Незнам треба да и се јавуваш можеби ама па таа ако не сака да изгради однос со тебе зошто да иницираш ... Јас сум во заедница и така сум воспитана да не кријам и да комуницирам и се да кажувам "најголема маана не знам да поќутам мислејќи ќе бидам сватена и тоа што сум го кажала бидејќи мора на некој маката да се кажи" и сега си се каам што сум наивна и многу пати ќе речам појќе ништо не кажувам оти после се прават паметни ама ај кога зависиш од некој ќе трпиш.. Ама будала ... Долго е да раскажувам инаку ќе сватите дека и во заедница не е лесно ама кога зависиш ќе ќутиш.. Посебно во рурална средина без разлика кога сопругот ти е од 21 век кога останатите околу него се малку поназад Ама ако велам било поминало ама си се каам понекогаш декс сум наивна
Овде е единствено проблем што ти не сакаш да живееш во заедница,а на тоа тешко ќе се навикнеш па макар и да се најпрекрасни луѓето околу тебе.Ти сметаат очигледно ситници.Се знае решението за ова ако е во моментов изводливо
Реално ја претеруваш, мое мислење. Како што пиша членката погоре, не ја сакаш помислата за заедница и од тука настанува проблемот. Дали ти оставиле тебе да им чистиш, да переш за нив, да готвиш постојано, со ваши пари да им плаќате сметки, пазарите за нив? Дали ти шетаат по спрат или ти влегуваат кога ќе им текне? Дали ти доаѓаат или сметаат кога сте сами со маж ти или ти со друштво по дома, пријателка на кафе и било како. Ти дале забелешка малку готвиш, ОК не си навикната на повеќе луѓе, следен пат стави повеќе. Свекорот, ти или маж ти може да го замолите да не седи на таа тараса кога си дома и толку. Вака по напишаното ми личи дека со разбрани луѓе имаш работа.
Мислам дека си и сама свесна дека претеруваш. Доаѓаат понекогаш тропаат и ти се будиш, големо чудо. Не готвиш ти туку им готват и ти е тешко 2 реда муабет со золвата да свртиш, била досадна... Мислам дека претеруваш ама ти си знаеш.
Не само што претерува туку е себична и дрско безобразна самата кажува дека ок се луѓето само и сметало што ја будат цццц и што 1 час слободата и е одзема Золвата готви таа од друго место доаѓа и крива е што тропнала со столчињата Сите имаме свекрва имаме и мајки така да треба да сме реални како би било тоа да се работи за нашите Баш напротив треба да стане и самата да понуди кафе а не врата да клучи Не живеам со свекрва и свекор ама никогаш несум дозволила да му преречат на маж ми дека не се добро пречекани
Прво свекрва ти е со удар, тоа треба да ти биде прво на ум, друго золва ти ја превземала обврската со трошокот за готвење, што ти е огромен плус, немаш обврска да готвиш, ти пречи дека си седат надвор, живи луѓе се, не можат по цел ден да седат дома и да не излегуваат само заради тоа што тебе ти пречи тоа. Ако направиш едно кафе нема да ти паднат рацете или ако направиш 2 реда муабет со нив нема да ти падне устата. Размисли 2 пати пред да кажеш такви работи, ова е жива глупост. Луѓето се кај вас поради оправдани причини, сигурна сум дека немаш видено ништо лошо од нив штом до сега живееле посебно.
A ti procita ubavo? Tie si imale terasa napred, a i doagjale pozadi da sedat. Sekoj treba da si sedi na svojata terasa.
Дали ти го прочита постот? Свекрвата со мозочен удар која нее подвижна и треба помош, дотичната снаа каде не помага уште згора на тоа и смета што золвата доаѓа да помогне и ручек да направи Дотичната и смета некој што на терасата мрднал со столчињата и седеле на нејзината тераса ма дај Да не треба свекрвата да стане и кафе да и однесе во кревет по ова нејзините критериуми
Ne mi vrti drugo. Nikoj ne treba da sedi na necija terasa ako ne e povikan. Privatnost, ako znaete shto e toa.
И ова си во право дотичната снаа не се изјасни до крај чија е терасата по имотен лист ,нејзина или на свекрвата,па да знаеме како да коментираме
Ma daj, navistina? Aj neka kaze, pa togash... BTW, doticnata snaa pisha deka penziite ne gi davale. So shto da im gotvi?
Јас уште пред да си фатам дечко знаев дека ќе живеам посебно, бев спремна три смени да работам и да заработам ама живот во заедница едноставно не е за мене, не за друго и ја сум специфична и тоа си го кажувам тоа искрено. Многу си го сакам мирот, сакам да правам јас како што сум замислила па дури и да згрешам што не викам дека е добро ама не сакам многу мешање јас тоа и на моите сум им го кажала.. И фала му на бога така е, си купивме стан си живееме посебно, некој особен однос немаме, ќе одиме, ќе дојдат (и тоа ретко доаѓаат искрено), општ муабет си правиме ќе си каже мислење јас пак си терам како што си мислам ама не се конфронтирам и тоа е тоа. Мислев дека ни е чуден односот, ладен, ама како ве читам дека се мешаат во се си викам добро е е сеа ќе видиме како ќе биде кога ќе дојде бебе ама мислам нема да се мешаа зошто и как брат му не се меша, некако жената си го сака својот мир и слободно време и почитувам така што подобро вака него на глава да ми се качува
Фала на сите, пред се ' Мене ми смета што сама живеев пред да се омажам и сега бевме сами , свекрвата е подвижна ама воопшто не замара , не се меша и не се качува горе никогаш , си гледа нејзина работа таква беше и пред ударот. Не бараат ништо освен што свекорот знае некогаш да ја претера , делот со терасите е тој, напред има во нивниот дел т.е. спрат и позади имаме ние , мене ми смета тоа , иако од маж ми имам дозвола да заклучувам позади па нека мислат не сум дома , бидејќи падобранци не сакам , ми се има случено золвата да отвори врата како да е небаре дома , а нас не дели една врата тераса кујна , не очекуваше дека сум дома изгледа и отвори врата си зема кафе шеќер да прави на свекорот како ништо ,лабаво скроз си мислам , ова ако е некое право да упаѓаш вака тогаш јас претерувам , не ми се живее да не можам да мрднам или да се кријам ако некој примети дека сум дома и тоа по дифолт да е свари кафе ,едноставно не ми е нормално некој да ми упаѓа
Како јас да сум го пишала ова Изгледа имаме среќа со нашите свекрвчиња мојава мува не ја лажи ќе си се напие кафенце муабет и чао
И што ако седеле... Ја изедоа, вошки имаат, ја тераат да им слугува... Не разбирам зошто се оптеретува толку ако не сакаш со некој да живееш не се ни замарај што прави !! Многу едноставно!!
Abe od kaj znam shto imaat. No moze ete se seksa, pa kje slusne svekorot, moze saka na mira da ispie sama kafe na terasata, itn, itn... Ne razbiram shto ima toa vrska so sluguvanje?. A ako im sluguva, shto togash? I koj vek sme da spomnuvate sluguvanje.