Мене ако ме прашаш, јас одма во истата секунда ќе речев НЕМА ПРОБЛЕМ, И ОНАКА НИКОГАШ НЕ БИ СЕ ДРЗНАЛА ДА ПРИСВОЈУВАМ НЕШТО ШТО НЕ Е МОЕ, ЈАС ФАЛА БОГИ СИ ИМАМ ОД МОИТЕ РОДИТЕЛИ. (нели пишуваше дека од родителите имаш куќа). со самото тоа тежиштето се префрла кај нив и им даваш до знаење дека не си дете од улица па да се грабаш по туѓо.
не ми беше моментот дали да потпишам или не,јас не ни сакам да грабам нешто туѓо независно дали имам мое или не,некако не ми се допадна што според мене тие луѓе ме доживуваат како можен грабач на големо материјално добро...според мене по нормално ќе беше муабет од типот ок деца гледаме дека вие си стремите кон така и така уреден простор па еве за да ви излеземе во пресред бидејќи можеме и сакаме од среќа и ќеиф за двајцата вас да ви подариме стан,па ете ај да бираме,бараме...со среќа заедничкиот живот итн....а не кога спомнавме дека планираме под кирија да пробаме за да не пукне брука ги набркаа на крај младите ај и ние ќе му купиме на синето,а ти снао тешка материјалистке потпиши си бесилка некако глупо делува од нивна страна,сепак тессие убаво ми пиша потпиши си нив ќе ги омаловажиш дека сега според мене они вака мене ме омалуважуваат,инаку ок нормално е да се штитат,би било нивни трошок ама начинот на отсечно поставување на нештото не ми се допаѓа,па си се себезапрашав дали сум во право или не да се осеќам малку па навредена
Болд: добро бе жено, ти не читаш што ти пишуваат овде или не сакаш да читаш? Од каде бе тебе ти текнало дека така треба да ви дадат на поклон стан?? Маж ти дефектен е па да не може сам да си створи? Нели имаш твоја куќа? Не ти одговара да седиш во нивни , да да нивни стан, иди си бе во твоето!!! Собери го маж ти и идете си во твоето па таму можеш како сакаш да уредуваш, да рушиш да пустиш и да поставуваш правила. А немој да мислиш дека ако свекорот и свекрвата му купат стан на синот дека пак нема да си поставуваат правила. Не драга моја, тој стан нема да биде само ваш, добро може да биде на папир, ама цел живот ќе ви биде зборувано дека они ви го купиле, дека да не биле они немало каде да живеете и за секоја ситница постои шанса да бидете уценувани од типот " ние стан ви купивме а вие не сакате да ..." . Така да малку ти смири си ги страстите, и не се мешај кај што не ти е место. Мажот ти нека се расправа со нив.
Се соглсувам со претходниот коментар, секако дека нема пишано правило чии родители треба да помогнат во идниот дом на младенците. Кај мене на пример е ваков случај. Јас сега за сега живеам кај вереникот, и неговите ни кажаа, деца ние ќе ви плаќаме кирија за почеток за натаму може и стан да земеме. Меѓутоа пред година дена моите ми уплатија нов стан за мене (сеуште е во изгерадба) а бидејќи сум единица нема смисл да го даваме на кираџии станов а ние да плаќаме кирија, што значи откако ќе биде готов живееме таму со мм. Значи што сега, јас треба да кажам ,,требаше на синчето да му купат свекорот и свекрвата стан не од моите да чекаат бла бла...) Они ќе помагаат со нешто друго и готово, не можеш да гледаш црно - бело на работите има и други нијанси сепак
Во овој дел лежи проблемот, родителите на сопругот никогаш нема да ви поклонат стан на вас двајцата, тие ако купуваат стан ќе си го купат за синот, тој е нивни, ти не си, не знам што толку ве иритира тој факт. Како што твоите родители си гледат само за тебе, така и неговите си гледат само за синот, што според мене е и најнорамлно, станот не е 1000 евра па да не сакат да бидат заштитени и најевтините во Ск се движаат околу 50.000 евра што не е мала сума на пари. Да сте повеќе време во брак, да имате деца итн можеби и не би спомнале такво нешто ама вака на почеток на брак и без деца мене ми делуваат како сосема разумни луѓе кои сакаат да си ја заштитат својата инвестиција, бидејќи е нивна инвестиција. Кога заедно ќе си купите со сопругот од ваши средства тогаш тоа ќе биде ваше, до тогаш се ќе биде или твое или негово/нивно.
Оти е негови, нејзино, моја ќерка, твој син... АКо си се омажила со него, треба да го прифатат како дел од тебе. АКо се оженил со неа, таа е дел од семејството. Нема тука поделби. Треба да мислат на нивната среќа не на своето само. АКо мајка ми ми дава само мене и мисли само на мене, јас ке се навредам од причина што не го есапи у живите човекот со кој сум решила да го поделам животот и човекот кој ќе ми направи деца. Проблем е што сите чекаат од родителите да им дадат, една феминка убаво кажа - сакате да се мажите? Епа мажот не е само секс и бакнежи - има обврски со него. АКо сакате убав брак, почитувајте ја жената која го родила - таа го направила таков каков што е. АКо ве почитува мажот, тоа е последица на воспитувањето од таа што ја мразите, она го научила дека жената се почитува. Исто, сега не се сеќавам на никот на феминката што се жалеше дека мажот и си ги фрлал алиштата по земја па свекрвата го бранела - што очекуваше ти, дека она ке собира по него? Како мајка ти по тебе додека беше мома? Вел, ноу, сакаш маж, сакаш дете, ама и да киснеш на фб и на фемина. Епа не може. Бракот има обврски. Мажот ако рмба ко вол на работа, заслужил да му ги кренеш алиштата, а не да го озборуваш каков е, па дури и на мајка му. Сакаш двете да се здружите и да го карате за едни алишта? Да му се стемни што си иде дома? Чудни сте жими се. Ако двајцата сте по цели денови на работа, разбирам поделба на трудот, ама ако си домаќинка а он носи пари, барем биди домаќинка на место. Жените по три деца имаат и се им е на место, од едно бебе приказни направивте. Баба ми викаше - не е момче шеќерче. Епа не е, ако не ви се свиѓа бракот, значи не сте спремни уште. Затоа на 20 не се мажи.
Tocno bitter sweet. Koga sestra mi se omazi I podocna otvaraa sopstven biznis im zafalija nekoja paricka. Moite im pomognaa na sestra mi, ater za nea no.. Iisto taka stom stanat na noze istite da im bidat vrateni.Toa sto I sleduvase I bese dadeno, ostanatoto e zastiteno za drugite dve deca, za mene, za brat mi. nema tuka ljutis. Sto deka zet ili snaa, denes ne treba ni na sopstveni oci da imas doverba. Lugjeto samo si go stitele nivnoto. moite imaat kuca vo grad, na sred centar, I Edna na selo. Brat mi ne e zenet no uste od Sega si so stav deka nema da odat vo selo da ziveat , niti pak ke se simnat dole v podrum da ziveat. Ednostavno lugjeto toa si go specalile, tamu si se siot zivot, I nema sto da se trudis da im gi menuvas navikite stari 50 godini. na koj ne mu cine, neka si stvore svoe, podobro, nie tolku mozeme.
нена душо абе срце си....како ли заборавив дека ќе ме чека она ние ви купивме стан а ти и жена ти не сакате она/она....колку бре сум наивче супер совети,изгледа во право сте дека никој жената на синот не си ја сака како своја,абе џабе презимето сменето,сите тинтрања кон постарите од неа,џабе синот е најбитен на крајот на краиштата,инаку ме зачуди нивното однесување зошто пак моите кон маж ми и мене не гледаат само како се за ќеркатанаша ништо за него,дури сами имаат нудено да ни ја дадат куќата да си ја средуваме по наше и живееме во неа ама изгледа на маж ми му пречи моментот домазет и се правда со далеку ми е од работа иако во моменти на неспоразуми меѓу нас има предложувано како последна опција да ја населиме куќата...е бидејќи моите не гледаат како 2ца ZAEDNICA,а неговите како синчето и таму си некоја си жена му ми паѓа чудно ама во право сте со советите,они секогаш ке гледаат на наше и нејзино,на син ни и таа жената му
Види, ако дојде до ситуација "нож под грло", и твоите точно ќе направат разлика меѓу тебе и зетот. А дотогаш, секако е убаво од нив што се грижат за двајцата како заедница - ама и тоа е поврзано со фактот дека ако на заедницата не и е убаво, и тебе нема да ти биде. Јас и мм живееме во стан од моите родители, на чие име и се води. Го почитуваат зетот, го сакаат, но за станот од секогаш ми е кажано (уште пред тој да влезе во приказната) дека ќе биде на мое име и ничие друго.
Чекај ти го смени презимето од љубов кон мажот ти или за стан да ти дадат? Имаш почит кон постарите зашто си така воспитана или за стан да ти дадат? Извини ама вака ми делуваш на материјалистка која се прави со предумисла а не од љубов. Ти се омажи за маж ти заради стан да ти дадат?? Па идете бе под кирија!!! Не сака он кај тебе, не сакаш ти кај него соломонско решение под кирија!! Па ти место да си седиш дома ќе си најдеш работа, ќе си земите кредитче, ќе си купите стан од прво 45 квадрати мало ама ваше, па да осетиш како е да делиш од устата за рата за кредит, и да видиш после кога ќе имаш син и ќе ти дојде снаа ти да ти рече: Јас сменав презиме, те почитувам како постара, ајде сега на нотар и препиши станот, дали ќе ти биде лесно !!!
Според мене , ако веке сакале да заштитат некои права на синот, за утре не знам што, можело тоа да се направи на подипломатски начин, без да се почувствува некој поврееден, мислам дека тоа пред се ја мачи Виши, отколку самиот чин што треба да се потпише. Јас го делам мислењето дека еве станот го купуваат за син им, ама не би ми било пријатно свекорот да ми рече , ако снаата потпише.Некако навредливо ми звучи. Родител кој сака да му помогне на детето не би требало да создава напета состојба која може да се рефлектира на идните односи меѓу супружниците. И синот може би се навредил, сепак кога се жениш со некој, тој станува веќе дел од тебе, го сакаш. Треба да се мисли на долговечна иднина а не на разводи. Ако моите ми даваат нешто, нема што да го инволвираат и него тука, јас ке си ги средам сите работи со нив прво а после ако има потреба и со него.Ми се чини дека женскиот пол повеке е во состојба да го заштити својот партнер во роднинските врски, отколку што тоа им тргнува од рака на машките. И да, сигурно ли е дека тој свекорот што толку се перчи навистина може да го купи станот? Да не се блефирира бидејки веке од твоја страна твоите нудат сместување, и тоа кука, па он дека е од машка страна се чувствува индиферентно, па ај стан да ви купи, ама сепак наоѓа начин како тоа да го “закисели“. Ние уште деца сме, тој све видел у живот, треба добро да се размисли околу тие негови зборови. Убаво рече една феминка погоре, што не му рече , ке потпишам одма, купи стан да те видам. Па да видиш што ке прават после. Прашај си ги твоите како они го „осекаат“ свекор ти, пошто ние овака на невидено си збориме, друго во живо кога комуницираш со некој. Они се постари, поискусни повеке можат да проценат човек. Он блефира, и ти блефирај. Запни го маж ти да одите кај твоите па да видиш реакција. Ако стварно има пари ке купи стан ,ако не блефира, да знаеш.
Добра а твоите ќе ви ја препишат ли на двајцата куќата или сепак ќе биде на нивно име?? Значи за добробит на сите сфатете еднаш за секогаш не може свекрвата да ве сака како ќерка затоа што тоа не сте, снаа сте, како што викате што има да им викам мамо,тато едни ми се мајка и татко така и ово разберете си го дека не ве родила, нема никогаш да ве сака како свое родено дете. Може да има почитување, сакање до некој степен ама да очекувам дека свекрвата ќе ме сака или уште полошо да очекувам да ме сака како свое дете е барем за мене апсурдно.
Од никој не треба да се очекува ништо. Личности кои имаат над 20 години се целосно спремни да си заработат самите, а не да се чека на свекор и свекрва, мама и тато. Ете јас пред некој месец дури дознав дека моите родители планираат да го продадат станот кој го имаме за да купат два помали станови за мене и сестра ми. Но секако во иднина кредитите ние да си ги отплаќаме. Е сега мене ми беше чудно зашто тие имаат желба да не снабдат и нас. Убаво е тоа и јас им благодарам што сакаат да ни остават нешто наше, но сметам дека тие не треба да се секираат за тоа. Бидејќи едноставно сметам дека јас и сестра ми сме доволно големи да си создадеме нешто наше со сопствен труд. Мајка ми и татко ми цел живот работеле и мислам дека би било убаво сега тие да гледаат како да си уживаат во животот. Да се шетаат малку, да патуваат, а не да мислат за мене и сестра ми. Сакам тие пари кои ги имаат настрана да си ги трошат за нив. Доволно се ограничувле за нас. Тие покрај куќата во која живееме успеале да купат уште еден стан и мислам дека тоа е доволно. Предоволно! Не ни мора понатака да размислуваат за купување на уште еден стан. Но тие решиле дека сакаат и подготвени се да направат така. И се разбира дека моја одговорност ќе биде тоа да доколку сакам да имам стан сама да го отплаќам. И за тоа никогаш не би се бунела. А дали очекувам куќа или стан како подарок од страна на идниот свекор?! Не ни сонувам за тоа. Знам дека човекот после постојано ќе ни пререкува дека тој не вдомил и нема да дозволам да дојде до тој степен. Доколку му остави нешто во наследство тоа ќе биде за мојот иден сопруг, а не мое. И понатака иде моментот кога јас и мојот со мои и негови пари ќе си купиме наше катче.
Каков gold digger јеботе. По целиот пост (и оние следните) ти се познава како си лажела за да те примат дома кај маж ти (очигледно од добро ситуирано семејство), многу веројатно живееш као принцеза, ти удоволуваат за све што сакаш и на крај уште си незадоволна кога луѓето не сакаат да ти дадат стан ако ЕВЕНТУАЛНО СЕ РАЗВЕДЕШ. Море која е таа свекрва да и` испринтам да прочита што си прочитала па да го легне синот преку колено и да го исплеска по гс како дете да е што земал некоја како тебе. Не биле секогаш секогаш свекрвите оние старди и д`ртави. И овие маливе биле ербап.
Vichy....дај молим те сериозно....луѓево ви нудат стан ...т.е. да му купат стан на синот за да живеете заедно...Што е проблемот на чие име ќе биде? Некој се труди да ви обезбеди иднина и крoв над глава...да бидете сами да живеете на раат, ...а ти се секираш на чие име ќе се води? па утре кога ќе имате деца, тиe ќе го налседат имотот од татко им... Тоа што свекор ти ...искрено, кажал работи што не треба да ги кажува, а сигурно ги мисли...е друга работа.
Дека нема потреба да биде на заедничко име, нема потреба. Старите дале пари, сигурно не ги спечалиле лесно. Никој не мисли на развод кога стапува во брак, инаку кој би стапил во брак, ама се случува и не е лошо човек да е спремен. Утре ако се разведете, зошто ти да добиеш половина стан кога не си учествувала во купувањето. Ако улествуваш, друго би било. Е сега, дека старите не морале да го отворат муабетот за откажување, воопшто не морале. Можеле да го купат на нивно име, па вие да жевеете во него, или да го купат па веднаш да му го препишат на синот како поклон. И онака поклон е едноставна процедура на која не се плаќа данок, а снаа не може да биде вклучена во поклон. Гестот е многу грд и непромислен, мора да се признае.
Vichy, да ти даде совет малку повозрасен од тебе, може? Повредена си што свекор ти така рекол, и сега на тоа се надоврзаа многу работи а всушност суштината е таа непријатна енерија насочена кон тебе. Која жена не би била повредена? Искрено и мене не би ми било убаво, млада невеста, тој за развод да ми збори и да покажува знаци на недоверба. Сите знаеме да збориме кога некој друг е во прашање, но ако нам некој ни ги упател тие зборови, кој знае како ке реагирала секоја од нас во таква ситуација. Да се разбереме , тие зборови што ти биле упатени се далеку испод секое ниво. Многу е дискутабилно дали навистина свекорот би купил стан и може да купи, како што се фали. Ако може навистина, нека го купи, што има тебе да те меша, што чека? Ако дава дава на син му, не на тебе. Во целата оваа ситуација, бидејки ти веке имаш материјално покрите од страна на твоите, тој само игра на карта “ и ние имаме коњ за трка“, но на многу невкусен начин го кажал тоа. Демек малку рокчињата да и ги “скца“ на оваа, што има материјална подршка од мама и тато, те чувствуваат посилна бидејки таа подршка ти носи доза на независнот. Тој не мисли на ваш развод, туку сака да те омаловажи. Разумен и разборит родител не би рекол таква нешто. Има родители кои имале можности, уште пред да дојде снаа се средиле, секој своја кука да си гледа. Извини секор ти е, ама сака малку важен да се прави, имал 30-40.000 еур, де. Главата горе мила, гледај со маж ти да се сложувате, се друго ќе се среди. ДА се разбереме, секој родител што има можности и сака да му помогне, зошто да не му помогне на своето дете? На кој ако не на своето дете? Помошта која ја имав од моите родители многу ми помага во животот и тоа воопшто не е размазаност. Да добро е сами да си создаваме, ама малку е потешко , не е ова Америка. Децата на богаташите ште не земаат од нула да почнат? Родителите на кој ги остават тие куки , вили, фирми ... Ај сега да не набројувам и овде во Скопје што ги има , да не споменувам имиња, луѓе кои повке имаат од свекор ти сигурно, и не се замараат со такви работи, му дава право стан го двои таму да си живее со сопругата, еднаш неделно на ручек, ај созздравје. Што пак тие не ги остават децата да им се помачат сами па кога ке остарат тогаш да им дадат се, кога веке сами си создале. Малку шега, зошто принцот Вилијам и Кетрин не отидат под кирија да живеат? Они барем можат да си заработат да си купат сами кука. Абе срамота е родителите да имаат можност, децата под кирии да се влечат. Јас на мое дете тоа никогаш не би го направила ниту дозволила.
Добро што е со снаиве проблемов? Нешто не ми е јасно.. Дома вашите повеќе маж ви го сакаат од вас? М? НЕ. Многу нормално дека вас ве сакаат најмногу на цел свет, а вашиот маж го сакаат како како личност и го почитуваат зашто живее со вас. Епа исто е од страната на маж ви. Преболете го тој дел, едноставно е и лесно е. Само треба да се однесувате како возрасни и толку. Спојлер Затоа мајка му на дечко ми ја сакам, абре искрена и реална си е, ми кажува во лице дека ме сака, ме почитува, мила сум и' ама никогаш нема да ме сака како синот свој што го родила крај. Почитувам. Нормално, според горенаведеното, и материјалните работи и недвижнините ќе си одат на име на своето. Просто е. Сигурно утре моите родители нема да препишат куќа на мојот маж. Смешно е. Сфатете дека ако за вас бракот е заедница во која со маж ви се ви е заеднично, за вашите родители тоа не е така. Секогаш ќе си влечат повеќе за своето, и така треба. А Vichy ти ако и дома оставаш впечаток како и овде што оставаш на нас, тогаш не ме чуди однесувањето на свекор ти. Не те знам и не е убаво да ти судам ама ти се околу станови, куќи и пари вртиш. А и што всушност ти очекуваше? Дека утре ако ти недај боже се разведеш дека тој стан што неговите ќе го купат дека ќе го делите? И да е на име на маж ти, ти нема да имаш право на тој стан, како и на се што е од страната на маж ти. Па макар и 30 години да живеете во него. После развод се дели само тоа што е ЗАЕДНИЧКИ стекнато во бракот. Така што не скокајте, зашто само за џабе ќе се бламирате. Друга работа не ми е јасна. Како тоа откако ќе стапите во брак одма гледате кој колку имал, па на другиот син му дале повеќе, па вие сте останале без куќа, па одма мислите кога свекорот ќе ви препише на вас, па зошто не ви препишувал, па свекрвата повеќе ги чувала децата на јатрвата, па од вашата страна не било така, вашите родители се златни позлатени нели... Во брак сте, сфатете еднаш, заборавете свекрви, јатрви, мајки, татковци, овој бил подобар, оној бил подобар, станови, препишувања, куќи, ти реков, ми рече, мачката на кого била... Сами стварате во бракот, сами се борите во животот, сами се издржувате, сами работите, сами се чувате, сами деца гледате, сами куќа правите, сами си се борите за независност, а се друго од страна, дали било помош околу деца, дали било куќа, дали било стан, дали биле 100 денари, дали било едно тенџере грав е само добредојдена доброволна помош, која вие нит треба да ја очекувате, нит да ја барате, а треба да бидете благодарни. Е кога ова ќе го сфатите, повеќе ќе постигнете отколку и 10 станови да ви препишат, небитно дали од едната или од другата страна.
Јас пак во ова гледам само низок удар од страна на свекорот. Кога рекле дека сакаат да одат под кирија тој тоа го сватил како предавство, непочитување кон нив, и секако сметаат дека снаата го „набуцкала“ синот да си одат. Па затоа тој и ја дал понудата кога Вицху била присутна, бидејќи знаел дека ттоа е единствен начин да ја повреди. Доколку го мислел тоа што го кажал, ќе си го викнел синот на страна и ќе разговарал со него за сите услови, па после син му нека си зборува со жената, така е многу фер за сите. Така да, не верувам дека имало искреност во тој предлог, само обид да и врати мило за драго.