Да де ќе чекам маж ми судија да биде во 21ви век. Или сме цивилизирани и си знаеме граници сите или чао рагаци. Со неандерталци да се управа човек во денешно време, секој ден притисоци и нервози нема потреба. Партнер се бира, а и се мења по потреба. Ако 30тина години не успеал да се оддели од папочната врвца можеш и на глава да застанеш ама нема да се превоспита јер мама знае се и никоја друга не е достојна за мама.
Две машки иам и никогаш нема да барам од нив љубовта што не ја добивам од маж ми да ја добијам од нив попрво ќе се разведам со друг ќе си барам љубов отколку така а реално во Македонија ради тоа се толку поврзани со синовите мајките. Нездрава работа.
Бракот и одлуките во него за се во животот се само помеѓу мажот и жената и точка.Ова родителиве од двете страни што побрзо го сватат тоа подобро за нив.И ние исто во иднина.Многу просто и едноставно ама нели мора да се комплицираат и наједноставните работи во животот.
Зашто свекрвите имаат проблем кога, синот ќе се ожени и има свое семејство? Па мора да се натпреварува со снаата , па да се меша во се и сешто. Зашто не прифаќаат критика од снаата ? Можат они да вреѓаат , да кажуваат свое мислење без никој да побара , ама кога ќе ги мавнеш со нивните камења по глава они навредени .
Најголем проблем им е тоа. Свекрва ми уште се лути, ако каже мм или некој друг, дека нешто сум направила поубаво од неа
Стварно не знам. Таман мислам дека функционираме и се почитуваме и одеднаш ко гром од ведро небо ќе добијам забелешка протната низ 'шала'. Јас не влагам во конфликт не играм игра на такви префрлања, ама некогаш стварно боли, онака чуствуваш неправда (тогаш се тешам дека погрешно сум разбрала) . Тотално е непотребно, толку е животот краток треба да се гледа да се живее и да се биде пријател, никому нема да му огрее сонце ако на друг му направи мака.