А зошто да не и се дава да го види внучето? Ок да не се остава можеби на само, ама да доаѓа на гости и да може да го гледа, држи, поигра... зошто да е проблем?
Место да и се помогне они уште толку ја отфрлаат Ја разбирам рекла направила нешѕо ве повредило ама она е болна а на болен човек кусур неможеш да му фалаш
Дечки, во ред е, забораваме дека и постпартумот за мајките е многу тежок период. Сигурна сум дека ќе се средат со тек на време и ќе најдат решение.
Колку често комуницирате со вашите свекор и свекрви? Моментално сме на далечина се уште не сме регистирани со вереникот и се лутат зошто не сум се јавувала често, нивните деца со нив комуницирале секој ден и јас требало така па и слушам зад грб кога велат на синот каква ти е таа жена кога не се јавува на нас, се јавувам ретко не можам секој ден да давам извештај ооооо
Скоро никогаш, освен по потреба за дете ако го земе од школо, а тоа е многу ретко. Ти со твоите ќе си се слушаш секој ден, сопругот со неговите. Не разбирам зошто би им се јавувала секој ден и што муабет би правеле. А тие ти се јавуваат?
Моите се далеку 200 км од нас. Не се слушам, многу ретко 2,3 пати годишно по некој повод. Немам близина со нив, ги почитувам родители на мм се, ги сакала или не тоа е. Одиме, доагаат кога можеме и така. Свекрвата на почеток сакаше таков однос ама искрено јас ич не сум муабетчика, а и немам некои теми со нив. Битно ми е да се здрави и живи а тоа и мм ми го пренесува. Знам глупо е што не се јавувам ама едноставно таков карактер сум. Јас освен со моите со никој не се слушам, не сакам зборење по телефон, со другарки најчесто си пишувам
Како ти е по ќеф и природно, така ќе се слушаш. Нивните деца нека си комуницираат секој ден, ти не мораш. Јас ни со мајка ми не се слушам секој ден (во ист град сме) Сега не сфатив дали сте далеку од старите, или еден од друг со твојот вереник, ама небитно, не гледам причина да се јавуваш на некој ако немаш близина со него, без разлика што ти е. "Каква ти е таа жена" - ова уште повеќе ми е аларм да си ги држиш твоите граници оти ми изгледа тие уште не се спремни "детето" да си го пуштат да порасне. Терај си работа и не се нервирај од глупости.
Кога мм не и крева на телефон па ми дига паники мене. Или кога децата ми се болни. Тоа со свекрвата. Иначе и моиве беа такви на почетокот, зошто вака зошто така, сакаа да ме сменат. Сакаше мама да ја викам госпоѓава. Да сум ја гушкала на секое. И телефонот сигурно беше во листата. Нема грешка. Не си отстапив од моето и ме прифатија каква што сум.
Како што веќе сите кажаа, ќе си гледаш твоја работа и ќе се слушаш со кого сакаш. Ако едноставно не чувствуваш потреба да се слушаш со неа е сосема легитимно. Нека си најде жената пријателки и нека си го збогати секојдневието. Ќе ги почитуваш колку што те почитуваат ако можеш ти повеќе од тоа, тоа е прекрасна доблест. Овие коментари зад грб од типот "каква е оваа твоја жена", буцкање на мажот, воопшто не се добри. Но најважно е како ги процесира и решава вереникот. Од него е битна подршката и поставување на граници.
Скоро па никогсш, освен ако е болна може да ми се јаве она, свекорот па ни тогаш. имаме одлична комуникација, децата ни ги чуваат, ги носам, ги зимам, добар ден, добра вечер како сте, како сум јас, и толку . 26 години сум заедно со сопругот и никогсш не сум ѕвонела, ниту тој кај моите, а одличен однос имаме.
За поводи како родендени, годишнини итн се слушам. Сега со бебе на телефон не многу, ама на вибер со камера речиси секој ден им се јавуваме за да го видат бидејќи не сме во ист град ама тоа пак најчесто мм врти, само што сите се слушаме и се гледаме. На свекрва ми редовно и праќам слики од бебе и си пишуваме повеќе околу него, ама и ако треба нешто да ме праша или да ја прашам повеќе си пишуваме отколку што се слушаме. Здрав однос имаме со нив, не премногу блиски ама не и далечни. Инаку во околина имам блиски повозрасни личности што коментирале како снаата не се јавувала итн, ама некогаш за да биде така треба и од двете страни да има коректен однос и разбирање. Мене така да ми коментира отворено или да ме оговара и јас не би и се јавувала.
Комуникацијата треба да течи природно. Јас не сум тип што сака да прави празен муабет, па никогаш не форсирам муабет поготово пак ако немам заеднички теми. Ние не сме во брак ама живееме заедно, па на телефон не сум се јавила никогаш. Ако зборува дм на камера, понекогаш се појавувам да ги поздравам и тоа е. Честитам родендени и празници преку порака, тоа не прескокнувам. Од моја страна мислам дека е коректно и доволно, другото би биле очекувања што не можам да ги исполнам.
Да не одговарам на сите посебно ќе одговорам овде.Јас сум си овде во Мк, а тој е во ЦХ живее со неговите, но сепак пак секој ден си се јавуваат еден на друг за глупости. Сега тој е овде и секој ден по 2 3 пати се јавуваат се треба да знаат. Инаку вереникот никогаш се нема јавено на моите, а тие очекуваат јас се да се јавувам на нив. Па кога ќе замислам дека ќе треба да сум со нив додека најдеме стан ме тепа нервоза, прртходно кога одев таму по 1 2 месеца некако издржував а сега Инаку кога се јавуваат на него никогаш не прашале што правам, па се бунат каква е таа снаа не се ни поздравува, па ако прашат за мене ќе се поздравам ако не што треба оф леле
Најдобро е да почекаш прво он да најде стан па да одиш. Оти мене овој ми стои на мамино синче и може филмови ти прави демек ќе најдел стан. Не се заглавувај повеќе, оти после тешко ќе ти биде да се отарасиш ако не излезе како шо он ти кажал дека ќе излезе. Кажи му нека најде стан па ќе одиш.
Така и ќе биде најдобро прво стан. Страв ми е заради родителите накрај да не се разделиме, а јас не кажувам што ме мачи туку си собирам во мене.
И што ако се разделите? Немажена да не останеш? Ако се налути на ова, не е за тебе. Уште сега нервоза ти прават, ами понатаму?