Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Buttermilk

    Buttermilk Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2024
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    132
    Пол:
    Женски
    Хелоооуу луѓенца ❣️
    Пред 2 недели нешто се "скаравме" не беше некоја кавга туку ај така да кажам. И најсмирено ми кажа само пакувај се. И јас со целата сила Господ што ми ја даде во тој момент тргнав да се пакувам. Дојде и тој по мене, постојано ај да разговараме, стварно ли се одиш ми вели, очите полни му беа солзи уште да му капнат. Ме гушкаше, ме молеше И тогаш нешто попушти во мене и ајде се смирив. Не требаше знам, ама ете емоциите посилни беа од мене, иако искрено јас се зачудив во тој миг колку бев спремна на тој чекор иако беше околу 10навечер, а како што реков немав каде. И ова е голем плус за некој како мене .. После тие неколку дена се беше супер, си велам добро е сфати дека може да ме изгуби, добро е... Кога од некни пак лутења за безвезе Едноставно не може да живее тој ако нешто не му смета, веројатно.. И не попуштав,заради тоа што не бев крива и ајде тој пак се смири. Буквално како мали деца...
     
    На Nuny му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    3.863
    Пол:
    Женски
    Па и паднале маските додека го буцкала и со тек на време се освестил. Неизживеана мајка и несозреан син е ужасна комбинација, твојот додека го буцкала "созреал".
    Му се отвориле очите и се променил.
     
    На Panda00, winnie02, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Buttermilk

    Buttermilk Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2024
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    132
    Пол:
    Женски
    Истото и јас ќе го пишев за Скопје-Велес. Тој пат не е ништо во споредба со тоа каде што живееме ние. Многу пати пишав менталитетот што е во Скопје и овој овде е километарска разлика, никогаш ама баш никогаш нема да е исто и однесувањето и мислењето а и условите. Во Ск автобуси има постојано а овде само школскиот и толку, а сред лето пак 2 пати неделно минат. Излези прошетај од Скопје и ќе сфатиш дека не е секаде така розово. Иако и од ова село има многу, многу побетер, сум била сум гледала како сточарството е најразвиена гранка и за друго ниту виделе, ниту слушнале. За интернет да не зборуваме, да и ова го има иако е 21 век. Точно растев во лоши услови, со еден родител кој завршил само 4то одделение, никаков правец немав, совет што и да побарав немаше кој да ми даде. Мислев дека така треба едноставно, да го имав овој памет, тогаш на 18год кога кажав "да," се ќе беше посјајно. И не дека не сакав да работам, сакав и тоа многу ама не знаеш како е некој да ти брани, да вели не може од преголема љубомора и преголема контролираност. Не знаеш како е да ти се заканува дека ќе те остави ако работиш(камо да се вработив, па да ме оставаше) Не знаеш како е некој да ти дише во врат, да ти а преиспитува секоја одлука, уствари и самиот да донесува одлуки во твое име. Не знаеш како е да ти вели не смееш на кафе со другарка да одиш. Не знаеш, уште милион работи што ги прават овие личности верувај.. Не секој има среќа мед и млеко да му е животот. И не, не го кажувам ова да ме сожалувате, туку сама жалам што не можев на време да ги отворам очите, но се во животот ни е лекција, така и оваа ситуација ме научи на многууу работи, ми даде сила и храброст кои никогаш не сум ги поседувала...
    Сега го гледам постот, затоа сега ти враќам.
     
    На јolene, Mumoftwo30, flawless. и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Buttermilk

    Buttermilk Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2024
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    132
    Пол:
    Женски
    Браво за напишаното.
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    700
    Пол:
    Женски
    Штета!! Не си крива тоа никој не смее и неможе никој да ти го каже... Си немала правец, поука, некој да ти даде совет и учеше сама се во животот... Жал ми е што си поминала толку работи меѓутоа верувај созреа и тоа многу... Јас немав среќа првиот пат и тоа што ми беше само дечко и врска која беше толку турбулентна што ниеднаш не се покорив и ниеднаш не му попуштив.. Тој период на двајцата ни умреа татковците и после се тоа толку време толку проблеми не смееш ова, не смееш она, нне смееш таму, не смееш ваму, не смееш да зборуваш со овој со оној, нема да одиш таму, не смееш да не ми крениш на телефон, не смееш да не вратиш на порака, ако седнев на кафе тој беше маса карши мене, ако зборував на телефон тој ко бандера зад мене и ред други глупости... Собрав сила размислив и увидов дека на никоја машка будала нема да му робинка и да седам затворена дома необразована и не излезена на раат.. Се омажив за друг мислејќи подобро и пак ГРЕШКА од пет години... Типот лежи лебу да те јадам ова не можел она не можел добро во ред не секој се родил паметен ајде заглавив и тоа многу. Се вработив изразив желба за дете типот паметен нема проблем оп не фаќа 3години ... Мамичка вели не е ОК снаата ако снаата работи носи го гледа машкото бебе што не го допорастила .. Јас нерва милион се решавам процес инвитро батето иди на контроли како мачомен демек јас сум ГРОМ ... Арно ама тој гром не оставал трага ... Оп мамичка се налути како бебето неможи бебе да направи... Јас упорна спремам работи за заминување во Скопје и целиот процес да го поминам таму... Пред само тргнување го предомислува нема одење нема пари а не знае дека јас се средив... Не сака да дојде мене се спремно... Јас другиот ден се враќам кај мајка ми без збор без кажано... Си почнувам на работа имав денови земено па после неплатен одмор ама ништо .. Си поднесов барање за развод по кратка постапка спогодбено што да си ги кинам нервите јас и на домашните... Еве ме после два спонтани останав бремена Фала му на Бог и ситно бројам... Според претходниот дечко тој првиот од погоре никогаш немало да имам деца
    и ако некогаш сум останела бремена да сум му кажела... Вториот не искоментира ништо моментално се влечка со една со две деца а слушам мамичка не ја сакала а тој почнал да работи... Заклучок;
    Нема совршен маж! Мажите се типични единки кај кои некои работи мора толку многу да му ги поедноставиш за да прво сватат, резонираат па тек после разберат... Мажот е доволно да биде ОК према тебе, да те сака, да те поддржи и да помогни.. Не треба да ти симнува ѕвезди и да прави циркузи за да му веруваш и да го сакаш... И запамти секогаш кажувај што сакаш и што планираш и стој си на тоа !
     
    На Buttermilk, JasBee11 и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  6. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    700
    Пол:
    Женски
    Јас на твое место не би му се смирила!! Маж штом така ладнокрвни при кавга без опција за решение ти вели ПАКУВАЈ СЕ! Ни минута не останувам... И сега во брак сум се карала меѓутоа претходно му е кажано следново:
    1. Карај, пцујај, фрлај, крши... Крена рака на мене ЗАМИНУВАМ!
    2. Лути се, терај инает, наутро со кафе разговараме до вечерта легнуваме смирени
    3. Пиеш, се губиш ОК! Утрото немој да велиш не викај и незборувај ме боли глава ... Бидејќи кога е пијан нема разбирање мора утредента се да му се плесни!
     
    На Buttermilk, Mumoftwo30, JasBee11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Princess30

    Princess30 Активен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2025
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Моите свекор и свекрва. За многу што не ги познаваат во вистинско светло они се добри луѓе. Но вистината е далеку од поинаква, еве јас ќе раскажам да си олеснам. Имено со маж ми сме од наши 18години заедно така скоро пола живот наш се знаеме многу добро. Сеа сите што ги знаат знаат дека што би сакале моите свекор и свекрва да се удираат малку у гради пред сите дс се фалат дека они се најјјжртвуваните родители, немало некој родител што поише се жртвувал за своите деца од нив. Зошто ? Они мислат ако фрлат нешто финансии тоа ги прави родители, а другата слика каде е ? Епа вака јас и маж ми сме во брак 4 години, а 5 живееме заедно во оваа куќа па така овие 5 години јас се разболев од нив. Секоја вечер се вика маж ми доле на советување како со мене да се однесува, што сум правела јас, што не сум правела ќе дојдам и до тоа за кратко...Жртвуваните родители кои сакаат така да се наречат уживаат да му го расипат бракот на својот син, пробаа и на ќерката ама фала Богу не успеаа. Па така јас за нив од секогаш сум им расипничка на нивната фамилија, за ништо не ме бива зошто не метам двор јер тоа е многу големо достигнување во животот. Јас морам да слугувам кај правам кафиња( веќе ине правам зошто и јас имам веќе свое јас нема да дозволувам некој да си игра со мене цел живот) па кај ги правев кафињата јас сум им ги оставала доле чашите сум требала кога ќе испијат одма да ги земам горе и да ги мијам зошто ако не го направам тоа пак жалење на синот. Советувањето навечер се состои и од тоа јас како не знам да го чувам син ми, пазете секој што ме знае, знае дека сама го исчував цели 4 години со никаква помош од никого па нели јас не знам да го чувам они совети треба да ми делат и нормално се буцка маж ми да се скара со мене ама фала му на Господ што маж ми почна да ги согледува работите па веќе не е така како што беше на почетокот. Син ми за нив никогаш нема да биде подобар од другите внуци ( свекор ми не можам да го набедам за ова ама затоа за свекрва ми потпишувам со две раце ).Цело време слушам ако јас сум лоша, јас го вртам син им против нив и он више бил безобразен како мене зошто мене ме слушал, мене он ме финансирал, парите што ги заработувал само негови се, не мои и за крај јас да си барам кај мајка ми тука немам право на ништо. Живееме на втор спрат си направивме дневна, кујна и спална, има уште две соби од кои една е нивната спална ( да 5 години со нас се горе ) ама остај што ја држат спалната не дозволуваат ни другата соба да ја користиме ( зошто можела да се врати ќерка им ) па затоа ние сеа со две деца ќе се туткаме во еден плакар 4 души зошто така им се сака на старите. И така натаму, маж ми илјада пати има зборено со нив но не вродува нкогаш со плод луѓево се страшна работа се инатат за се како некои деца а начукале 60 години. Не се трпи ова повеќе. Маж ми не сака да си иде од куќава зошто бизнисот им е тука не сака да го остави ми идело да зсмам парталите и да си одам ама не вреди заради нив да си упропастам брак и детето без татко да го оставам да им ја исполнам желбата и они тогаш да си се шират..
     
  8. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    3.863
    Пол:
    Женски
    А твојот сопруг што вели кога тие ова ти го кажуваат?
    Ти работиш нешто?
     
    На JasBee11 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  9. Princess30

    Princess30 Активен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2025
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Не ми префрла никогаш за пари, дури и картичката кај мене е негова. Моментално не сум вработена ме избркаа трудна
     
  10. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    2.206
    Пол:
    Машки
    @Buttermilk
    Нека ти каже некој ако знае дали во Македонија има организација за заштита на жени да ти помогнат... Или незнам ако навистина си одлучна и ти врши притисок дај ќе ти помогнеме да најдеш работа и сместување..

    Не мора ништо да ни се поедностави доволено сме паметни да резонираме што и како треба, само на некој така му одговара.
    И не не сме сите исти, тргнувам од мене јас не сум таков и познавам други што не се исто така од голем број членки на форумот имам прочитано како поинаку од ова се однесуваат нивните партнери..
    Не е доволно да те сака, а и да те сака нема идиотски да се однесува.
    Најчесто се однесува така затоа што му одговара или општеството такво го направило и мисли дека мора така, ако вие дозволите поради тоа што е маж да се однесува така кон вас никогаш нема да се смени..

    @Princess30
    Маж ти нема потреба да оди на советување кај нив и да ги слуша... И може да се преселите на друго место и ќе патува за работа како и повеќето луѓе што патуваат.. Изговор е дека му е за работа блиску..
     
    На Buttermilk, Трагедијаупмм и JasBee11 им се допаѓа ова.
  11. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    3.863
    Пол:
    Женски
    Значи финансиски си обезбедена штом му ја држиш во раце картичката негова, тогаш зошто не си заминеш?
    Велиш си се разболела за 5 год. откако си таму. Кој седи таму каде што се разболува а има финансии да си замине?
    Друго ако си заминеш ти не го растураш бракот заради нив, туку вложуваш во твоето здравје, за здрави деца треба здрава и грижлива мајка.
    Во вашиов случај бракот го растура таа личност што не знае да си ја заштити примарната фамилија и постави граници кон сите други личности кој им го реметат здравјето и спокојот на жена му и децата.
    За старите јас не гледам дека се лоши, чуваат соба за ќерка им ако се разведе и врати, значи се разбрани луѓе. Од тебе сакаат само да сметеш низ двор, тоа воопшто не е тешко и така ако не си вработена што правиш по цели денови? Башка хигиена е пола здравје.
    Кај нив само грешка е што му солат памет на синот, ама за тоа тој е виновен, може да им постави граници, но тој има заеднички бизнис со нив, значи финансиски е зависен, а преку него и ти финансиски зависиш од нив плус живеете во заедница.
    Живот во заедница бара многу толеранција, а ти ако за 5 год.
    изгуби здравје слободно замини си.
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.195
    Допаѓања:
    25.471
    Пол:
    Женски
    Маж ти душо да им даде до знаење треба некои работи.
    Да стави линија до каде можат да одат.
    Друго, дете запиши си во градинка и почни со работа.
    Полесно ќе ти биде.
     
    На Buttermilk, JasBee11, DragonFly22 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Princess30

    Princess30 Активен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2025
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Кога не знаеш каква е ситуацијата со сестра му не можеш да збориш, јас сум прва таа што секогаш сум на страната дека треба да се дели се по пола и за машко и женско а ова сега што го кажав е зошто има нешто. Значи на ќерка им куќа и прават за да ги поделат нормално, а на син им ни пола спрат не го даваат е така во оваа фамилија синот е угнетен а не ќерката, плус ќерката секогаш како кралица е се и е дадено од куќава а на синот ништо секој денар го има сам спечалено од 10 години работи, за една возачка морал да сработи па да оди да полага, а ќерката дома и се на тацна :)
     
  14. Princess30

    Princess30 Активен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2025
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Со бебе сум мало дома.. затоа не работам чекам да пркне уште некој месец и одма би отишла на работа. Поголемото сега не иде во градинка ради бактерии да не му пренесе на малово..
    Маж ми некако више крева раце ми вика ќе ме умрат више не ги сфаќам што сакаат да направат
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    3.863
    Пол:
    Женски
    Па ти во стартниот коментар не го објасни ова вака детално и јас прокоментирав врз основа на првичното.
    Многу си дрска и арогантна и навистина искрено ми е жал што си во брак со мамино синче.
    Твојов го гледа сето ова и се уште трпи ваков третман, извини за изразов ама тој е типично муле.
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    948
    Допаѓања:
    1.556
    Пол:
    Женски
    А што бара мажоти на советување.Возрасен човек не можат да го натераат на сила да ги слуша.а што не се отселите.Кажуваш и дека ти ќе се разболиш и мажот ти вика ќе го умрат.Ем не ти одговара,ем не сакаш да си заминеш за тие да се шират.
     
    На Panda00, JasBee11, DragonFly22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.195
    Допаѓања:
    25.471
    Пол:
    Женски
    Ќе го умрат, ама никако нема намера да си оди од таму.
    И маж ти е за ќотек.
     
    На Panda00, JasBee11, Princess30 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    3.863
    Пол:
    Женски
    Ти веќе разболена за 5 год. сопругот ти се жали ќе го умрат, кој ќе ви ги исчува децата?
    Тргајте се со време, барем тој гледа како стојат работите таму.
     
    На Panda00, Luna91, winnie02 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    3.162
    Пол:
    Женски
    Е стварно ова упорно седење не го разбирам (и јас бев во ситуација кај шо сум го молела да си одиме оттука(не дека сега не би заминала само а да каже одма тргам )). Абе никако да не се прифаќа ете мм ,тука на други членки сопрузи,зетот... зошто ??
    Само некои глупи изговори ,работата ,куќата не знам шо...
    Као нема да ја средиш нова куќа /стан ?
    Ќе ти ја земи не знам кој оваа куќа ?
    Нема да најде друга работа ако дојди нож до коска ?
    Ќе патува некој саат до работа кој к** ?
    И да разговарав јас со мм, тој е изговорот :
    1 работата му била поблиску оттука.
    2 вложил во куќата...
    Глупости.
     
    На Panda00, Buttermilk, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    2.206
    Пол:
    Машки
    Вложеното секако се исплати, или ќе го продадеш или ќе издадеш под кирија ако е твое, ако не е твое секако 50/50 ти е сигурно дека еден ден ќе биде така да во туѓо си вложувал..
     
    На Buttermilk му/ѝ се допаѓа ова.