Абе дури не се иселив од дома истата песна беше- за Бадник, Божиќ морало дома да се биде Па превентивно се иселив многу километри подалеку. Јас, еден демократски слободар, вечно во потрага по вистината - кој рекол и зошто да не се излегува. Ама неее, диктатура не ја занимале прашања, во каменот така пишело. Еден разумен одговор никогаш не добив на темава, сеуште трагам по истиот. Еве кој знае, нека каже. Мислам суеверија за верски празник ми е скроз богдачува .
Исто толку валиден одговор добивам и кога ќе прашам "зошто леќата или спанаќот не се подгреваат?" "Заради железото." е доволно според нив, ниту обратното од гугл е недоволно да искоренеш нешто генерациски всадувано во глава.
За спанаќот и гугл не е едногласен, леќата ако е со компир, ама зошто од дома не смее да се излезе ни гугл сигурно не знае.
И кај нас е тоа правило дека на Бадник дома се седи, ама дома ми е на мене кај моите сеуште и кај неговите исто, па не гледам причина зошто да не споделам Баднил со нив. Мислам и да живеам посебно со повозрасни деца јас би ги поканила нив, не знам јас сметам дека нема лошо ако споделиш со блиските. Нека е за многу години празникот, кој како милува нека слави.
Кај нас дома правило е за Бадник дома да се седи. Татко ми нон стоп ми викаше преку цела година шетај, за Бадник дома да си седиш. Еве годинава со мм исто, сами славевме и дома си мирисавме на лук и кромид прејадени како мечки легнати. Сега адет било на Божиќ зетот кај бабата да оди да честита, па еве да се спремиме и ќе одиме за Гевгелија, мајка од сабајле прави јадење по желба на зетот.
Никој не треба да е сам за Бадник. Посебно ако заедно сте правеле, па сеа не сакам одеднаш. Јас ја викав свекрва ми, она не сакаше со нас. Ама немаше ич да ми смета, мерак ќе ми беше оти ќе ми пофалеше се што сум зготвила.
На двете места. И за Нова година и за Велигден исто. Е сега не бевме кај свекрва, внука му на мм со температура си дошла за Коледе и незнам дали кај некој врие некоја инкубација од вирус или грип.
Јас знам дека се оди кај бабата и дедото. Зетот им оди да им честита. На свекрвицата по порака и честитав јас и овие денови ќе одиме еден ручек да истераме.
Да, затоа што на времето се живеело во заедница и се славел Бадник со свекор/свекрва, па нели другото семејство за Божиќ се почитува.
Да, од мала со мојте одевме прво кај едни па кај други. Не на ручеци, туку мезе/кафе. Тоа за Божиќ Сега исто од кога сум во брак кај едните пример на 7ми, кај другите на 8ми ручек/вечера...
Ние као патријахална традиционална држава полна со патриоти со вонвселенски семејни вредности кои протестираат против педерастијата и водат не знам дали Бадникови или Божиќни поворки не можеме еден ручек со старите да изедеме на најголемиот празник, додека у една Америка каде пропаѓа семејната заедница, деца растат со две мајки или двајца татковци и сите со секој се отуѓени слават по 30 души, немаат кај да седнат, од маче до бивша жена од прадедото се збрале. Мех.
Ако живеете во иста куќа зошто да е проблем да јадете заедно на голем верски празник ? Тоа е суштината на празникот ама некако се изгубија сите традиционални вредности и се повеќе е за стори на инстаграм која подобра трпеза ќе извади.
Не јадеме заедно за Бадник и сметам дека тоа е лично право. Уште првата година им кажавме дека така одлучивме. Кој е тука греота и зошто? Да е некој сам, свекор или свекрва, секако дека ќе ја/го викнеме, но ако и тие си слават двајца исто како и ние, не гледам каде е проблемот? За мене лично Бадник е еден од позначајните денови, кој сакам да биде традиција во моето семејство како што бил и претходно и да го прославам онака како што сакам јас. Нема потреба од многу оправдувања, ниту е злобно да се одбие да се слави заеднички. Не секој го слави на ист начин или му придава иста важност. На крај поважно е да има слога и почит, отколку заедничка вечера за Бадник каде никој со никој не може да се гледа
Потполно се согласувам со тебе. Ние сме си посебна фамилија, дури иако живееме во иста куќа секој треба да си е посебно! Еве мене не би ми било убаво да седам и да вечерам со неговите за бадник.
Ние до пред некоја година заедно вечеравме, ама се одделивме и сега ми е некако поубаво. Свекрвата со девер ми си праве. Ако дојде ред таа да остане сама за Бадник нормално дека ќе ја викнам со нас, затоа што е многу жално за Бадник сам да си. Ние секако не сме ни скарани, баш напротив, кафе пиеме заедно, ручеци и се тоа, така да нема да ми биде проблем да вечера со нас