Па не се мажам ако немам услови за живеење прво, додека не се договориме каде и како ќе живееме како возрани индивидуи, нема да стапувам во брак.
Реално кај нас зедницата е претставена како убаво нешто. Меѓусебна помош и поддршка, на рана возраст сме навикнати да се стапува во брак итн... Пред 30 тина години било чудно кога ќе се одделат да живеат младите ,во некои средини и уште е. Ние и генерацииве после нас се во првите шо го нормализираат ова. А и тоа да парот живее невенчан заедно некое време да види како е што е оти не е исто да се гледаш со некој 3-4 саати денес и да живееш 25/7. Па во мојот крај невенчани ако живеат заедно некое време па се скараат еднакво на развод му е
Не паметувам, тоа е мое мислење и по тоа сум се водела и ќе се водам. Сега затоа глава ќе си чукаш со свекрвата. Секако дека ќе мислам прво каде ќе живееме, и дали ќе имаме асална работа за да преживееме, нема да се мажам ако треба со уште 5 души у 50м² стан са живеам. За тебе ако било тоа добро, за мене не било и нема да е.
Многу поедноставно од развод е, а најпрактично е. Се се гледа, имаш увид во што и со кого се впушташ. Заедница не е за романтизирање реално треба да се гледа. Во некои ситуации дава предност, во некои уназадува. За се треба компромис и убаво да се извагаат нештата. Оди, оди, не оди чао-пријатно ќе си се снајдат партнерите како знаат и умеат штом се зрели за оформување свое семејство.
Прво не живеам во стан 50м2 јас напишав живееме во заедница поради условите кои ги имавме пред да се оделиме да точно дека имам свекрва не поднослива и безобразна ама затоа напишав едвај чекам да дојде моментот да се одвоиме и да се вселиме
Јас кажав пример, шо се фати за тие 50м².. и 60 и 100 да се, не идам да живеам со свекрва, па не знам што да е. Ако ти дошло нож до коска да морало да се мажиш, тогаш тоа е друго, си знаела пред време дека ќе живееш со свекрва, не те однеле принудно таму, 90% живот со стари е таков, не знам што очекувања си имала ти, навистина. Со време исели се, да не се оболиш психички, тоа ќе кажам, сочувај си го мирот - зошто нема цена. И подобро со мир во 40м², отколку со немир и презир во 100м².
Хаха, иронично, ама ок. Разговарај со сопругот, иселете се, секогаш постои решение, кирија, станбен кредит, доградба, куќа ако имате место, итн... Ако не сте биле спремни на ваков чекор, тогаш проблемот е во вас.
А мажот што вели за вашава ситуација? Твоите што мислат, да си заминеш од таму би те примиле назад или толку е си замина и ај чао?
Кога веќе си се нафатила трипи си. Син и треба да одлучи дали неа ќе ја слуша и трпи и или ќе си ја гледа жена му. Под ниеден услов не одам да живеам со свекрва, ма најдобра да била, газ ако сака нека ми лиже. И бремена да останам, кај моите ќе си седам дури не створи господинот да живееме сами. На памет не ми идеше да се мажам без решено станбено прашање. И во странство сум и кога се враќам Македонија сама си одам во станот. Едино останувам кај моите, никаква допирна точка немам со свекрвата. Ако сака син и нека си оди кај неа на неколку дена дур сме тука. Немам јас намера ниту живци неа да ја трпам, еден ручек и чао пријатно. Доволно и е.
Не биди дрска најкоректно те прашав, ете не знаев дека немаш родители. Добро, а каде живееше и со кого пред да се омажиш? Иако небитно... Работиш ли, имаш ли сопствени финансии?
Другарка ми нема родители, остана бремена и со мажот и седеа под ќирија, поради тоа што свекрва и беше слична ко твојата. Мажот и си кажа уште на почеток дека не сака жена му да ѓи трпи неговите и дека после 25г нема да ја присилува да си менува навиќи во таа куќа. Точно, немаме иста судбина, барем со мажот ти да сте се договориле. Он сигурно си ја знае мајка му каква е. Ако не ти е он поддршка, кој треба да ти е?
И тоа е небитно, едно сватив наместо било каков добро намерен совет добив паметување и мудрување осудување без некого доволно да го познаваш за наша несреќа такви сме ние осудуваме без да познаваме некого
До вчера пишуваше дека маж ти те изварал и си се спремала да му вратиш, денес како живееш со свекрва ти, која ти се качува на глава, и ти седиш таму, трпиш будали, а тука се расправаш со нас и на некој начин го одбрануваш маж ти за се што ти сторил, па дали има нешто полошо од ова? Сама свесно со влегла во таква средина, уште седиш и трпиш маж ти да те изневерува, и свекрва ти да те понижува, ти сама треба да размислиш што правиш, и во најскоро време да се решиш од будали, а не да се спремаш заедно со маж ти да се иселиш, туку сама. Пишуваш иронично на сите тука, а проблемот најголем е во маж ти, не во свекрва ти, трпиш будала, му седиш дома со мајка му, која ти тенчи нерви, а он те вара ваљда кога сака, не знам, преиспитај се што правиш и што сакаш од животот, среќно.
Па ти сама пишуваш дека те изневерил жено, очигледно не знаш каде и што си пишала. И ај не биди иронична, сите убаво ти враќаат ти се правиш паметна тука. Да проблемот е во маж ти, прибери се ти или можда ќе му враќаш за неверството?
Знам што сум пишала и стојам позади тоа а што ќе правам понатаму ќе бидеш благовремено известена бидејќи многу си љубопитна