Форумџика на годината

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. snowwhite.24

    snowwhite.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2023
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    683
    Пол:
    Женски
    Тука се двајцата и свекор и свекрва, ете и јас заради почит и тие работи се двоумам, ама па од друга страна си сакам сами да сме.
     
  2. Queen-Victoria

    Queen-Victoria Нов член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2025
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Зависи какви карактери се , дали нив би им сметало ако бидете за празник сами? Ние секоја година сме сами горе , маж пред да дојдам знае дека едвај прифатив така да живееме и му реков дека нема ништо да трпам па , не ме ни прашува дали сакам заедно едноставно така се поставив на почеток дека они свој живот ние свој , ако не му смета на маж ти , прашај го за сами да бидете , зготви им нешто на нив отколку да се рече а седете сами , тоа не значи дека нема почит или слично , секој треба да има своја фамилија со која ќе слави празници ,нема ништо лошо во тоа.
     
  3. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    563
    Пол:
    Женски
    Ние живееме одвоено, но јас сепак мислам дека треба сами. Вие сте едно семејство
    Доколку се луѓето добри и сте во добри односи, може и заедно, греота да се сами. Во спротивно секој посебно.

    Сепак е топол, семеен, овој празник, убаво е да се повеќе луѓе на маса.
     
    На viks2, Mother of 2boys, lovely91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. viks2

    viks2 Активен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2023
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    21
    И јас сум во ситуација како твојата. Самиот празник си носи некоја своја убавина и не би сакала да го поминам во расправија. Мое мислење е дека ако се сложувате со луѓето да вечерате сите заедно. Можете после вечерата да си скршите лебче вие посебно горе, ако ти е голема желбата.
     
    На 1209 и JasBee11 им се допаѓа ова.
  5. BubamaraM

    BubamaraM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    3.086
    Скрос те разбирам затоа што сега ако си имате бебе, сакаш да си поставиш кај вас и да си обележите вие тројца како семејство. :hug::l:

    Да сум на твое место би си наместила кај мене трпеза за Бадник, би си украсила порано, а после од почит (ако сте во добри односи) би пошла и кај нив, и би поминала време и со нив.
     
    На snowwhite.24, viks2 и JasBee11 им се допаѓа ова.
  6. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.542
    Допаѓања:
    19.449
    Не сме во иста куќа ама еве сме на 15мин пешки едни од други. Откако сме во брак правиме сами. Ми нема логика да одам кај нив дома. Цело време се збори по темиве за неодделување на мажите од неговите родители а после пак на нас жените ни е грев а дојде Бадник-Велигден.
    Нема весе што сте иста куќа, кога сте различни семејства.
    Ај да разберам да е свекор свекрва сам па да се покани едниот.
    По мене не треба да правиш отстапки, зошто одма растат очекувањата дека за се' ќе треба да правиш отстапки и да одиш кај нив.
    Пак ќе кажам,тоа што сте иста куќа различен спрат не го гледам како заедница
     
    На mama31, snowwhite.24, lovely91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.190
    Допаѓања:
    205.055
    Пол:
    Женски
    Ние заедно правиме заедничка вечера на Бадник, еве веќе 15 години. Кај моите немало традиција за Бадникова вечера, не се правеше тоа во Охрид, па не ми е од посебно значење дали сами или со нив ќе правиме. Ќе си ја истераме вечерата, ќе го поделиме лепчето и тоа е тоа. Тие ја почитуваат мојата традиција за пита со паричка на Василица, јас ја почитувам нивната за Бадник. Тоа воопшто не значи дека не сме посебни семејства, напротив.
    Имаме хармоничен однос, иако не беше отсекогаш така. Ама од старт сме одделени, по обострана желба, не пречи воопшто што некои моменти ги споделуваме заедно.
     
    На theowndemon, 1209, JasBee11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.196
    Допаѓања:
    8.723
    Пол:
    Женски
    Свекор и свекрва се типови на луѓе што абер немаат од празници, прослави итн. Како наближува пример Нова година, со 300 прашања се кој ден што се правеше и тоа секоја година така, ај да речеш еднаш ќе запамтеа.
    Од друга страна во мојот дом т.е кај моите се обележувал секој празник, со посебни припреми, храна итн. Е сега сакав јас да си почнам со маж и дете традиции вклучувајќи и од кај моите и наше нешто ама од друга страна стариве се "нафрлаат" баш бадниковата вечера да е заедничка или ручек за Божиќ или Велигден, така да правиме колку да се рече дека правиме.

    Од неколку блиски што ги имам во иста куќа, различен спрат - прво си вечераат младите со децата сами, па за благо/десерт или што и да е, се симнуваат накратко кај родителите.
     
    На MorskaSirena и JasBee11 им се допаѓа ова.
  9. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    1.464
    Пол:
    Женски
    Што е проблем една вечера на празник? Особено ако се живее блиску.
     
    На Burevesnik, Biljarkata, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. MorskaSirena

    MorskaSirena Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    1.932
    Допаѓања:
    6.092
    Пол:
    Женски
    Како да ја опиша фамилијава на маж ми. Кај мојте што викаш секој празник се со ред си се правело. И за поголеми празници не се работело, не се чистело, перело и така си терам тука. Кај нив нема ништо тоа.
    Кога дојдов ја тука си продолжив како што сме правеле дома, со лепче со паричка со се. Е сеа додека беше жива свекрва ми си правевме само ја маж ми и ќере ама сега свекор ми сам доле жал ми е да го оставиме така сам доле па доаѓа горе си ручаме/вечераме заедно.
    А еве мојте со брат ми се исто во иста куќа на различен спрат, ама откако се роди внук ми сами си прават горе. Снаа ми си кажа сакаме сами да си правиме, мојте нит се налутија нит пререкоа нешто.
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.272
    Допаѓања:
    47.155
    Пол:
    Женски
    Сакам еден ден сами да правиме Бадник, ама кога сме веќе во иста куќа не сакам да се делам, а и убаво ми е сите на куп да прославиме, тие ми се празници за блиски луѓе и не гледам причина зошто не би славеле заедно.
     
    На H.VAGA, snowwhite.24, Калатеа и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.139
    Допаѓања:
    17.141
    Пол:
    Женски
    И вие снашките ја претерувате значи.

    Аман колку дигнати и недопирливи сте биле|(

    Еден ден вие ќе сте на место на старциве, па ќе ве видам дали сеедно ќе ви е да ве отфрлат.

    Не зборам тука за тие шо заслужиле да се отпишат од живите.

    Која патолошка дистанцираност владее, страшно :x
     
    На christinnn, Burevesnik, An-na и 3 други им се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.612
    Допаѓања:
    134.611
    Пол:
    Женски
    Де, бе.
    Да не можете да се истрпите барем еден саат... :D
     
  14. Johanna22

    Johanna22 Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2024
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Празници се и убаво е да се биде со фамилијата, ако се блиску и сте у добри односи.
    Ние секогаш прво дома ручеме и делиме паричка па за вечера одиме ние и брат ми и снаата со малото кај моите и вечераме заедно!
    Да беа тука и свекрва ми, и таму би иделе.
    На старите им значи многу тој еден саат поминат на трпеза со децата, моите цел ден спремаат, готват и се полни радост кога ќе стасаме.
     
    На st-el, JasBee11, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.272
    Допаѓања:
    47.155
    Пол:
    Женски
    Не знам и јас не можам да разберам толкава одбивност да се сподели Бадникова вечера со постарите.
    Сега да сте ептен у лоши односи во ред, ама ако сте во иста куќа и имате муабет, не знам што ќе се случи ако заедно вечерате.
    Секој си знае ама радоста е поголема ако се сподели.
     
    На christinnn, snowwhite.24, Burevesnik и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.196
    Допаѓања:
    8.723
    Пол:
    Женски
    Не ми е одбивно да седам со свекор и свекрва колку што ми е одбивно оти го правиме тоа ради ред оти така требало.

    Еве паралела
    - кај моите научени кој празник кога е, како се чека и спрема, вечера во мир за Бадник, без многу претерување, после тоа филм или нешто заедничко низ дома
    - за Божиќ исто без претерување ручек, па или ќе дојдат роднини или ние сме оделе.

    Од сопругот, пред некој ден за Нова година
    - Свекорот: абе Х, кога беше тоа сите заедно кога седнуваме да вечераме
    Јас: за Бадник
    С: и кога се паѓа тоа?
    Ј: на 6ти вечерта, во вторник значи....

    Свекрва со план за 15 различни типови јадења, што ни ги јадеме, ни ништо и ќе се претеруваат по фрижидер цела недела ама нели да има...
    Вечерата е обавезно или со турска серија на Тв пуштена да јачи низ цела куќа или фудбалски натпревар било што, пошто не смее пола час нешто да се пропушти од Тв.

    Исто свекрвата - што план имате за Божиќ? Ако немате планирано нешто да видиме Скопје или Битола дали работат трговските или пак низ Грција да се прошетаме...

    Еве колку ни се битни празниците, битно е заедно на вечераме, на тој едниот ден, ко ќе се вечера така.
     
    На LiquidLuna, JasBee11 и 1209 им се допаѓа ова.
  17. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.478
    Допаѓања:
    5.450
    Ние додека бевме во заедница со свекрва ми славевме заедно мислам и така си е правилно. Од кога сите сме си сами секој во свој стан кога има со кој да слави си слави
    Оваа година е сама и не мм туку јас ја поканив мене ми е многу жал човек да е сам за празници и да нема кој да го скрши лепчето и така да годинава е добродојдена во љубов, мир и благосостојба а за само живи здрави ќе си славиме пак други години. Ама добрината и почитта кај еден човек е да сме сите сплотени и заедно
    Мислам без разлика свекрва свекор татко мајка
    И да не заборавиме може и секој од нас да остане сам сепак нашите чекори ги следат нашите деца
    За многу години денот
     
    На snowwhite.24, Johanna22, st-el и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.542
    Допаѓања:
    19.449
    За Бадник, бар во Скопје адетот си е секој дома. Нити мајка ми инсистира да одиме, нити свекрва канела. Едноставно така и они се одделиле, така и ние си се делиме. Кога ќе остане некој сам, добродојден ќе е секако нема да го остајме.
    Овие што ми се колешки од други градови си имаат тој адет си одат дома кај мајките или свекрвите и тоа си е на нив.
    Во Скопје, гостите се тераат за Божиќ. Бар сите во фамилија и пријатели сме стари скопјани и вака се терало, јас никогаш со баба дедо не сум кршела паричка за бадник, ниту мм, ниту другаркиве, ниту па родниниве...за разлика од внатрешноста каде повеќе се инсистира на тоа веројатно. Ама на кој како му е убаво, да не е терет важно за никого. Веројатно вие што се мешате или е по ново или се влечат адетите од другите места.

    Плус да дополнам од мали сме учени за Бадник не се оди нигде. Негде во средно почнавме да искачаме за бадник едино работеше рамстор мол и кафиќот таму, пошто муслимани го држеа. И тоа со стравови одевме пошто забрането за бадник да се шета :D па еве и сега не ми текнува кај свекрва/мајка да одам на лафе или вечера пошо не се искача од дома :D
     
    На 1209, Mimmi39, JasBee11 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.457
    Допаѓања:
    198.645
    Мојата траума од младоста и причина зошто се отселив илјади километри подалеку. Не се излегувало од дома. Е зошто- оти така рекле. Кој рекол, не знаеме|(. Боже свашта.
     
    На SummerGirl, LiquidLuna и Milkiway им се допаѓа ова.
  20. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.542
    Допаѓања:
    19.449
    Хахах вон тема ама со другарка средно се криевме со цигарите, абе едвај од дома излеговме родителите едвај не' пуштија крави на 17години :D и после паричката ајде во рамстор кафето и цигарите и со мислата дека ќе сме казнети. Останало тоа кај и да си за Бадник/Божиќ да си дома:rofl:
     
    На Angie1432, Biljarkata и SummerGirl им се допаѓа ова.