@Human8o Инаку, проблемот треба прво сопругот да го реши, да и каже т.е покаже каде и е местото, џабе ти ќе се караш со неа кога нема да те разбере и на крај краеви ќе излезеш виновна. Е сега, гледам од типот е што не разбира. Единствено да си го преберете клучот од станот и да не и отварате секогаш кога она ќе дојде. Валда така ќе разбере некако. Може е дрзок начин, ама на такви што не разбираат многу најубаво е така да се постапи.
Имало нешто, се викало менување на брава. Дали е по фризери, дали што купува, ако е со нејзини пари не знам што е проблемот. Како купува со парите од мажот ти не разбирам, и заедничка сметка ли имаат?
Ги троши нејзините први за тие работи, мажот ми и плаќа сметки, за автомобилот нешто ако треба на мајстор, бензин, и на крај кога ќе остани без пари и дава и за секоја нејзина потреба што неможела да ја задоволи со пензијата, а тој и дава демек за јадење, ама таа на што било ги користи
Многу ми е тешко да се поставам толку дрско од жал, пошто ако не сме ние нема никој едноставно, во исто време само нерви си берам....
И мене ми беше жал за многу работи , ама неа не и беше со убаво замолена 300 пати на крај дојдовме до во 3 соби да сме а да зборуваме само службено. Сменинси брава ако те поддржува мт некое време може ќе се лути после ќе се помири можеби и ќе имате нормална комуникација вака не верувам да издржиш уште долго.
Платете и некој креативне курс, сликање, плетење, декорирање, репарација на стар мебел, нешто што ја привлекува, што ќе ја поврзе со други луѓе. Очигледно е опсесивно врзана за вас, не ни знае за поинаку. Таман ќе си купува и нарачува за своето хоби, брзо ќе ве "заборави".....Нова година се ближи, сега е идеално за изненадување....
Без да ме сфатиш нешто лично, женава е пуфла што е навикната да живее така, едноставно тоа е нејзино издание. Ова другоно ти е од мажот ти, затоа е така слободна (иако може и си ја знае убаво, па тебе ти мачка очи). @Human8o
исто и на мене се деси. Беше многу фина кога бев девојката на синот. Највеќе разлика виде кога нашто прво дете се роди и таа почна да ме критикува за све… а јас сама си го изчува бебето од почеток. Почнаа драмите дека јас ги прифаќам советите на мојта мајка повише (а мајка ми не се мешаше толку).
Така е. Ако нејзиниот син не ја слуша, зашто ние сме дужни? Најголемиот проблем е тоа. Што се осеќат дека се оставени и за тоа синот е крив, а не снаата.
лелеее јас си мислев дека сум проблемот. Секад почне да фрла критики и пасивни коментари кога он не е таму. И после си мисле дека она ништо лошо не рекла (оти се ‘зафркава’) и дека ја сум drama queen.
Маж и жена + деца се ново семејатво, родителите и останатите се фамилија . Нема тука кој кого слуша. Ако е дпволно зрел да направи дете ваљда знае да резонира.
Шо, да не треба со папочна врвца засекад да биде врзан за мамичка? Тоа шо се осеќале остаено и осамено, си е нивен проблем. Нека си најдат занимации, има триста, сеа стариве не се толку прости, одма би си нашле нешо со кое би си пополнувале време, али не е интересно како коа директно се мешаат у животот на децата нели? Синчето е криво што јасно не постави граници до каде смее и не смее, а дужен да ја анимира, не е.
А јас се чудев што ме привлече темава да ја отворам кога веќе го решив проблемот со свекрвата! Сега знам! И да, советот е на место.