Се согласувам со вас. Но и некад си мислам како е и на неа да изгубе син. Затоа на почетокот многу и ги објаснуваше одлуките (што беа заеднички со сопругот) и да и докажувам да не се осеќа дека не ги слушам нејзините совети (пошто сопругот ништо не и објаснува -сега рабирам зашто). Но после сватив дека треба синот да и објасне некој работи, а не јас. Оти она нема никаф да мисле лошо за него, и ако се скарат. Ама ако јас почнам да се расправам оти не прифаќа граници, тогаш јас секад ќе бидам ‘некултурна’. Тоа е моја грешка од почетокот на бракот оти она ми викаше “ако имаш проблем не иди преку син ми него директно кажи ми” и јас мислев дека правам добро… но неможат две жени од други генерации да се разберат. Неможам некад и со мајка ми да се разберам, а не па со друг.
Ама никој не губи ништо. Он пак и' е син, само што синот веќе не е дете, независен станал, си формирал свое примарно семејство и тоа е тоа. Почитта секогаш се очекува да се има, од сите страни. Клучна е за добар однос. Не размислувај на овој начин, не барај да ги разбереш овие мајки зашто реагираат така ко што реагираат. Ако вистина си го сака своето дете, ќе ги остаи да бидат среќни и на раат да си живеат со жената и децата, доколку имаат. Со правење сплетки само докажуваат колку се злобни и себични, ниту нивниот син не го сакаат.
Многу мажи немаат капацитет да разграничат што е мајка, а што (потенцијална идна) жена. @Mrs. right Ама и старите општо не се цвеќиња за мирисање. Ќе сотрат нешто за инает.
Тоа е омилена активност на типичната македонска свекрва. Да имаше како, би провериле и што всушност има под таа долна облека. Мора да се знае сè, на крај краева за доброто на синчето се работи.
Зошто би се осеќала така? Што да кажеме за мајките на девојките? Син и живее во иста зграда со неа. Да ќе ја почитува, ќе и помогне мајка му е, ама не може таа да го поседува цел живо. Го изгубила сопругот, тешко и сигурно, секогаш сум за да се помогне да не се осеќа осамено некој, ама не е синот виновен што починал и него сигурно не му е сеедно... Не може така да се однесува.. Не го изгубила синот, треба секој родител да разбе дека тоа дете нема постојано да е со нив и еден ден ќе замине и ќе има свое семејство и тоа семејство ќе му дојде пред семејството од кое потекнува..
Мојата едвај чека да заврши машината за сушење и да ми ги здипли тангите. Бидејќи машината за сушење си ја купивме ние и ја ставивме долу кај неа, за да не се качува горе кај нас да носи алишта. Ние помлади ќе се симнуваме
Не знам дали има тема ќерките и мајките и не знам дали сум единствена, ама јас повеќе проблеми имам со мајка ми во моментот отколку со свекрва ми. Свекрва ми е толку одмерена и културна жена, буквално мислам дека секој збор пред да го каже 10 пати ќе се преиспита да не ме повреди и сега за сега немам никаква замерка за ниту со неа. Ама затоа мајка ми понекогаш душата ми ја вади. Ја сакам, ја почитувам и не се тоа којзнае какви проблеми, секојдневни закачки ама толку знае да ме извади од такт со тоа што секогаш мисли дека нејзиното е најдобро и таа е во право...што веќе имам кренато раце не се ни расправам а ниту пак кажувам работи што знам дека ќе ја тригерираат. Откако останав бремена цела фамилија тетки стрини и мајка ми вклучително ми солат памет. На мајка ми недај боже да и кажам дека сум пошла во теретана да вежбам - после има милион подпрашања. А зошто, па не смееш да вежбаш, на бебето ќе му наштетиш, ти се консултира ли со доктор што смееш да вежбаш итн. И кога ќе и кажам дека имам дозвола од доктор добивам: Тие младите доктори мислат дека се знаат... Ако ми излезе некој резултат на крвна слика надвор од нормала, веднаш и се пали аларм повеќе знае она дали смеам да земам терапија и која, плус добивам лекции ако не се јавам ОДМА ПОД ИТНО на матичната да пријавам. Па во 5ти и 6ти месец бременост бевме на одмор, тоа беа драми дома, страв ми беше да кажам дека сме букирале авионски карти од што знам дека одма ќе испаничи. Сугестија од мене недај боже да прифати за нешто, нема шанса. Се плашам што ќе се случува кога ќе дојде бебето...
@poker_face Разбери ја, мајка ти е. Нормално ќе се грижи за тебе и нешто нај минимално да е одма скока. Немој да мислиш свекрва ти дека со тоа муци цуци фино понашење ептен мисли на тебе. Не дај боже да ти е нешто лошо, тешко, сигурно свеки нема да ја боли повеќе од мајка ти. Потполно те разбирам, мајка ми е иста. И 50г да имам, пак исто ќе биде. Понекогаш, мислам секогаш знаат да претерат, ама по добро од ова низ тоа уво и споделувај и го тоа што ќе знаеш дека ќе го прифати. За друго, најубаво сама си знаеш. Здравје наскоро ќе бидеш мајка, ќе видиш како е. Да сте живи и здрави најважно, друго не си ставај толку на душа.
Нема да се смени, ќе збори а ти ќе ја игнорираш, некогаш несвесно ќе ти пушти некоја буба, па рационално ќе си ја решиш. Свекрва ми е слична, знам за каква особа се работи. За све бара решение, све преиспитува, за све мора некој кривец да има. На мм многу му делува ама растен е со нејзе, мене ми е најчесто смешна ама знам дека нема лоша намера..
Од реченицава можеме слободно да заклучиме дека свекрвите се лоши само зашо се свекрви, и мислам да затвориме темава слободно. Се мешаат, безобразни се - не чинат. Фини се, ве прифаќаат, пак не чинат. Па јеботе, нит се води нит се тера.
Па грото од поплаките се од свекрви, не за џабе се 2377страници. Не кажав дека се лоши, кажав дека сигурно свекрва нема повеке да те сака од мајка. Или ќерка и нема да ја вади од уста или синот ќе љубомори зошто е одделен од неа.
Тоа дека нема повеќе да те сака од мајка нема ,ама пример мојава ни син и не го сака ни ќерка и. А тек па мене
@FlirtBerry во право си дека мајката не може да ти мисли лошо. Јас го знам тоа, и знам дека била жртва за мене, дека секогаш ми била подршка и дека нема лоша намера со советите - едноставно таков и е карактерот и мисли дека е корисна со искуството што го има. Само не разбира дека некогаш претерува со тоа дека мора да е по нејзино зашто мисли дека тоа е најдобро, и плус дека ми е мајка си дава за право малку повеќе да ми соли памет зашто е послободна во комуникацијата. Тоа не значи дека свекрва ми за некои работи нема исто мислење како мајка ми (иако никогаш не ми се спротивставила на било која моја одлука или постапка), ама едноставно одбира да се воздржи и да остави на нас ние да одлучиме за било што. А не сум видела вака пред мене да му се понаша на маж ми како мене мајка ми што си дава за право да ми се понаша, не ни живееме заедно, ама можеби некогаш кога не сум присутна и таа му го прави истото. Битно на мене не ми згрешила никогаш. @Cherry333 си имам најдено стратегија за ова - тоа што знам дека ќе ја тригерира не го кажувам и дури и кога не се согласувам со нејзиното мислење едноставно викам океј да, и си продолжувам така како што јас сум замислила зашто сфатив дека е залудно да се објаснувам и на крај само ќе се скараме. А тоа дека по дифолт свекрвата е секогаш лоша не би се сложила. Статистички многу повеќе недоразбирања има помеѓу свекрви и снаи, ама има и многу примери на девојки и жени овде што немаат никаква подршка од родителите па трпат во брак зашто немаат каде да одат итн.
Разбирам дека внимаваш да не ја тригеруваш, и тоа е навистина убаво. Но од другата страна недостига свесност за нејзиното однесување. Затоа, кога ќе стане напорна, нема потреба да се објаснуваш или да докажуваш зошто мислиш поинаку. Доволно е мирно, јасно и културно да ѝ ставиш до знаење дека претерува. Кажи ѝ дека искрено ти значи што се грижи за тебе и што ја имаш во животот, но и дека не си веќе дете — имаш свои ставови, свои убедувања и свој пат. Замоли ја да ти остави простор сама да ѝ се обратиш кога ти треба совет. Во спротивно, ќе мораш природно да се повлечеш за да го заштитиш својот мир. Сè што е претерано, навлегувачко или невкусно треба да се каже директно и без страв. Без разлика за кого станува збор — здрави граници се неопходни.
Скроз на место коментар. Пробувам со мирно без да се расправаме, само во нашево општество не само дури си во куќа, туку и кога ќе излезеш од куќата уште треба да ги слушаш родителите Изгледа кога ќе се роди бебето ќе треба да поставам јасни граници уште од почеток, за да немам после главоболки.
Од 18 години па нагоре си своја личност и никого не си должна да слушаш, дури ни шефот ако бара да работиш нешто што не стои во договорот. Само во Македонија човек тешко може да порасне и целосно да се осамостои. Ќе видиш колку сè ќе се промени кога ќе го добиеш твоето дете. Подготви се однапред и постепено почни да поставуваш здрави граници.