Друго беше поентата. Нема шо свекрвата да се меша во туѓ дом. Кој како сака така нека си слави. Ние во југоисточна Мк и двата ги славиме, паричката за Бадник дома, а паричката за василица или по наше стара нова година, надвор со друштво.
Не ми се верува дека уште од 5ти се договарате кај да кршите лебче со паричка. Ако успеете да се договорите, пишете кај кој ќе се падне парката.
Друга ми беше поентата. Не му ги почитуваш традициите на маж ти. Зошто е твоето побитно од неговото. И паричка на Божиќ во леб има симболика и паричка во пита на Василица има симболика. Само што ти не сакаш тоа да го согледаш. Од кавга со свекрва.
Никаде не спомна дека поради свекрвата е така. Најверојатно така одлучиле со мажот. Што има врска кога ќе је стават паричка? Мажот ја прифатил традицијата на жена и нема ништо лошо во тоа. Сто пати паричка ќе ставаат ако не.
@Adidas888 јас ставам паричка вл пита, а не месам. Може и маж ми да ја стави во готова пита. Леб исто купувам. Битно е почитувањето еден со друг. @Mr.Limonko за љубов и кавга се потребни двајца. И за оваа тема е така.
Е алал да ти е што убаво и кажа,да си ми здрава и жива.Според неа ако неправам за Василица,не го почитувам сопругот.Едноставно е,за Бадник се имаме договорено и тоа е.
Татко ми е влав роден 59та. Мајка ми не е влаинка родена 63та. Тој дома мазник за Василица, ,мајка ми на Бадник ко биле ергени да речам. Ама се зеле..... Решиле да живеат во Велес па за Бадник кршиме лепче. Е сега да ти ја доловам поентата на муабетот. Ако они двајца во тие времиња кога не се мешале влав и македонец и решиле САМИ шо сакаат и кога сакаат да кршат леб, сега во 21 век во 2026та год имаш муабет кој и го наметнуваш на членката кога треба па и ја обвинуваш ради кавга со свекрва и не делала на Василица. ОНи двајца решиле на Бадник а свекрвица може од гз да си апне и на глава да застане пак нема да е на Василица. Кратко и јасно. Не е ниту за инает на свекрвата ниту за инает на комшијата. Едноставно си решиле така. Каде живеат како се дели така се прилагодиле. А толку ако сакала свекрвата нејзина мир и да биде се ок можела да наведне кичма и да ги покани за Василица нели?
Еве ние „сто пати„ правиме Бадник според мојата традиција, Василица по на маж ми традицијата. Сите среќни и весели
Некои се прават паметни се мажат/женат, а не ја почитуваат традицијата на брачниот партнер, како само они да имаат традиција и никој друг.
Па никој не рече да не се прави по на двајцата желбите, сите кажаа погоре да се прави по она што е договорено а не свекрвата што сака. Ете некои си ставаат еднаш паричка, некои два пати. Мирот во куќата е важен. Како се договориле брачните партнери така. Сите останати коментари се само зајадливи.
Кога и подобро ќе размислам, ова со свекрвата мешање е помодарство, скорешно. Не паметам баба ми да ја замарала вујна ми, или свекрвите на мајка ми, стрина ми, тетките, комшиките. И уште не ми е јасно зошто таа што прави повеќе паричиња е поголема жена од оваа што не прави. Тоа е луѓе интимна фамилијарна работа. Кој кога сака нека слави, тоа е убавината на секој дом, разбирањето, а не осуда! Значи мотото за сите зајадливи па и свекрвата: Пушти ги брачните партнери да ја живеат својата среќа!
Ако традиција во фамилијата на мажот е жената нозете да му ги мие водата да ја пие треба да се почитува? Затоа некои луѓе не можат да си најдат сродна души, е ради вакво размислување. Традиција е поубава да си со семејството во опуштена атмосфера. Ако мажот и жената најдат НЗС да слават нешто тогаш и тогаш тоа е за нив традиција или започнување на нова, нивна. Кога некои поединци ќе сватат дека мама и тато се за мама и тато тогаш сите среќни и весели.
Нас ова ни беше прв бадник во брак ама решивме кај свекрва ми да бидеме за бадник и божиќ бидејќи претходно бевме кај моите. И ние сме од два сосема различни краеви со мм и кај нив се става паричка за василица а кај нас за бадник. Свекрва ми се јавила на мајка ми да ја праша каков е адетот кај нас за бадник за да го испочитува тој адет баш како што се слави кај нас и имаше направено лепче со паричка и се што се прави за тој ден, иако кај нив не се слави така и не се става паричка во лепче. Ептен позитивно ме изненади.
Кои селски муабети бее.. Моите деца имале испрчени носиња многу убави на свекрва ми биле немале како мојот гаден. Јас гадна сум сака да каже читај меѓу редови а она најубавата Сакав да и речам на син ти убава сум му таква ме сака
Не рече гаден туку не убав нос сум имала јас Нејзиниот дека е многу убав таков имале и внуците затоа биле најубави
Море среќа со второво кога се породив некако ми се смирија хормоните иначе мајки шајки ќе летаа Знам дека сум си убава а она љубомори стара дебела жена на млада да и рече дека она е поубава мало сутра може да сонува дека е вистина тоа