Не се зезам Пред некој ден се смеевме со мојов , вика луда жена никогаш немаше да ми текне дека сака да раѓа на 50 и кусур години Ќе се едитирам да допишам , била дури на консултација во Ремедика но не била веќе репродуктивна
Ќути тамо, не викај така оти стварно има, замисли она да си роди дете од донор и да цркне, после ти ќе треба да го гледаш
Не , жими се пред некој ден дознав за ова Има многу гафови и затоа е на дистанца и не разговара со мене. барем да не се мачам пак јас Само кога ќе ми текне прснувам од смеење
И мене не ми е смешно искрено. Не би го ни оставала бебето насамо со лик од таков калибар. Свашта може да и' роди паметот.
Ова е една од најболните работи што ги имам прочитано тука. Јас не би се смеела и не би терала на зафрканција, туку би ја однела кај стручно лице. Некако и би поминала преку муабетот, кога гледаш така мало бебе нормално е да ти зафали се поврзано со него, ама да одиш и на консултација... Држете бебе што подалеку.
Мислев кај мојава е врв пошто вака течеше муабетот Ј: Треба да закажам за Х(ќерка ми) да вадиме пасош Свеки: кога да ја однесеме со дедо и? Ј: ама родители бараат таму, не баба и дедо И тука крај, меѓудругото никаде не однеле дете, ама Ок, понуда ете. Ама ова твоево ми е врв. Дури и малку морбидно
И смешно е и не е смешно. Можеби треба да направите еден муабет со неа, по кој ќе заклучите дали е за на психијатар.
Да не има жената и некој друг проблем - депресија, алкохолизам, било што? Шала на страна, не звучи добро.. Како што сфатив не сте блиски, ама за секој случај, воздржете се од бебе оставање на неа. Имам блиски кои правеле непромислени работи, ама ова е стварно too much, мине граници
Јас се сметам , отрпнав од неа за да и се нервирам веќе. Знае често да одлепи , си има доживеано траума голема пред некоја година , ама тоа не е оправдување за нејзиното размислување . Дарија е родена пред 5 месеци и два пати ја има видено баш од овие причини . Додека бев трудна само осуда видов од неа , па не сакаше така да се вика бебето , па синко таа не е трудна таа те лаже , па таа е со тебе само трудна да остане. Дојде на мекици со торта добредојде Дарја и ред други муабети и сопки.
Ако не живеете заедно тогаш терај си твое и не се замарај Контакти на минимум Да не има изгубено дете?