Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Milica TR

    Milica TR Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2025
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Во ниту еден момент не побарав ни совети ни мислење само си ја кажав моменталната ситуација и мака во која се наоѓам моментално, совети и мудрување ,паметување како не сум требала да се мажам како сум требала да одам по кирија и многу слични небулози
    Еве сега ќе си го цитирам самата тоа што сум го напишала
     
  2. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.469
    Допаѓања:
    187.007
    Каде ви е планот да се преселите?
    Нов стан,куќа,во друга држава?
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.334
    Допаѓања:
    68.192
    Пол:
    Женски
    Ајде доволно е со оф топици и надмудрувања, нема поента. Кој не сака да одговара и реплицира не мора, кој сака може да го направи тоа без навреди.
     
    На Burevesnik, SummerGirl, JasBee11 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Eli311

    Eli311 Активен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2023
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите
    Јас немам проблем со свекрва ми туку со свекор ми. Имам пишувано порано по темиве за брак. Имав проблеми и со маж ми, но фала му на Бога се средија работите, се селиме за брзо далеку од неговите, немаме проблеми и караници веќе.
    Но имам друг проблем. Свекор ми многу пие и кога пие вика, навредува, тера, пцуе. Во последно време е нон стоп пијан и тоа кај мене предизвикува голем страв и напнатост што не можам нормално да функционирам и денот ми зависи од тоа каков ќе биде тој.
    Маж ми ми вика не си сама јас сум тука ништо не може да ти направи, ако проба ќе го убијам, но во мене е влезен таков страв што веќе вртоглавици добивам. Седам моментално на работа и се тресам што ли прават, дали вика, децата ми се тука со нив ќе се исплашат.
    Ако сум дома бегам излегувам со децата ама не можам нон стоп да бегам.
    Имам голем страв добивам тахикардии. Ве молам како да се справам со овој страв?
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.625
    Допаѓања:
    113.603
    Пол:
    Женски
    Деца оставаш со алкохоличар? Среќо татко ми беше алкохоличар, јас си имам сто пати отидено со дете од дома кога почнувал да вреви, а не па да го оставам сам со него син ми. Не знам колкави се децата, градинка, школо под итно.
     
    На Gosh, Medea. и JasBee11 им се допаѓа ова.
  6. Eli311

    Eli311 Активен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2023
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Не се сами со него. Со свекрва ми се. Ама ако почне да вика и да прави проблеми децата се тука и гледаат се. Јас сум цело време напната главата ќе ми пукне мислам.
    Децата едното на школо оди другото е дома.
     
  7. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.422
    Допаѓања:
    19.294
    Другото да си го дадеш во градинка. Свекрва ти нема што да ти ги чува , си има очигледно и таа доволно проблеми со алкохоличар.
    Ќе функционираш како сите ние без баба сервис во градинки, школи итн... се надевам за многу побрзо ќе се исселиш од таму пошто
     
    На Cka, Gosh, noteforself и 5 други им се допаѓа ова.
  8. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.861
    Допаѓања:
    6.467
    Пол:
    Женски
    Читам дека ќе се селите тоа е добро... Другото ако е помалечко нека оди во градинка да помине дел од денот таму па со свекрвати ако е разбрана кажи и како се осеќаш не знам да седат во друга соба,да ги шета додека дојдете од работа за да не се трауматизираат децата... Иначе тоа не е живот греота се дечињата така да што побргу одете си од таму
     
    На Eli311, JasBee11 и EvAngelos им се допаѓа ова.
  9. Eli311

    Eli311 Активен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2023
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Работата е што одам и втора смена на работа. Инаку кога сум дома јас знам што да правам и тогаш сум помирна. Си ги земам децата и си излегувам. Проблем ми е што кога и двајцата со маж ми сме на работа а децата се дома. Тогаш се тресам од страв.
    Да напоменам, не е секогаш таков, има денови кога е мирен ама мене ми е стравот веќе влезен после многубројни неубави случки и не можам никако да се смирам. Затоа барам начин како да издржам уште некое време додека не се преселиме.
     
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.625
    Допаѓања:
    113.603
    Пол:
    Женски
    Малото у градинка, за втора смена ќе се снаоѓаш, ако немаш на кој ќе го чуваат, ама ако можеш гледај со маж ти да се менувате со смените. Никако оставање деца со алкохоличар. Не би да ти влевам уште повеќе страв, ама големи се траумите од ваквите епизоди.
     
    На Medea., Eli311 и JasBee11 им се допаѓа ова.
  11. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.422
    Допаѓања:
    19.294
    Тешко тебр што да ти кажам.
    И маж ти е во смени? Не може да се менувате да не се поклопувате со смените?
     
    На Eli311 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Eli311

    Eli311 Активен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2023
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Да и тој е во смени. Ама и ако е тука тој во тој момент повеќе гледа да го смири татко му отколку да ги земе децата и да замине од дома. Страв му е и нему...
    Многу го слуша, му оди по ќеф, прави се што сака тој па макар и тоа да штети на нашиот брак. Не знам што да речам....во ептен комплицирана ситуација се наоѓам веќе години, и не можам веќе да издржам, чувствувам дека телото ме издава...како да сум сама на светов.
     
  13. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.195
    Допаѓања:
    25.471
    Пол:
    Женски
    Маж ти оди по кејфовите на татко му???
    Ако е така, собери деца и бегај, додека не се згоиле со трауми.
     
  14. Eli311

    Eli311 Активен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2023
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Да за жал ... Ако треба да бира нешто што сакам јас или татко му, го прави тоа што го сака татко му. Ако јас сакам да одам негде а татко му на друго место тогаш бира да се оди каде што сака татко му или тој оди со нив јас и децата сами.
    Јас сум свесна дека имам проблем и со маж ми ама....
     
  15. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.195
    Допаѓања:
    25.471
    Пол:
    Женски
    И си седиш со него ….
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    2.206
    Пол:
    Машки
    Семејството што го градиш со некој доаѓа пред семејство од кое доаѓаш... Ова ако не го разбрал до сега, нема никогаш... Ти секако си без него живеела со него или не... Не е тој виновен за тоа какви му се мајка му и татко му, ама е виновен за тоа ако дозволи некој да не ја почитува жена му и да дозволи децата да растат во нездрава средина.. И еве ти работиш 2 работи ако тој работи една сигурно може да се договори да работи само прва смена затоа што нема кој децата да му ги чува или тој нека најде 2 ако ви требаат финансии а ти само прва и после децата чувај ги.. Или зошто кај твоите не ги оставате или земете дадилка.. Што да кажат луѓето кои се во слична финансиска состојба а немаат кој да им ги чува децата?
    Искрено незнам ни зошто се нафаќате деца да чувате ако немате услови... Зошто да се мачат тие деца? Работете зајачајте финасиски, застанете на свои нозе и после чувајте деца... Ама не важно деца да се има, не е важно како и каде ќе растат..
    Греота за децата...