Тоа е нејзин проблем. Луѓето кои прават вака се сериозно емоционално незрели. Додека не ти каже директно што е проблемот поради кој не ти зборува и ти однесувај се како да нема проблем. Не ја препрашувај, не ѝ обрнувај посебно внимание, формален однос и формално честитање.
Во право си секако. Само што женава си е посебна. Пред некој ден со ќерка ми одев до продавница, па и велам ајде одиме ние (надвор пиеше кафе), не ми кажа ништо, се сврте на друга страна, после неколку дена се лути дека сум се навредила од тоа однесување. После не зборува не зборува и после некое време плаче како е сама, јас сум лоша итн. А плус, секој ден му зборува на мм за мене
Оваа е далеку од посебна, оваа е токсична Ова е личност со пасивно-агресивно однесување, менување улоги (прво игнорира, потоа се жали дека е навредена, потоа плаче и се претставува како жртва), мешање трети лица (му зборува на маж ти за тебе). Затоа функционираат само кратки, неутрални одговори, формална дистанца, конзистентност (секогаш ист тон, без исклучоци). Никакви разговори за чувства, намери и „што си мислела“. Целта не е да се „разбере“, туку да нема простор за драма. Дополнително важно (многу!) Не реагирај на плачење, жалење и обвинувања. Не објаснувај му на маж ти „што навистина било“ по 10 пати – само кратко: „Јас сум коректна, не влегувам во драми.“ Ако таа зборува за тебе, ти молчиш и си доследна. Со време, драмата умира сама кога нема публика.
Да да, така си е. Драма кога сме сами нема, едноставно како да кажам како да не постоиме една пред друга. Целото глумење е пред мм. Не можам да кажам дека не ми верува ама има ситуации каде што дури јас самата не можам да поверувам што прави кога сме сами а што пред луѓе, не па тој, што му е мајка. Како и да е, јас не се правдам, сигурно и моето однесување не е најдоброто решение , воопшто да немам контакт и да не си зборуваме, ама со таков човек или тоа или еден ден ќе останеш без нерви. Јас сум таква осетлива душа, не можам да не се замарам кога работите не се како што треба. Еве пример, пред некој ден му зборувала на мм за мене, дека сум искачала ептен (одам само до мајка ми), па зашто сум била јас невеста, ручек кој ќе правел (готвам посебно), па после тие коментари како очекуваш да има мир и хармонија
@viks2 ќе ѝ речеш дека затоа постојат готвените јадења. Испрати ја таму културно, нема да си помалку домаќинка ако некогаш зедеш готвено, ниту па треба да се чувствуваш лошо. Само осеќам болна ќе падне после.
Aуу, па јас цел месец бев тема на озборување дека пазарам од поскапиот маркер наместо поефтиниот, па каков детергент користам од најскапите и слично. Сега секогаш кога мм ќе отвори тема за штедење пред неа веднаш игра на таа карта♀️ Ама не се замарам, ниту барам ниту сакам, се додека купувам од мои пари
Да ве прашам нешто. Како успевате да имате бракови со вакви проблеми? Сериозно прашувам. Не ви иде да станете и да си заминете од таму да бе трпите се и свашта? Па ја да сум или ќе си одам или полиција ќе ме апси за убиство ))
А што ќе кажат луѓето ? Се вратила назад? Растурила брак? Научен е народов да ќути и да трпи. Па после во некои 50 ти години, кога ги удира една по една болест, цацко е крив.
Ама зашто се мажат во такви токсични фамилии не ми е јасно.. Здрава ќе влезеш, болна ќе се сториш. За што?
За да се каже дека се мажени. Еве и да не знаат дека таква е фамилијата, после некоја година да почнат да се покажуваат во право светло треба да си седне со мажот и да каже дека така не функционира ова и под итна постапка да си оди од таму. Или на маженцето не му се остава мамичка, не сака да се оддели од неа.
За народот. Зошто живееме на поднебје, каде е срамно да си собереш партали и да се вратиш кај родителите или да отидеш под кирија. Ако си под кирија, шансите да си к**** во очите на народот, се поголеми, дека нели жената го расипала бракот и сега ќе оди со мажи.
Јас мислам дека и маж ќе ми се одмили ако имам такви проблеми околу. Како успеваат секоја им чест. Јас пред брак врска раскинав заради ова. Знаев што пекол ме чека. Подобро сама него мажена и поболена и да трпам секакви " пациенти" ...
Јас на ова прашање може да ти кажам дека изгледа не сум ги согледала некои работи реално. Сега од искуство кажувам, во иста куќа а посебни спратови никако! Секогаш има простор за расправија и мешење. А како и сите други додека бевме дечко и девојка, не беше мед и млеко ама и не беше лоша, ја прифатив како повозрасна жена со свои размислувања и сфаќања. Додуша додека бев бремена не се замарав, ама откако се породив ептен ме допреа некои работи
Прашање до вас што живеете во иста куќа со родителите на мм ама на посебен спрат. Дали заедно јадете за Бадник? Ние секоја год заедно, ама сега со бебе некако сакам сами.
Jaс на моја иницијатива јадеме заедно, греота ми е сама да ја оставам. За мене Бадник, Божиќ и Велигден се за семејството, немам душа да ја оставам сама. Не е дека сме во којзнае колкава идила, да се разбереме, ама греота ми е.