Почни да му кажуваш на вереникот што точно ти смета и што те мачи, затоа што со чувањето во себе не си правиш никаква услуга. А ако во кавги слепо си ја држи страната на родителите наместо да проба да те сослуша и разбере, тогаш не ти ни треба искрено. Битен показател е и тоа како реагира кога му зборат "каква ти е таа жена што не се јавува" и слични глупости. Ако се смешколи и си тера со муабетите во иста насока како и тие, тоа секако е црвено знаменце.
Тогаш нема искреност меѓу вас. Врска и брак без тоа, никогаш не успеваат. Не е дали некој друг се слуша често со родителите на мажот, туку ти како се чувствуваш во врска со тоа прашање. Ако сметаш дека нема потреба и не сакаш, не го прави тоа. Уште не сте во брак, веќе имаш коментари, мислиш дека истите ќе бидат подобри кога ќе се омажиш? Зборувај со маж ти, кажи му што си мислиш, баш сега си во одлична позиција да знаеш што понатака. Не можам да ве разберам, јас под сопруг подразбирам дека имаш најдобар другар покрај тебе, дел од тебе. Ако на маж ми не му кажам што ми пречи, значи, сакам, мразам, на кој друг.
Во право сте знам дека комуникација е најважна, но штом почнам да зборам јас право плачам затоа избегнувам да зборувам.Инаку кога му велат така за мене тој право им вели ајде чао или не ме замарајте со глупости.
Па ова не му е некое зрело однесување, треба да им постави граница. Кога така ќе кажат, тој треба да постави граници и да им каже, како се дрзнувате вака да коментирате, не сешто што не ви оди вас по ќеиф значи дека не чини. Едноставно да побара од нив да те прифатат и почитуваат а не коментираат а тој па да бега од проблем.
Абе кога сакаат стариве да се мешаат пушти ги и мери му го умот на овој твојот. Ни прва ни последна нема да си, ако треба да се расипе нешто ќе се расипе и тоа е тоа. Ако не може отворено да разговараш со него значи нешто не штима.
Јас мислам дека сега треба да им се јавиш на неговите као да ги слушнеш, и така низ муабет да им кажеш дека чекаш син им да најде стан за вас двајца па да одиш. Чисто да видиш како они ќе реагираат и како он ќе реагира ако они му спомнат нешто. Дали он уопште кажал дека ќе се преселува или они сакаат да го држат дома цел живот. Ако стане узбуна..... знаеш шо треба да правиш.
Можеби не си конфликтна личност, или сакаш да им учинуваш на луѓето околу тебе, па секогаш кога имаш проблем со некого и треба да разговараш за истото, потсвеста тоа го детектира како опасност или нешто многу страшно. Можеби затоа и ти доаѓа да заплачеш во момент кога треба да имаш конфронтација. Но тоа не е ништо страшно според мене. И да почнеш да плачеш, па што? Ќе си кажеш што имаш, макар низ солзи ете, па со секое следно иницирање на разговор ќе ти станува полесно за комуникација. Многу е побитно како тој се поставува спрема тебе кога му кажуваш дека нешто не ти се допаѓа (ако си му кажувала порано), дали и тебе ти кажува да не го замараш со глупости или те ислушува да види што имаш да кажеш? Исто и колку влијание на него имаат ситуации во кои другите се обидуваат да пуштаат пипци со нивни фикс идеи и слични работи.
Јас телефонски разговарам само кога треба да честитам нешто, а инаку маж ми си разговара секој ден со нив.
Воопшто не се јавувам освен повремено за родендени, честитање слави и слично. Засега не се налутиле. Ако понекогаш први се јават, одговарам нормално и ради реда од култура ќе истерам неколку минути муабет, ма да повеќе кај него се јавуваат, во просек еднаш неделно, и за мене само поздрави праќаат, што и впрочем ми одговара. И тоа е тоа. Нема за што би се лутеле, пошто и онака, освен "како сте што правите", немаме некои заеднички теми на муабет. Нема смисла да се слушаш на празно со некого секој ден, само затоа што е родител на маж ти, а да немаш што да си кажеш. А тоа што прокоментирале ич да не ти чуе, кога и онака не ги осеќаш за блиски.
Здраво на сите. Нова сум во форумот па сакам мислење од вас.Во кукјата сме две невести,јас сум големата и си живеам со свекорот и свекрвата.Деверот и јатрвата кога доаагат од Англија,како да дошле во хотел.Особено јатрвата не помага за ништо,ама баш за ништо.Колку и да викам да помага ништо од тоа.Некој совет
Добро на гости се,ама не да си седи кога доага време за да седнеме да ручаме,вечераме да се намести маса да се раскрене маса
Ти кога одиш на гости раскреваш и сама си местиш маса? Плус дали се твои гости ако не нека ги служи тој на кого што се.. Ако се кај тебе и маж ти ќе му кажеш на маж ти и тој да се погрижи за нив.
Има многу случаеви што доагаат "на гости"ама си стануваат да помагаат по нешто а не да си седат по цел ден со телефон на рака
Па замоли ја културно да ти помогне.Колку време остануваат?Па и на крај ако не живеат тука значи се гости.И јас по гости не раскревам,секој не сака да му се мешаш.Ниту пак јас кога ќе дојдат гости на една недела не сакам да ракреваат.