Тука е проблемот. Сите треба некако да придонесат па и "гостите"исто така. Никој никому не му е ни чистачка нит готвачка.
Мене затоа ми е криво најмногу,некој да седи некој да работи.А кога е работава за јадење сите се први на маса
Што ќе се случи ако ти не ја поставиш масата ниту раскренеш и си седиш како и другите ? Ќе ти рече некој нешто ?
Па што ти е гајле тогаш. Ќе им текне, глад така не се трпи. Ти поткасни си на поминување залак два, лебче нешто да немаш многу глад и кога ќе наместат седни си.
Пред да дојдеш ти во таа куќа, како јаделе и раскревале? Самата си даваш изговори зошто тоа го правиш, иако си свесна дека не е во ред. Што најлошо ќе се случи ако ти не раскренеш, ќе ти побара развод маж ти? За тоа ако ти побара, со две раце потпиши, затоа што не те земал тебе да му бидеш жена, туку слугинка. Пробај да не раскренеш денес, кажи дека те боли глава и ќе си легнеш и види што ќе се случи.
Домот е заеднички и сите заедно треба да се грижите за него и подеднакво да придонесуваат во делење на домашните обврски.. И нема врска дали си маж или жена, дали си снаа, син, ќерка, зет... И не значи дека ако некој покасно се вселил во таа куќа дека се треба тој да превземе да работи, ако куќата е на свекрвата и свекорот ама сте одлучиле заедно да живеете таму пак и тие треба да си чистат, спремаат и вие како ќе си поделите е ваше... Исто како цимери без разлика дали е станот во сопственост на едниот цимер двајцата треба да го чистат не тој чија сопственост не е..
@IsaDenis Иако не можам да сфатам како ти е криво само 2 недели од годината, но не и преостанатите 350 дена, Ќе си го седнеш твојот голем невестин, ќе си кажеш како сакаш обврските да се поделени и толку. Не да се објаснуваш, не да му црташ, туку вака, вака и вака и само да си го изршуваш твојот дел. Бидејќи со плус 3 деца, I really hope дека навистина целото домаќинство не е само на твој грб Во спротивно, ова веќе може да влијае и на здравјето and it ain't a joke
Ах женски маки, раѓај деца нареди стари, маж задоволи (строго мисионерски молам) нека ти паѓа грб на млади години, остари предвреме и си викај па тоа е нормално е невеста е за тоа. Дајте бе прекинете овие затуцани "традиции" 2026та е упм!
Без разлика колку деца имаш едно,две или пет треба да се помага.И не доагаат едаш годишно туку три пати,и тоа по 2 до 3 недели.
@IsaDenis Girl, плиз Еве, нека биде и дека 999 дена од годината се таму. Како може другата девојка толку да ти боде очи, ама лично твојот сопруг - не. Make it make sense. Тој е тој кој треба секогаш да те штити од што и да е. За тие гости не си обврзана да служиш по цел ден. Дали те тера некој на тоа? Упорно се фокусираш на погрешното, бидејќи така е полесно и тоа е тоа
Јас мислам дека џабе се објаснуваме, се гледа дека жената е одгоена на тој начин дека невестите треба да слугуваат по дома а никој друг да не мрда со прст. И за неа тоа е нормално, инаку немаше да го прави овој муабет.