и е претешко, но и сфаќам кога не можеш да го најдеш решението, за други лесно решливо.
Сѐ е до мајндсетот. Ајде, сите знаеме барем една жена што е 100% зависна од мажот, ни еднаш не пропушта салон, ни фризер, ни нокти, а цела фамилија оди на прсти околу неа, да не речеме да не ја „навредат“ со предлог да работи. Ајде и овие другиве образовани, способни, со свои пари, ама сервилни до коска. Затоа што мажот ќе ѝ рече „Како тоа, некултурна си, луда си, ако не им угодуваш и сл.” Па нормално, ќе почне да верува дека нешто не е во ред со неа ако не се потроши цела за туѓи комфорности.
Овој дел,имаме таква во фамилија и машала си има и години веќе без еден ден работен стаж... Да видиш како ја величат ама она била омажена во побогата фамилија немала гајле аку,па таа самодоверба олкава има кога ќе ја видиш ти се чини со кузнај кого да правиш муабет.. не знам како можат без работа и таква самодоверба алал на умот,ама мажето ќе ја издржува таа ќе глуми принцеза
Имавме голем проблем со жената кога се оженив, секојдневно беше напаѓана од мајка ми за се и сешто, вршење притисок над неа, караници се додека не ми пукна филмот и на сето немање стиснав заби и купив куќа на друго место, мајка си е мајка ама и сопругата е нечија ќерка и не е дојдена некој да и го уништува животот, сега фала му на бога си имаме мир и двајцата.
Постапката и размислувањето ти го почитувам баш така треба еден маж да се однесува према жена ама многу сум љубопитна со стискањето на заби и купи куќа ? Јас 20 години ги стискамме со маж ми уште не успеав Можеби погрешно ги стискам?
А ако мажот и жената се таков мајндсет и двајцата да не работст што ќе прават ќе просат или ќе чекаат од нивните да им купат леб? За мене дали маж дали жена ако не работиш и не си имаш свои финансии неспособен си има луѓе со разни болести работат се снаоѓаат а не тука флегми ќе ми глумат мајндсет ова онс и подле уште ќе наклецаат деца па ќе немаат пари за леб па друг ќе им биде крив. Какви глупости не ќе прочиташ мајндсет..
Ај малку реално на работиве. Пред да почнам - да работам и јас и не е е секоја обврска дома на мој грб. Ама џабе бе другари ми е работата ко утре нешто да се деси јас не можам тукутака да заминам. Платата ми е малку над минималната. Утре да треба јас со двете деца да си одам поради било која причина не можам. Прво немам за депозит после кај со таа плата кирија ,сметки и потребштини за децата ? А па се разболело... кој ќе го чува? И пред да прашате алиментација ,знаете ли колку е прво алиментација? По 1000-2000 од дете... а колку ,,мажишта" не ја плаќаат ? Па се закануваат со одземање на децата иако во реалноста да ги оставиш сам со децата за 3 саати ќе забегаат не знаат шо да им прават. А кога би немала деца би заминала па макар и на клупа во парк за спијам. Затоа не се набива вина на онака им е тешко на тие жени уште сол на рана им треба во вид аман не работиш. Шоако работи ако нема поддршка ќе биде роб и на работа и дома ете таа е разликата. Плус гратис и размислувањата што ги има една таква жена како погоре што пишувале другиве членки.
Многу бракови се растурени заради семејни проблеми меѓу кои и живеењето во заедници, ваков или онаков жената трпи, а зошто? Затоа што нема поддршка од државата како прво. На западот жената поготово самохрана мајка и те како е заштитена и зема помош за секое дете посебно, некаде и станови даваат, даваа и кај нас на јанко и петко па ги рентаат значи ништо не функционира тука, ама баш ништо. И дали некогаш некој ќе се сети на оваа категорија на луѓе? Што со минималец да прави мајката што??? Алиментација од 2000 ли ќе ја оправи?
Па државата е таква затоа што многу неедуцирани луѓе постојат што ни мислст ни за во иднина ни ништо, не е работста само направи дете па после немам пари не ми е добар бракот. Затоа пред тсков чекор се мисли а не се накрвсле 10 луѓе у една куќа и кавги недоразбирања.. Затоа е полна темава со жалби ако си живееш сам одвоено нема да имаш проблем со свекрвата.
Кај нас државата да понуди помош во како странство, дури тогаш ќе биде интересно со нашиве жени, мажи и бракови. Не можам да замислам кој хаос ќе настане.
Ништо нема да им биде нив, туку на мамичките им, па ќе глумат стројнички на стари год. или ќе купуваат жени од кај стигнат и најдат. Да има која да го храни, пере, чисти под прерпоставка да просеал семе кај другата, значи обавил главна задача. Жени како жени ќе се снајдат, само многу полесно и побрзо се снаоѓаат во стабилни земји, ама не чинеле таквите земји, не биле безбедни. Македонија чини кадешто ќе пријавуваш додека не те убие, па ќе сфатат озбилно си имала мака. За темава и финансиски зависни или независни жени ако налетаат на нелуѓе тешко нив, со исклучок овие независниве побрзо и донекаде побезболно ќе застанат на свои нозе. Но и тука има удел каква е таа фин.независност, сите немаат убави и стабилни раб.позиции. Ми раскажува една жена бев на определено забременив кога се вратив на раб.не ми продилжија дог.кога истече и сега што да прави таа ем со мало дете, ем зависи? Не дека нема да се снајде, ама ќе се помачи, па и ако паднала помеѓу нелуѓе, ќе се помачи малку повеќе.