Не е крива она, крив е маж ти, свекрва ти и свекор ти. Они живеат таму и они треба да ти помогнат. На погрешно место ја бараш кривицата.
И од сите нив вклучувајќи го и твојот сопруг што живеете постојано заедно, проблем е само жената на деверот? Проблем имаш со маж ти, со никој друг..
Живеат во куќата ама кога доагаат чекаат се на готово или поминуваат на гости? Ако се на гости 2,3 дена не е страшно, ако се повеќе кажи што ти смета. Сите сме различни. Јас на пример некој и цел месец да ми е дома не сакам да ми фаќа по дома, да ми брка по кујна, шкафови, да ми раскрева. Некој друг па ако има гости од еден месец ќе сака помош, затоа треба да си кажеш ако се подолго.
А зошто маж ти, свекрва, свекор не помагаат? Сакаш да кажеш ти секаде чистиш, готвиш, принасаш, переш, никој со прст не мрднува? Јас да сум на твое место прво маж ми ќе го уседнам, ако не се разбира ќе го отерам у цурац, а за останатите не гарантирам ништо. И тие 3 недели ќе си одам кај моите.
@IsaDenis Значи да резимираме голема невесто: 1. Твојот сопруг не раскрева 2. Свекорот и свекрвата не раскреваат 3. Деверот на раскрева Ама проблем е што малечката невеста не раскрева? I mean, освен ако нема некој друг личен проблем со неа, мислам дека дури сега увидуваш дека таму сите се во хотел, не само золвата. И сега наместо со коренот на проблемот да се соочиш aka сопругот и самата ти како си се поставила, ти се нервираш на најнебитното. Ама ти си знаеш
Јатрвата Инаку членкава ми се чини дека она дома готве, принаса и расчистува, ама кога не се деверот и јатрвата тука не и смета, и смета кога се тука
А, маж ти мало дете ли е или возрасен маж? Викни по него да стане и да раскрене што треба. Не барај кривица во гостите кога тој до тебе е проблемот.
Знам дека изгледа неверојатно, ама и мажите знаат да раскренат. Како им ќутите, не ве разбирам. Нема што со гости да се расправаш. Ќе си го фатиш маж ти за уши и ќе го прашаш што му е проблемот. И многу е лесно, следно јадење тебе ти е лошо нешто, мигрена имаш, ти се гади, стани си и легни си во кревет. Гледај ги само како сами ќе раскреваат. Може и долго време да ти се лоши, додека гостите се тука. Треба само креативна да бидеш. Но и тоа не ти е решение. Кога си избрала да бидеш мајка на веќе возрасен вол. Тој ти е проблемот. Сакај се повеќе.
@IsaDenis Па не раскревај ? Стани си од маса оди прилегни пред телевизор или во соба. Види дали некој ќе се помести, ако пак ти рече некој зошто не си раскренала прашај дали си слугинка. Ем сакате да молчите и да сте фини, ем ви смета. Работите ќе бидат како ќе ги поставите. Не е доцна да ги промените улогите малце. Јас познавам една таква многу сервилна снаа што се правеше од почеток, другарка блиска. Сега после 6 години брак нема ни трага од тоа однесување што беше на почеток. На почеток трчаше салати, кафиња на сите, не даваше друг чаша да измие. А сега... Еден ручек нема направено. Мажот готви, мажот пере, она го кара зошто ставил Коколино за бебешките алишта, требало Фрош.
Кај гости кои одам на два саати не помагам, ама каде преспивам и те како помагам, секаде, без исклучок, пошто нели, не сум у хотел.
Ако на некој му седам 2-3 недели најмалку што можам да направам е да ставам чинии и да ги подавам од маса за миење. Тоа а намјалку што можам. Ако сум без осет и ме боли шурнајкава за домаќините ќе си кмишам и ќе ми слугуваат. Ако сака да е госпожа нека плати хотел. Свако госта три дана доста
Врска или брак без искреност пропаѓале, добар виц . Бракови полни со неверства што откриени отпосле, што не, ама партнерите најверни другарчиња... Ајт пиши им пропало на таквите, ама ене ги верглаат и верглаат дека детето им го лепи "бракот". Небитно, нивно си е...со среќа нека им е . За членката што има мака со слушање по тел. секојдневно е вака. Во твојот случај слушањево е најмал проблем, најголем проблем е што кога тие те критикуваат тој наместо да им постави граници бега од решавање на проблемот и го пика под тепих. Ти тоа што ти тежи го премолчуваш и претпоставувам очекуваш магично да се реши само од себе. Тој во ситуацијава постапува незрело, а ти имаш невербализирани очекувања. Во оваа ситуација со вака поставени раб. би било убаво да изанализираш што понатаму независно дал ќе живеете во заедница или башка. И пак ќе ти повторам честотата на слушање е најмал проблем. Сепак да не спомнеше се пропратно само за слушањево би ти одг. да правиш како осеќаш. Има луѓе кои не се вербално експресивни и не се за по тел. особено со особи со кои не осеќаат блискост и тоа е сосем ок. Имаш па особи на сите лице што прават со сите демек си ја имаат живеачката и разбирачката, а од таквите прво од околината до уши ќе ти дојдат оговаранции, така што поарно поретка и поофицијална конуникација отколку глумење лудило, па кавги и пукната тиква како што би било во вториов опишан случај. За големата снаа совет и таа да стане помалечка и гостинка и решен проблем . Вака како што е поставена како многу голема има исто така многу големи очекувања од малата па следат уште поголеми разочарувања . И голема снао смени патријахална матрица која не знам кој ти ја наметнал дека само снаи се слугинки. Не, сите домашни треба подеднакво да допринесуваат во дом. обврски. Кога во вашиот дом би било така, ти би била порастеретена и младава гостинка дал покажала иницијатива да помага, помагала ил само скролала на моб. нема ни да приметуваш.
@IsaDenis, според она кое го прочитав стекнав впечаток дека според твоите убедувања, свекорот и свекрвата како и двајцата ваши сопрузи не треба ништо да чепкаат туку тоа е обврска на снаите. Бидејќи другата снаа не помага ти си гневна затоа што цел терет е на тебе. Но навртена си на погрешна личност. Таа си ја врти работата на своја страна, веројатно си вика гостинка сум јас шо има да се замарам. Ама правилно е сите по нешто да фатите а не една или две да работат се додека другите лежат.