И ние првите 2, 3год за Бадник одевме кај свекрва ми. Искрено мн ми беше тешко, воопшто не се радував на празникот. Ама почна мн да се меша во смисла да напнува да спиеме кај нив, проба да коментира зошто прв ден Божиќ да одиме кај моите (иако за доручек сме биле кај неа), значи не само тие два дена тоа и телефонски по неколку дена се коментираше ,,леле што отидовте таму, ете овде за доручек од Бадник јадењето да се изеде, па после за ручек божиќниот ручек", на спикер беше и ми дојде преку глава и му реков на сопругот кажи и наредна год Бадник сами ќе правиме, прв ден Божиќ ќе одам кај моите втор ден кај неа (се надевам и она ова го слушна). Никој нема право да ми се меша кога да одам кај моите! И среќа наредна година сопругот најверојатно го запомнил ова и увидел дека не ми е сеедно што сме таму за Бадник сам одлучи дека посебно ќе славиме иако тие денови на трепки му се качија за таму да одиме. Веќе 3год сами си славиме, нема ништо поубаво од мир. Џабе ќе сум таму а напната цело време
На почетокот за Бадник одевме кај свекрва ми доле, золва ми не беша мажена . Па после со мало дете јас. И стално напната ситуација. Свекор ми изнад сите вери па се нешто имаше баш тој ден да каже. Вајда оти тогаш пиеше ракија па го ослободуваше. Баш тој ден мораше да се реши кога таван ќе се чисти, кога трева ќе се коси, зошто сме му го тргнале ѓубрето од дворот ( си го собираше он) итн итн . Оти детево мое вака прави оти нака. Се мораше баш тој ден/вечер да се реши се. Опуштање никако. И золва ми се омажи, малата ми беше 4 год и решивме веќе сами за Бадник. Мислам по раат во живот не сум била. Свекрва ми знаеше зошто никогаш не се налути. Секоја година се качува кај нас веќе кога знае дека сме завршиле со адетот. И баш ми е мило, седиме и уживаме во едно узо. Божиќ сабајле доле, ручек кај мајка . Така било од секогаш така ќе тераме. ((Инаку да доловам зошто ни сметаше баш за Бадник што мораше да се реши се, оти секоја недела заедно ручавме и никогаш не спомнуваше ништо. Ама ко ќе дое Бадник готово толку.)
Тоа е таа напната ситуација. Тогаш се делат, тогаш кров поправаат.... Кај нив за тој ден за доручек може да се јаде колбаси со јајца што за мене било незамисливо, ја немало магијата на Бадник...
Затоа најубаво сам и готово. И јас раат и они раат. Многу повеќе беше сопругот напнат него јас. И тој пресече.
Јас имам модерна свекрва, за Божиќ и Велигден не се прави ништо, со свекор ми одат по молови да тепаат време. И да сакаме ние со нив, они не сакаат и не се ни дома. Маж ми е потрадиционален тип и сака семејни собири за тие празници, па затоа одиме кај моите.
Убавина!! Мојата не знае да готви и свекор ми спрема вечера за било што, па дури и за Бадник, Божиќ и Велигден.
Бога ми, само знае да направи пилешко во кари и толку. Дури и садеви не мие, директ во машината одат, 2 чаши 2, нежни и се рацете на неа. Сега гледам свекор ми почнал да гледа видеа да учи да меси.
Е да, башка свекор ми е шовер на страна и рачунај картицата е кај неа. Многу убаво си ја има наредено. Сакаш да одиш на ручек кај неа одма те прашува што сакаш да порачам?
И ние на Бадник вечер сме сами. Првата година свекрва ми предложи да одиме кај нив, јас одбив затоа што сме посебно семејство и затоа што не фаворизираме родители (зошто да одам на Бадник кај свекор и свекрва а да не одам кај моите? Ако веќе воопшто одам кај некој мада јас сметам дека Бадник си е прослава во домот каде што си, во нашиот случај од старт живееме сами). Такада решив тоа по брза постапка
Убаво од твоја страна, од старт си решила. Иста си сум и јас, Бадник си е да си славиме сами со мм, уште немаме деца, пресни сме, прв Бадник ни беше ова и исто ни предложија неговите, ама си кажав од страт јас, мене мм ми е фамилија сами си личи да си прославиме. Ете ептен да не излезе лоша свекрва ни направи сарма, а мајка ми замеси лебче, друго сама си спремив. Не би да седам јас со свеки на денот на Бадник и да ја слушам.
Кај нас во Источна Македонија лепчето со паричка се крши на Бадник, а кај маж ми, бидејќи е од Западна, се крши на Василица. Јас си го почитувам адетот на Бадник. Кога свекрвица дознала преку золва ми дека на Василица не ставам лепче со паричка, почнала да зборува по роднини дека правам како мене што ми одговара. Ние и онака не комуницираме, но очигледно сè уште сум тема кај неа.
Јас сакам да сме дома, да ни замириса дома на Бадник, спремаме колку што знаеме толку, се учиме да печеме тесто интересно ни е. Нареден ден, Божик одиме да честитаме нормално, исто и за Нова година (со тоа што не ги обврзуваме ручек да ни спремаат, освен ако сами не ни најават, туку чисто да си честитаме празници и да ги испочитуваме).
А што е проблем да ги почитуваш и двете традиции. Како му е на маж ти само твоето да се почитува, неговото не. Не сте ми јасни некогаш со ова моето за другите ич не ми е ни гајле. Според ова сте се нашле со свекрвата две магариња на мост па се кошкате за се. Губиш и ти и таа. Најмногу губи маж ти зашто треба да балансира меѓу двете. Греота за човекот.
Шо и се напна на членката, она не е ништо крива. Шо не земе маж и да си меси и да си става паричка за неговиот празник? Зошто мора жената се да спреми, да слави и да подготвува? Шо праи маж и? Се легачи?
„Да ти објаснам. Немам време да се кошкам со свекрва ми, ниту ја сметам за фактор во мојот живот. Очигледно таа е таа што се замара со мене. Не сум во добри односи со неа, особено по навредливиот коментар што му го кажа на мм.Затоа, тоа е моја лична работа дали и кога ќе правам лепче .