А ако имаш каде да одиш, замини на едн недела на гости, ама на него не му кажувај дека си на гости, туку само да си реши со неговите или вака ќе продолжите. Ти и децата треба да сте му приоритет!
Па ако 5 години уште не почнале да ,,легнуваат,, на брашно, за 25 сигурно ќе биде. Таман ќе ви пораснат децата за женење, мажење, па ќе уживате тогаш де, ќе имате кој да ви праи кафиќ по дома
Никогаш не е доцна за нов почеток , твојата ситуација не е нешто непоправливо. Секогаш можеш да се обидеш да најдеш работа да си заминеш. Јас имав партнер кој не ми дозволуваше да работам и беше болно љубоморен но после толку психичко малтретирање сфатив дека не сакам со таква личност да го поминам животот. Сите сме имале тешко во животот дали на еден начин дали на друг но сметам дека ништо не е непоправливо освен смртоносна болест друго се може да се промени и да се избориме за тоа што го сакаме.
Кафиќ ќе имаат ти што како да им завидуваш? Од домашен ќе го прошират бизнисот во јавно општествен и ќе течат пари до крова. Бар не им треба оглас и цв за кадар, се тоа ќе се искусни снајки, со стартно искуство кафекуварици. Да се немало грам сенс за бизнис, еден ден ќе и биде презахвална на свеки за едно како што пиша 25 год.
Кај мене сопругот цело време си ги слуша родителите прави како тие што ќе му кажат истите муабети ги зборува како нив.Најсреќен е со нив.За сопругата изморен е за разговор за децата исто.Го прашаа децата дали ќе оди на фестивал каде што ќе настапуваат им рече дека не можи си најде изговор ....исто и баба му и дедо му не можеа па откако заминавме се појавија сите тројца изгледа тие го натераа ....
Децава го прашувале? Родител е или комшија? Само треба да му текне, гордост да му е се што ги вклучува децата. И како терате вака, колку време и до кога? Ти уствари немаш брачен партнер туку цимер, па и цимер можеби би посветувал повеќе внимание. Многу им допуштате и си земаат замав и во врска беше ли ваков или?
И цел живот мислиш вака да живееш? И децата да живеат со еден родител, зошто другиот само на хартија постои.
Уште сме во заедница и се надевам што поскоро ќе се одселиме и ќе бидеме конечно сами ,ова веќе не се трпи и неподносливо е секој ден некој да ти пререкува и за се ти да си крива искрено не би посакала ваква свекрва никому
Конкретно за живеењето во заедница зборувам, едноставно се знае до каде носи тоа, и затоа пред време се збори за живеење посебно, а не откако ќе имаме деца, свесни сме какви жртви и последици носи заедничкото живеење.
Од прилика се знае... Ама најчесто луѓето мислат дека ќе се смени во брак.. А за живеењето се мисли на тоа пред брак, ако немаш каде да живееш нема зошто да се жениш/мажиш.. Никогаш не сум сакал да стапам во брак пред да имам кај да живеам на само со партнерката.
А нож до коска беше да се мажиш? Возрасни луѓе не треба да постапуваат без да размислат, просто е. Се планира животот, бременост, брак, се се планира.
Јас лично живеам одвоено, но искрено не знам сеуште дека животот може во заедница да е толку исцрпувачки. Во мојата околина познавам луѓе кои добро се слагаат со тук-таму понекоја ситница, но...што е совршено. Така да, пак јас мислам никој однапред не знае што не чека, особено деца кога доаѓаат на свет, се се менува, однесување на околината ние самите партнерот, итн. Муабетот ми беше, не за осуда. Сега што да прави членката да иде и главата у зид да ја мава за тоа "што си мислела". @Milica TR мое мислење е да се почне веднаш да се бара решение да се одвоите со сопругот. Доколку тој е нормален ќе засеме став за твоја, ваша одбрана, заштита. Додека излезете поставете граници. Седнете и објаснете ваша нивна страна, најдете нзс. Но сепак препорака е да се одделите, па макар кирија. Само трпеливо и смирено