Добро е што не е плодна, треба да воведат задолжително психолошко тестирање пред оплодување (ќе може да превенираат бременост бар кај постарите со нарушено психичко здравје) Жената не е добра.
Не знам дали си од Скопје , пред 6-7 години на железничка станица што се снимаа деца за тикток , едното дете што почина од струен удар , е тоа е брат на маж ми. За жал , и ја разбирам болката , се сваќам ја боли . Но според неа треба сите да застанеме со животот поготово маж ми . На времето она избегала од таткото на маж ми , па логично изгледа и беше и Дарија да биде без татко. Од како ја мавнав по глава со нејзини камења нејзино понашање ја чукна главата во дрво . Маж ми беше пресреќен кога дознавме дека сум трудна , и баш вика да и го развеселиме малку животот но ете . Дарија го носи неговото име , и не сакаше да го прифати тоа име.
@bokace1 прочитав прееска, прво на смеа ме спотера, после си велам да пишам или не, ама ај. 50+ како возраст не е спорна за тоа што таа сакала и планирала, но со оглед на се и во која функција е таа и зошто баш сега таква желба ептен е крипи. Но откако вака детално објасни мислам дека на женава и треба итно и редовно одење на психолог па и во други насоки ако така се процени. Добро е што не сте преблиски, но овие се веќе сигнали, црвени знаменца и ако навистина била на консултација преземете си мерки, поточно сопругот нека преземе иницијатива околу неа.
На почетокот пробував да бидам во ок однос , но многу сакаше длабоко да оди во детали. Сакаше се да знае , но како поминуваше времето и тоа што се случуваше јас ставив крај на нашиот однос . Психички не е стабилна , јас се изнасмеав кога го слушнав тој муабет. Смешно ми е затоа што знам до каде може да оди. Самата жена не сака да си помогне. Некогаш ми било криво што сум ставила стоп, но за доброто на Дарија сметам дека најдобро е така. Син и , и дава информации но ете дозволив само два пати да ја види . Пред месец дена ми дојде ненајавена на врата со сестра нејзина. Јас дојдов да ја видам Дарија , а и сестра ми не ја видела Нормално не ја видоа , им кажав што им кажав си собраа опашката си отидоа.
Нема што да ти е криво, така си одлучила со оглед на нејзиното однесување и ќе си држиш дистанца. Со оглед дека твојот сопруг и е единствен син, по немилиот настан убаво е да покаже иницијатива да не се влоши сето ова. Сепак тоа си е негова одлука, ти држи си се до твојата.
Од таму и е желбата за дете Не и фаќајте кусур на жената ништо но нека си оде на психијатар Болна е за жал Вие терајте си вашето
Во право си што не ѝ даваш да ја гледа внуката, но на жената ѝ треба стручна помош. Маж ти треба да се позанимава со тоа.
Прво мислев дека на муабет го рекла како во смисла ми фали мирисот на бебе да можам да си родам И ќе си речев ок е ,наместо како голем дел оттука да се прават родители на нашите... амааа и консултации?? Можеби е поради траумата ,можеби не знам неприфаќање дека стареат... Ама нормално дефинитивно не е...
Дали стварно плукате против фамилија каква и да е со се детали преку кои човек лесно може да ве изгугла кои сте, со имиња на мажи и деца?
На жена со ваква траума како што кажа баш треба да и се дава да се гледа почесто внуче со надзр доколку не сте сигурни. Болката од загуба на дете ја знае само оној кој ја доживеал и никому да не му се случи. На таа жена и треба друштво и требаат луѓе. И да е психички нестабилна вие треба да и покажете љубов. Таа може не ни е свесна за постапките. Нормално после загуба на дете кога ќе види бебе ќе има желба да роди. При 2 здрави прави и јас цело време имам желба ко ќе видам бебе, ми фали се околу бебе. Млада сум, репродуктивна ама само тоа е носталгија. Ставате се 2 мин на нејзино мето, мајка си. Не дај боже да и ја осетиш болката. Преку ноќ ти не си ти, полудуваш, скренуваш не можеш да се земеш на себе макар и рака апчиња си пиела. Го имам видено ова, погледот на тие мајки веќе не е ист. желбата за живот не е иста. А ние тука луди ги нарекуваме, па смешно е бебе сакала да роди, па ја избркав да не доаѓа. Мислам осет малку. Се надевам дека ситуацијата ќе се смени и вие сами ќе ја повикате да си игра со бебе, да ја држи да и пее песни, барем малку да го потполни местото ( иако не е возможно) на изгубениот син. Па тогаш може полека полека ќе се реши да се лечи, да оди на психолог итн итн. Кога ќе осети дека има причина за живот. Не ме сваќај лошо, се трудам да објаснам по сликовито. Плус да дополнам, жената можеби и е многу осамена. без маж, синот и завртел грб, снаата не и дава да види внуче. Едно дете загубила, ти еве што мислиш да си не дај боже на нејзино место?
Прво имам и јас изгубено дете , друго она не е сама. Сама има одбрано да биде сама. Пробуваме да се доближи со сите нас , жената едноставно плукаше против сите нас. Во овие две ипол години , ќе кажеше она нешто и ако не е по нејзино ќе ја нема по два три месеци. Друго кога на синот му било најтешко , кога не знаел што ќе биде со детето негово и жената она исто плукаше по мене и бебето . Внуката се роди нејзе ја немаше, мислеше дека ќе бараме пари од неа , бидејќи јас немав здраствено. Трето има маж она . Ако сум кажала еден дел , а сум сокрила мал милион сепак има плус уште други работи. Ако она ме кудела додека сум лежела во локва крв и не знаејќи што ќе биде со мене и моето дете нормално дека ќе и ставав дистанца , нормално ако она збори за мене лошо , нормално дека ќе се повлечам . Човек се покажува каков е кога тие најтешко нели ? Знаеш зашто сум лоша , затоа што не сакав веќе наши муабети и дешавки да и кажувам , бидејќи она мене ќе ме праша нешто ќе збориме и ете скриншот и кај синот . Па она вака збори , па така збори сине . Извини сум имала осет, баш поради некој работи сум сакала внуче да и подарам , живот да и развеселам. Синот и свртел грб од други причини . Тука не е проблемот само што она сакала дете да роди. Исто мене ме боли кога против мене збореше лошо додека бев на интензивна и кога маж ми ми се јави плачејќи буквално рикаше на телефон , сам во друга држава јас во болница од друга страна друг притисок. Познавам жени со иста траума , па функционираат. Внучиња гледаат , блиски се со фамилија . Болката по изгубеното дете неможе да помине , изгубеното не можеме да го вратиме . Траума останува за цел живот. Јасно е дека тоа не може да се смени , но животот продолжува напред ете внуче дошло. Не треба во минатото да се живее и само да се осудува. Сме пробале на ручек да ја однесеме , со моја фамилија да се зближи , да биде добра со сите нас. Така да , јас не сум ја избркала, сум кажала како стојат работите и она не одбра да седне да поднесе грешка да поправи однос , туку си свитка опашка и си отиде. Пораките после тоа не ни сакаш да ги видиш . Извини и да некоја друга жена што ќе ми дојде на врата при што нема прашано никогаш како сум , како е бебето додека е во инкубатор , нејзина блиска особа ми има кажано за бебе од едвај 2 кила ако не ми ја покажете Господ да ве казни па што се замислуваш тоа бебе е веќе два месеци поинаку ќе размислуваш и ти. Јас не се кријам позади свој ставови и муабети , нема кај мене позади грб. Се е во фаца кажано . Тоа тука што сум кажала сум го кажала и во лице .
Лелел душо колку се објаснуваш, нема потреба, секој со своето мислење. На жената и треба стручно лице, што побрзо отиде тоа подобро за неа. А на твоето дете здрави родители и евентуално здрави баба и дедо. Ти гледај си твојата фамилија, маж, дете.
Да нормално дека нема да пишеш се, јас напишав според изложеното од претходно. Секој има своја приказна. Јас сум таква личност, пробувам со убаво милион пати. Двете сте со проблеми свои и на секоја и е смачено. И по ова што го кажа сега излезе дека има проблем она како што мислев од траумата. Секој различно се справува со траума, ти си храбра и си продолжила. Она ете вака реагира. Сеуште стојам на ставот дека не треба целосно сечење контакт. Јас така мислам не значи дека и ти. Секој си е во право со своите постапки. И ти си во право. Јас кажувам сега моја гледна точка.
Убаво е син и и маж и да ја однесат на преглед кај психијатар да почне со терапија Знам дека си повредена од неа но верувај таа не е свесна кога ке почне терапијата да и делува нема да ја препознаеш Викнете ја со дедото нека дојдат да видат бебе А маж ти да зборува со татко му за ако треба и да си полежи на психијатрија
Мојата свекрва има исто изгубено дете на трагичен начин, и мм е единец. Не дај Боже да осети ни една мајка на своја кожа. Иако две децении се поминати, свекрвата си има трајни последици, скршени им се душите до крај на живот. И свекорот исто. Дури после 10-тата година малку од малку се вратија во некој колку-толку понормален социјален живот. Има моменти каде толку може да се изнервирам, ама на крај пак си велам дека е изгорена жената и секое гледање е кратко бидејќи не живееме заедно, ниту пак во ист град. Мислам дека жената за која се пишува погоре, треба да и се понуди помош од психолог и психијатар. Траумата е од блиско минато, последиците само ќе се интензивираат. Човек сам со таква загуба не може да се носи. Едноставно мозокот не и размислува рационално.
Се согласувам со мислењата погоре. Не ја знаев вистинската ситуација, но на жената и е потребна поддршка и помош. И јас имам спонтан пред две години, но оваа жена го родила, го исчувала, години поминала со него и животот и го земал, не се споредува не дај боже никому таква болка.