Зошто да се докажувам, само давам пример од блиска околина. Секако дека се знае чиј е товарот на крај. И не ми е јасно по кој основ одредуваат кој колку да плаќа за своите деца. Јас мислев дека многу поголема сума плаќаат, ама читајќи тука и не било така
не дека погрешно стискате, двајцата работиме (јас имам доста добро платена работа) Плус работам уште две работи од кои едната е музика, плус кредитче (а можам да кажам дека имавме неверојатна среќа и за ефтини пари ја земавме куќата)
Вие кои не живеете со свекрва но живеете прилично блиску во истиот град/населба, ме интересира дали редовно се слушате, дали одите на кафе кај нив и имате некакво "пријателство"? Со маж ми сме 2+ години во брак, но за ова време не успеав да се спријателам со нејзе. Едноставно немаме муабет. Таа цело време зборува како сакала и и било криво што не сум се дружела со нејзе почесто, но тие неколку пати што сум пробала, едвај одел муабетот. Добра жена е во суштина ама едноставно не ми иде. Карактерите ни се небо и земја. Сега овој месец скрос ми се налути зошто не комуницирам со нејзе и морам да признаам дека е моја вина што не и се јавував барем. Си ја сватив вината па ако во догледно време "се смири" ќе почнам да и пишувам и да и се јавувам почесто. Но за одење на гости искрено не ми се оди. Знам бидејки сум пробала и со сила ми било секој пат, сум блеела во една точка кај нејзе. Не знам дали грешам и дали треба да почнам да одам кај нејзе бар еднаш неделно макар и на сила, макар и да блееме во таван, чисто за да не се чувствува како да ја избегнувам и како да не ја сакам, зошто не е така. Дајте некој совет како да изградам некакво пријателство со нејзе, како да ја "фаќам" на муабет и како да ја решам ситуацијава.
Не знам за таков некој закон, дека мора да бидеш пријателка со свекрвата. Мислам зошто, побогу? Па уште вина да чувствуваш? Појма немам што муабет би правела со свекрва. Освен ако немаме некој заеднички интереси во животот, што не знам во кој универзум би се случило, е скроз непотребно измачување. Да праите муабет за манџи, за туски серии, појма немам, ништо од тоа не ме интересира и губење време е. Ако имате толку вишок време, алал вера.
Душо. Свеки моја живее спрат под мене и еве 7 години не сме се спријателиле. Комшики сме и го чува детето на син и кога треба. Повеќе не ми треба.
Јас имам супер однос со свекрвата и заеднички теми па пак не се слушаме на телефон и не одам сама на кафе кај неа, ниту пак сопругот оди сам на кафе кај мајка ми или татко ми… Ќе отидеме заедно на ручек кафе и тоа е тоа нема потреба од со сила зборување по телефон и работи останати од минатото дека треба да им се јавуваме колку да се каже нешто…
Живеам блиску до свекрвата и мене на почетокот некако не ми одеше мусбетот со неа и она се лутеше му викаше на мм дека сум ја одбегнувала па некако пробав да се зближам и сеа се слушаме редовно на телефон ми доаѓа на кафе и јас на неа. Но сепак треба да има од двете страни баланс не е работата да се измачуваш на силс ско не иде муабетот не иде не можеш да форсираш. На пример со седтрата на мм воопшто не ми оди муабетот кога дојде на кафе двете у таван гледавме мислам дека . Така да кога не оди не оди не е ништо страшно.
Фала ви на советите. И јас тоа го сваќам и го викам, немам што да млатам празни слами со нејзе, ама еве направи драма и земала да се жали на сите и да се лути и ја сум кривата. А јас прво и прво немам време, имав претешка година кај што работев од сабајле до вечер, едвај за маж ми сум имала да одвојам време а не па за нејзе, второ едноставно карактерите ни се небо ни земја, и иста возраст да бевме не би се "дружела" зошто едноставно немаме ништо заедничко, а камо ли па со толкава разлика во години. Дефинитивно немам зошто да чувствувам вина.
Немаш, јас со мојата живеам у иста куќа и некогаш ако се сретнеме по двор може да пиеше кафе, или ако дојде кај нас, специјално за тоа не. Муабет имаме кога како, ама не сум многу по муабети јас, ни со мајка ми, не пак со нејзе. Маж ти оди кај твоите сам на кафе? Сигруна сум дека не, така да нема потреба да се лути она. Маж ми кај моите оди 2 пати годишно и немам намера јас на неговите да се клањам од почит, колку он што има за моите толку и ја за неговите.
На кои сите се жали? Овој дел не е убав, може да спомне не сме блиски и толку, а да се жали пример по блиски или кај маж ти па да те притискаат да ја дружиш не е убаво. Јас лично и да сакам да дружам со некоја личност, ако ме осудува во лице или оцрнува зад грб, одма губам желба. Тука многу е важно сопругот како ќе се постави и балансира. Треба да и објасни неа некои нешта, а ти немаш потреба да се осеќаш виновно. Измачување е ладна комуникација или ради реда со личности со кои се нема допирна точка. Ти и од човечност да даваш шанси другава страна при најмало незадоволство ќе пререкува, ќе наметнува вина, а не ти требаат во животот такви турбуленции.
Сопругот 10 пати поголеми маки си има со нејзе, имаат периоди кај што воопшто не зборуваат и џабе правел муабет и и објаснувал. Со мене она е многу многу подобра него со него и он многу пати ми рекол дека не може да и го поднесе карактерот, па затоа ме подржава скрос. Сега моментално океј зборат онака ради реда (кратко ќе трае како и увек), зошто знае она дека и треба помош од него за пазарење, поправки, да и купува лекови, па му се жалела, ама он ја пресекол. Па видела не видела на мајка ми земала да и се жали и и плачела. Па после зема мајка ми да ми држи лекции и сега кога и да се слушнеме ме притиска и ми вика оди на кафе оди на кафе и ме колне да не му кажувам на маж ми дека мајка му се жалела зошто знае дека ќе оди и лом ќе ја направи. Moral of the story, нај идеално би било да си се тргнеме километри подалеку и од празник за празник да и одиме, зошто он највеќе добива камења од нејзе и секогаш ќе има драми, особено спрема него. Може и тоа е причината што од прв ден сум имала одбивност да се зближам со нејзе зошто сум видела како неблагорано се однесува спрема него. Моментално не можеме да си фатиме патот под нозе и да ги скратиме контактите со оглед на тоа што она има здравствени проблеми што многу пати и се влошуваат, сама без маж, без други роднини што би и помагале и зависи од маж ми да ја носи по лекари, да и пазари и така натаму, но дефинитивно работиме на тоа да би имале доволно финансии да и платиме бар некоја жена да ја чува и да ни биде мирна глава. Надежно за кратко ќе си ја исполниме целта.
Супер сите те советуваат дека не треба апсолутно ни малку чувство на вина да помислиш а најмалку чувствуваш. Па ни малку ни повеќе се жалела на мајка ти. Тоа што мајка ти исто така те притиска за вештачка дружба не е добро. Постави граници, отворено кажи дека правиш колку можеш и колку сакаш. Тоа е.
Јас уште од првиот пат си бев во супер односи со неа, кога не ја барав она ќе се јавеше, ручек ќе спремеше син и ќе го земеше, можев и со недели да не се слушнам и видам со неа, мислам не ми беше многу важно неа да ја расправам, повеќе си бев кај мајка. Али во главно не се лутеше, а живеевме блиску. Сега во месецот 2 пати дали ќе ја побарам. Кога се враќам во МК си одам кај мајка, само еден ручек со неа ќе истераме и повеќе си сум кај мајка. Си има она ќерка, нека си ја гледа. Секако се за неа дава, помага. Последно ја бев се налутила на секое јавување ќерка и ми ја зборува ми објаснува за неа, жено не ме интересира и му кажав на мм нека си решава со неа и нека не ме тера да ја барам. Еве сеа ретко чисто од култура ја барам така ептен.
Во целава ситуација најдобро е што твојот сопруг е доволно самосвесен да процени што карактер е мајка му, а сепак е фер со неа и помага и си поставил граници до каде може да го изиграва. Со мајка ти ќе си помуабетиш и ќе и објасниш дека свекрва ти само неуспешно глуми жртва и друг пат кога ќе и се жали со плачки да ја насочи со вас младите да се разбере. Убаво е културно поставување граници што е можно по со време, ама и ферски однос кога треба да и се помогне. Само имајте во предвид дека и за ова често ќе си измислува улога на жртва, сепак вие мудро планирате да и најдете жена за помош, иако бидете спремни да се жали и плаче и за ова. Ваквите личности и цел живот да им посветиш пак нема да им чиниш, паметен е маж ти што си држи дистанца.
Штом е таков карактер жената треба да е среќна што имаш почит спрема неа. Не се чувстувај лошо не е твоја должност да и бидеш другарка, не се измачувај најбитно е ти и мажот да сте среќни и да се сложувате
Ова ти е чиста нарцисоидна манипулација, жртва по вокација. Не е она добра со тебе, туку така и чини додека не ти го збибери. Прво, ти ќе му кажеш на маж ти што се случило, и он под итно да си ја прибере оти се жалела кај мајка ти. Вака сака само тебе да ти наштети, верувај. И да ти го влоши односот со мајка ти, затоа што смета дека ти си крива за нејзиниот однос со син и. И ти да и кажеш да не ја вознемирува мајка ти со глупости. Друго, ти ќе седнеш до мајка ти да си збориш и да и каеш да нема веќе ваква интимна комуникација со неа ако те поштува барем 2 посто. Маж ти си ја знае каква е, и нема што ти да имаш поинаков однос со неа од почит кон него, него чисто службено.
Види, и 10000 километри да си далеку, ако си е таква, ќе најде причина да се жали. Ваше е да не паѓате на тие манипулации. Имаш поддршка од маж ти - што е супер и нажалост многу ретко, така да, не си должна да се навикнуваш на нешто кое не ти е убаво и не ти одговара. Јас немам време дома со моите да се слушам, некој друг ќе ми се лути, нема грешка. Единствено држи си дистанца од навреди и ниски муабети кон неа, а со мајка ти верувам можеш искрено да искомуницираш и да и кажеш дека не треба да се меша во вашето “дружење” ниту има потреба да ти наметнува што да правиш за да нема расправии.
Неподносливо ми стана да живеам во заедница , имено се започна кога свекрвата доби удар , постара жена е во години , не живееа со нас , дојдоа да живеат тој спрат и онака не го користевме , јас со неа немам проблем , не ми смета ниту ми бара нешто само и давам апчиња и ништо не ми бара , проб е свекорот , само чека да му направи некој доручек ручек , доаѓа ќерка му бидејќи не работи она готви спрема , мене проблемот ми е што јас бев навикната сама , не ми сметаат ама ми пречи тоа што напред имаат двор тераса , мене некогаш ми доаѓаат позади , некогаш во 7,8 часот додека спијам свекорот ќе земе на тераса столици да преместува одма се будам ,ајде еднаш отворив ее ајде едно кафе стави ? Си мислам...колку пати сум направила ручек ,од него добив коментар малце е ова не сме ние деца ...ќерка му што доаѓа прави повеќе изгледа ,исто и она некогаш ми смета стално ми пишува пораки од колку си на работа ,па тука ли си ,јас вака немам некој сериозен проблем со нив,ама таа слобода не ја имам , што воопшто мора и позади да ми доаѓаат да седат покрај напред да правам кафиња што???сум приметила дека кога и да отидам до кај нив само гледаат дали сум купила нешто а нивните пензии не смее да се чепнат, разговарано е со маж за ова и ми има кажано ,па ти сабајле кога ќе станеш заклучи врата и не отварај нека мислат не си дома и не им се замарај...немам зборови , ќерка им е ок ,само ми смета што е исто досадна ,еднаш и пишав дека сум дома и да иде да брка други обврски оттогаш само ме замара со пораки сабајле ,ајде пораките во живо кога ќе фати да збори и битно и не битно 2 саати ќе отупи со муабети кои воопшто не ме интересираат . Дали претерувам не знам