[quote="Daydream] Затоа мајка му на дечко ми ја сакам, абре искрена и реална си е, ми кажува во лице дека ме сака, ме почитува, мила сум и' ама никогаш нема да ме сака како синот свој што го родила крај. Многу симпатично , ке те засака i taka со тек на време ке видиш, ако ја види твојата љубов кон син и. Има убави примери каде свекрвите навистина си ги сакаат снаите. Таа сепaк е мајка на нејзините внуци. Али за другиве работи се гледа дека ти се теоретски, кога ке почне секој куќа сам да “врти“ времето ке покаже колку се важни парите. Плус деца, сметки, кука... На почеток сите така велат , не се битни парите, не се битни, ама кога ке ги нема, ке види тогаш човек.
Секако дека има свекрви што си ги сакаат снаите - мајка ми ја сака снаа ми, мојата свекрва тврди дека двете снаи си ги сака. Нема тука ништо спорно. Работата е што таа љубов не е иста со љубовта кон синот. И сосема е природно да не биде.
Исто, сега не се сеќавам на никот на феминката што се жалеше дека мажот и си ги фрлал алиштата по земја па свекрвата го бранела - што очекуваше ти, дека она ке собира по него? Како мајка ти по тебе додека беше мома? Вел, ноу, сакаш маж, сакаш дете, ама и да киснеш на фб и на фемина. Епа не може. Бракот има обврски. Мажот ако рмба ко вол на работа, заслужил да му ги кренеш алиштата, а не да го озборуваш каков е, па дури и на мајка му. Сакаш двете да се здружите и да го карате за едни алишта? Да му се стемни што си иде дома? Чудни сте жими се. Ако двајцата сте по цели денови на работа, разбирам поделба на трудот, ама ако си домаќинка а он носи пари, барем биди домаќинка на место. Жените по три деца имаат и се им е на место, од едно бебе приказни направивте. Баба ми викаше - не е момче шеќерче. Епа не е, ако не ви се свиѓа бракот, значи не сте спремни уште. Затоа на 20 не се мажи.[/quote] драга моја, од тоа што ти си го извлекла како заклучок за мене, видов дека не сум била детална во објаснувањето: не сум домаќинка, на 6 месеци се вратив на работа, и за разлика од мажот ми, кој има семеен бизнис и оди и се враќа од работа кога сака, јас имам полно работно време, тешка и одговорна работа, мајка ми по дома не ми дигала алишта дур сум била мома....напротив се ми било на свое место, оттука може и нервозата за алиштата на мажот ми...и не знам само од каде ги извади сите овие работи за мене ..ама ајде нека ти биде....
Секако дека е нормално да не биде, јас на мојата и викам. -Како што ти никогаш мене нема да ме сакаш како свое родено дете, така и јас тебе нема да те сакам како што си ја сакам мајка ми. И ова не го кажав за да ја навредам или да се направам нешто туку стварно тоа го мислам, и така е секаде не само кај мене.
драга моја, од тоа што ти си го извлекла како заклучок за мене, видов дека не сум била детална во објаснувањето: не сум домаќинка, на 6 месеци се вратив на работа, и за разлика од мажот ми, кој има семеен бизнис и оди и се враќа од работа кога сака, јас имам полно работно време, тешка и одговорна работа, мајка ми по дома не ми дигала алишта дур сум била мома....напротив се ми било на свое место, оттука може и нервозата за алиштата на мажот ми...и не знам само од каде ги извади сите овие работи за мене ..ама ајде нека ти биде....[/quote] Не кажа дека си на работа ) Затоа и реков кога се двајца вработени треба поделба на трудот. Во секој случај, свекрвати нема да го кара за тоа. Ке мораш сама да го средиш
Ама и бабите си ги сакаат зетовците! На мајка ми понекогаш и се испушта да му рече на мажот ми: „Синко, .....“ Ја имам слушнато и на другите зетови така да им се обрати. А за тој едниот кога збори целата е насмеана , дури и мажот ми приметил и ми вика: „Ааа, него повеќе го сака“, љубоморен е , ама нема врска, му велам, него само поретко го гледа, а тебе секој ден . Али сума сумарум, ќерките си ги сака повеќе и тоа е природно. За оставнината, СЕКОЈ ОСТАВА НА СВОЕТО! И факт е дека секој родител најмногу од се‘ посакува среќа на своето дете, ако бракот со избраната особа го/ја прави среќен/на, не останува друго, освен да се прифати изборот. И како што вели мајка ми: едното мора да е туѓо, не може и двете да се твои! Но, туѓото треба да се прифати, а не да се брка.
[/quote][/quote][/quote][/quote] Она мене и сега ме сака, и понатака може ќе ме сака повеќе ама нема да ме сака никогаш толку колку што го сака својот сопствен син, како што и јас неа ја сакам, ќе ја сакам може и повеќе ама мајка ми никој нема да ја замени. Тоа си е нормално. Мене би ме загрижило да не е така. Инаку за второво, не можам целосно да се согласам со тебе, затоа што се зависи од човекот односно од двајцата што се во брак. Моите родители доаѓале до ситуација да немаат ич пари, ама секогаш сами се бореле, СЕКОГАШ, меѓу нив никогаш немало твоите вака, моите така, никогаш не се правело муабети за куќи, станови или дека утре понатака можеби или од едната или од другата страна ќе им се препише нешто. Никогаш не спиеле на тоа уво дека ете понатака, за едно 30 години можеби, има веројатност да ете некој на нас препише нешто, всушност таа тема сега пред извесно време се отвори односно баба ми од страната на мајка ми ја почнаа таа тема, во врска со нејзината куќа. Ние дома искрено никогаш не сме ни спомнале за тоа, поготово па јас и сестра ми, сме имале и заборавено на тоа. За нас постоело само тоа што моите родители го створиле и ништо повеќе од никого. Така што, пак се враќам на тоа дека се е до луѓето. Првенствено треба на себе да се потпреш, во било која ситуација, па отпосле ако треба, и на друг. Јас така размислувам и знам дека понатака и да имам и да немам пари никогаш нема да чекам од моите, или да чекам куќа да ми препишат, ниту пак ќе чекам од страната на маж ми. Прво јас ќе се борам, ќе се испотам, ќе постигнам најмногу што можам, а после 30 години ако случајно ми остане нешто од нив супер, ок, добредојдено, ако не, никому ништо. Тоа е тоа што сакав да го кажам, а не снаиве во денешно време, штом отидат во друга куќа, штом се омажат одма планови прават, кој, на кого, кога требало да даде, кога требало да препише и се мора по нивен крој да биде. Се нешто им смета, де свекрвата на криво ги погледнала, де золвата разговарала со мајка и'... Треба да бидат благодарни што некој им дал кров над глава (мислам на тие што се во заедница), а за повеќе пак ќе кажам, ќе си запнат со мажот и ќе се створат, па макар да биде и една соба.
ok, времето е најдобар показател за се. Љубав на папиру добро звучи , али је мало другачије у пракси . By the way, како замислувате да изгледа, или како би сакале да изгледа, таа “идеална“ љубов од страна на свекрвата?
Што сте се запнале бре сите за да ве сака свекрвата. Ич не ми треба да ме сака, туку да ме почитува. А и јас го нудам истото, толку. Сакање според мене е сосема друга фрекфенција. Па јас прво неможам да речам дека ја сакам, да ветам дека ќе ја сакам или ќе се трудам да ја сакам, или тој од мене да го бара тоа
А-а-а, ајде признај си колку крајчиња од леб си изела за: да те сака свекрвата. Јас само крајчиња јадев, па сега ко ќе ме седне свекрвата: гушкање, сакање, леле мори мајко!
Убаво што ТИ Уплатиле стан твоите родители,ама не наведуваш на чие име го ставија станот???? И велиш дека сте верени,значи не сте во брак,по дифолт сопругот твој,утре не дај Боже ,нема што да бара од станот. Ова со Виши,според мене ,крајно невкусно ,од страна на свекорот ....Откажи се снао од станот или делот...како и да е!!!! Па после ќе и цедат лимони на глава,она е никој и ништо,со една кеса алишта влегла,бла,бла,бла....А мажот нејзин,фраер...да му се плукнам во маштината....Ако е прав маж,требало да му се заблагодари на татка си за понудената помош и да си излезе со сопругата под кирија... Мене моите родители да ми понудиле стан и да бараат мм да се откаже од станот/делот,БИ МЕ НАВРЕДИЛО МНОГУ.Па никој не влегува во брак поради половина стан кој одпосле е ставен во игра. И како што бараат старите да се откаже снаата од делот,утре значи снаата не треба да средува/купува ништо за во тој стан,нели,во туѓа мајка дете не се прави.... Се се тоа манипулации на старите да ја стават снаата во подредена ситуација.
Напишав цел реферат, ама ми снема интернет и се отиде во вода , не можев да го вратам. Ај сега да си се пожалам и јас од мојата свекрва. Кога и да почнеме муабет со мм за свекрвата, мм секогаш ми вика дека од сите снаи свекрвата мене најмногу ме сакала, му викам да се однесувам и јас така како она што се однесува со мене, не верувам дека ќе ме сака најмногу. Не живееме заедно, ама свекрвата малку повеќе ни се меша во животот/бракот. Скоро две години како сме верени и четири месеци како правевме свадба, и уште на почетокот после веридбата свекрвата ме запна за бебе (јас тогаш уште студирав, уште еден семестар ми имаше останато за слушање), по телефон ми вика „ајде знаеш бабите што сакаат (на внуче мисли нели)“, да сум си го износела додека сум била на факултет, она не знам кој од синовите (3 ги има ) го „носела“ кога работела не знам кај. А јас бремена да одев на факултет - нема теоретски шанси. И почна жената на секое јавување да ме замара со тоа и почнав да не и се јавувам. И за беља пред неколку денови и се јавив на јатрва ми (и они се одвоени, ама блиску се) а она да ти била кај старите и ми ја даде јатрва ми свекрвата на телефон. Правевме што правевме муабет и ми вика „ја и ти треба да правиме нешто муабет, ама не вака по телефон“, викам ок, нема проблем, а мене ми текна дека може пак за бебе да е работата, барем по муабетот така ми изгледаше. Е сега ние си планираме бебенце и си работиме на случајот, ама дај кажете ми како да и кажам на неа, нормално ако муабетот е за тоа, ама така убаво да и ја затнам устата еднаш засекогаш на таа тема. Пред свадбата мм направи список со гостите (бидејќи тој сам си ја правеше свадбата) и на списокот имаше ставено еден негов другар (со кој сега не живее толку многу, другар од детството што би се рекло), ама при правење на распоредот за седење го исфрли другарот од списокот (кој иако беше повикан по вина на свекрвата (ќе пишам подолу зошто), сепак не дојде). А свекрва ми веднаш после тоа отишла кај другарот на мм и кажала/се пофалила дека мм планира и него да го вика, и нон стоп после тоа му викаше на мм да го викне другарот, во стилот „јас да не ти се мешам, ама викни го другар ти“ оти нели таа се пофалила дека и тој е планиран. А нешто дојде кнап со поканите, ама го викна мм, што ќе прави. После свадбата ми кажуваше една од јатрвите дека таа сакала да се сватосува со мајка ми (татко ми е починат и се сватосуваа на татко ми барт со свекорот), кај се видело и чуло жени да се сватосуваат, не знам за дргуо место ама тука кај нас до сега немало такво нешто. Кажуваше и други адети и обичаи околу свадбата, ама адетот дека свекрвата треба да купи злато за да ја дарува невестата ниеднаш не го спомна. Немаат пари, разбирам, не ни сакам да ми купува, а и да требаше да се купи, златото ќе го купеше мм, а после тоа таа да ме дарува и да се перчи дека ја дарувала снаата - е такво нешто немаше да дозволам. Ако е за мм да го купи тој и после свадбата ќе ми купи. Свекорот работи, но има мала плата, некаде околу 8000, а таа седи дома и на секое идење кај нив се жали дека немале пари, таа не можела да работи, имала висок притисок, нозете ја болеле, а татко ми и со висок притисок и нозете го болеа од реума и пак работеше до последниот ден до пред да го добие ударот. Ама на неа синовите и рекле дека таа не мора да работи, они ќе им помагале кога ќе требало, а веројатно тие тогаш не биле женети и затоа така и рекле. А сега сите женети, двајца дури и со деца и едвај го поминуваат месецот, и она очекува да и помагаат. Живеат на село, чуваат кокошки, имаат фолија со пиперки и патлиџани и даваат по нешто, ама на секое давање „се зафркаваат“, свекрвата посебно, овоа волку чинело, оноа онолку чинело во продавница, за јајца посебно, 10 јајца чинеле 80 денари...(концентрат за кокошките неколку пати купуваше мм и не му даваа пари, ко демек и ние сме зимале јајца, а другиот син што е во село којзнае дали некогаш има купено концентрат, а јајца зима нон-стоп, многу почесто од нас.) Разбирам еднаш - двапати да се нашали ама на секое давање..... Мене почна да ме нервира тоа и му реков еднаш на мм дека не сакам веќе да зимаме било што од кај нив, а он ми вика ти ако не сакаш јас ќе зимам, епа викам кажи им да намалат малку со шалите за плаќање на тоа што ни го даваат. Ако можат да помогнат нека помогнат ,ако не ич не ни мора да ми помагаат, такво помагање како нивното ич не ми треба. Мајка ми колку пати ни давала се и свашта што таа купува со пари, ама никогаш па дури ни на шала нема спомнато за да и даваме пари или пак овоа волку чинело, оноа онолку чинело, е ако си порачам јас нешто да ми купи нормално и давам пари (некогаш ги земе, некогаш не, зависи до сумата, а и мајка како мајка, за децата да има, за неа ако остане, ама изгледа дека сите мајки не се исти). Се запишував јас на долго, има и уште за пишување ама ај доста е, извинете на долгиот пост, само сакам да ве замолам ако можете да ми дадете совет за тоа што го побарав во првиот параграф .
Е сега ние си планираме бебенце и си работиме на случајот, ама дај кажете ми како да и кажам на неа, нормално ако муабетот е за тоа, ама така убаво да и ја затнам устата еднаш засекогаш на таа тема. Па барем ова е лесно, ако почне за тоа муабет, тури една насмевка на лице и кажи: ќе биде, ќе биде, а ти прва ќе дознаеш кога ќе има нешто ново“ Ем ќе и дувнеш под пердуви дека има предимство пред другите, ем ќе знае дека се работи на случајот! А ако заборави по некое време па пак те праша, ти потсети ја на претходниот разговор. И така......
јас само да ѕе прашам, дали твоите ви рекоа дека ВАС ( тебе и на мт) ке ви ја потпишат куќата, или само ви рекле да се влесите ако немате каде? Знаш голема е разликата да се вселиш кај некој и пак да си гостин и да имаш нешто а сопствено име. И за крај да те прашам, дали ако само ти работеше твоите ке ви купеа стан на вас двајцата или ке гледаа на некој начин да те заштитат и тебе Ок прочитав некои викаат, штом дошла снаата дома, дека треба да ја гледаат како нивна и незнам што,ама реалноста дава друга слика, разводите се се побројни, а снајките се помрзеливи и покористољубиви. Видете и јас не сум омажена, но знам дека тоа не би ме навредило ако старите на мм го побараат, затоа што и јас имам брат и би сакал и моите него на ваков начин да го заштитат.
На тема за предбрачни договори, сите се еманципирани и веднаш би потпишале предбрачен договор... ама ако навистина треба да потпишат нешто, тогаш летаат ножеви. Инаку, свекорот веројатно не знае, ама во случај на развод, НЕ се дели тоа што било кој од сопружниците добил како подарок, на пример-стан . Ако моите ми купиле кола, тогаш таа не спаѓа во заеднички стекнати имот. И ако му купат стан на човекон со вечно незадоволна жена од претходните постови, таа и вака и така нема законско право да бара било што од тоа во случај на развод. Ама веројатно сакал свекорот да види реакција од снаата, изгледа се сомнева со кого си има работа. А јас за себе лично секогаш велам дека јас и мм заедно имаме само една кола стекнато (односно купено со наши пари), живееме во стан на родителите на мм, станот е на име на свекорот, и дури кога спомнаа еднаш што на кого да припадне (нормално, што на кое дете, не на мене), па и мене ме прашаа, јас си кажав дека ниту има нешто мое, ниту утре нешто од тоа ќе биде мое, ниту ме интересира што како ќе делат (ама не сакам ни во моето да ми се мешаат , нормално).
Јади крајче, да те љуби мајче...!!!! А, не свекрва ти. Какво сакање бе...да се има почит, разбирање, а за љубов тука се мажињата.
Е добро де,нека го заштитат,немора воопшто да се жени,ќе си го штитат мама и тато,а не некоја жена која сака да му го земе големото семејно богатство тн стан/куќа. Токму поради ваквите размислувања(мама и тато го штитат синчето од ,,лошата,,сопруга која патем самото синче си ја одбрало и без присила и понудило брак) многу бракови трпат кризи,па и завршуваат со развод. Па на крајот на краиштата,зошто не го заштитат синот така што ќе го пуштат да живее кај родителите на снаата(ќе си отиде со една кеса алишта никој ништо нема да му бара станот никој нема да му го дели),ама не,...домазет да биде не бива,ќе му ја јадат душата.... а женското ко на пат да е најдено,па ајде сега...удри...ќе си ги лечат комплексите на неа.... Ова со Виши е ептен апла напад само врз неа....срам да им е на сите тројца,ако толку се засегнати за материјалното,утре,задутре и лебот има да и го прогледуваат...
не сум мажена но си ја неркувам свекрва... Кога зборувам за неа како да зборувам за мајками.. Жена во вистинска смисла на зборот ! И знам дека кога и ке се омажам за син и кога ке ми биде вистински свекрва ке остане иста и подобра ! се познава добра жена... Секој добар збор оди за неа ! незнам како сите се жалат од свекрвите но ја неа ја сакам премногу. А МАЈКАМИ А ТАА НЕ ПРААМ РАЗЛИКА МНОГУ ЈА САКАМ И ЈА ПОЧИТУВАМ И ТАА МЕНЕ ИСТО