Абе кој маж, сте запнале мажот крив. Самата си е крива. Сами ги учиме другите како ќе не третираат. Од пишаново делува како да нема самопочит, па како другите би ја почитувале ?
Во неколку наврати од повозрасни жени сум го слушнала муабетот дека домашните обврски биле должност само на жената, а мажот бил тој што требало само да донесе пари дома. Тоа било единствена обврска на жената, да зготви, да исчисти, да чува деца и да му служи на мажот и на цела негова фамилија, не смеела да каже не. Кога ќе прашав а зашто и мажот да не учествува во домашните обврски, зарем тој не живее во истата таа куќа и зарем не јаде од истата храна, па маж бил, не го личело. Од една страна, се нервирав и ми умираше по една мозочна клетка секој пат кога ќе го слушнев муабетов, а од друга ги сожалував тие жени. Си викав ајде, стари жени, во друго време израснале и на друг начин биле воспитувани, немало кој да ги научи подобро. Сега е друго време си велев, сега жените повеќе се ценат и не дозволуваат така да ги третираат. Кога ги читам темиве, сфаќам дека сум згрешила. Ние уствари и не сме мрднале многу понапред од времето на баба ми и дедо ми.. Штета, голема штета и жалосно е што сѐ уште има млади жени што размислуваат така. Ценете се повеќе, жени. Сѐ додека не го смените тој мајндсет, џабе е.
Џабе си ги трошите зборовите овде, таа си умислила дека е домаќинка прва класа и колку повеќе работи толку подобра ќе биде. И треба одобрување од свекрва и и маж и да кажат колку е добра и способна. Не и смета да слугува на мажи ама ете кога ќе дојде друга жена тоа така не бива ! А и форумот е добра прилика да се пушти трач муабет колку е јатрвата е неспособна, мрзлива недомаќинка а не сфаќа дека вредностите одамна се сменија. Ама ете во кујна не стигнале новостите за тоа. Женска, оди оговарај ја јатрвата/золвата што и да ти паѓа со некоја комшивка со која делите исти ставови и кажете како сте најголеми жртви во домаќинството и утре уште повеќе да рмбате.
Самите се топорат да се понижуваат вака, да речат внатрешните и надворешните браво, права домаќинка нашле/е. Е на малата со извињење и чуе за ова и си ја прчи, док големава си брмчи, ама на форум. Таму мукла... Не дека ја оправдувам еднава, ама и др. ич. Или раб.од срце и ќути или не раб. договорете се и ај чао, ама па тогаш како ако речат неснаа и недомаќинка е .
Тоа и ни е проблемот на сите што живееме за другите да не не гледаат чудно, другите што ќе речат.. А и генерално сите оние што сега сме до 00тите години сме растени во такви семејства кај што тоа било нормалното, може малку помалку од половина во семејства помодернизирани кај што се очекува мажот да помага колку може ама пак се е на жената и многу мал дел може има кај што подеднакво работеле и мајката и таткото.. Тоа не значи дека треба така да продолжиме само поради што така сме израснати, далеку поедуцирани сме, со достапни информации и плус живееме во ново време кај што оние работи во домот кој биле машки не постојат или има потреба 3 пати годишно да се завршат.. Глупо е кога светот оди напред да се тапка во место... Да не сум скроз оф топик.. И сум против живеење во заедница, порано имало може потреба и такви биле условите денес не.. Најголем дел од проблемите со свекрвите потекнуваат најпрво од мажот.. Мажот ако не застане и не те одбрани џабе ти е се, ако тој им дозволи така и ги стави нив пред тебе не те смета за семејство.. Секој треба да си ги почитува родителите ама на секој треба примарно семејство да му е тоа што го гради со друг...
За последниот дел, грото мажи од кај да знаат како треба? Тоа што гледале или ги научиле мамичките тоа ќе го очекуваат, со чест на исклучоци, па и го добиваат од вакви жени (женава ја читаш со каков вид сфаќања е). Важно да се потенцира малата е мрза, а таа накривила капчето и пишав погоре што ., што не ја оправдувам, ама во ситуацијава таа е најмалиот проблем. Ако дискутираме за проблеми, не е константен проблем, можеби е тековен проблем, не велам не е, но е најмал, малава снајка .
Се извинувам што упаѓам вака на темава, случајно ми падна во очи. Еден мал совет до сите идни "големи и мали снаи". Никогаш не им бидете слугинки на старите особено на оние стари генерации затоа што никогаш нема да се благодарни.(од искуство) Гледајте си најпрво себе си, децата. Секој знае да си земе да јаде и да крене чинија, никој не е во хотел.
Точно е ова. Мојата свекрва патела многу. Немала свекрва, немала ни помош. Ни за деца чување ни за низ дома. А свекорот си бил научен да си свири гитарката и да си пие пивце (така гледал дома од татко му). Ама кога немало на кого да се потпрат морале да си помагаат сами еден на друг. Јас кога дојдов како млада невеста бев многу енергична, без деца, без обврски терав куќни работи. Чистење, готвење, се сама. Зборувам за моите работи, делени сме на посебен спрат сум. Еднаш тргнав со ќесите ѓубре, со правосмукалка надвор натоварена како магаре и на скали ме сретна свекрва и ми вика остави одма. Викна по синчето да дојде да помогне. Јас се тегнам, викам остави можам сама. Ми рече : " сега можеш сама, за неколку години ќе имаш и деца, пак ќе можеш, ама за 10 год ќе те фати ишијас, ќе ти се собере се, и да бараш ќе нема кој да ти помогне. Научи го од сега како јас мојот што го научив." тогаш не сфатив сериозно, мислев лице ми прави и глуми финоќа. Ама секојдневно гледав како го ангажира свекорот. Го праќа на продавница по 3 пати во ден. Го тера да реди машина за садови бидејќи "не знае она како тоа функционира" и многу други "ситни" работи и ситуации.
Најјако е кога стари жени солат памет како куќните обврски се исклучиво женски. Обично тие се на возраст на нашите баби, немале кариера и немаат ден работен стаж. Тогаш исклучиво мажите обезбедувале живеалиште и заработувале за целото семејство. Жените тогаш го имале цел ден на располагање и имале време да се грижат за домот. Не оделе на работа за која најчесто со пат и спремање требаат по 10 часа на ден. А мнозинството од сегашните мажи очекуваат делење на трошоците 50:50 и жената да допринесува материјално во се. Епа ако допринесуваме со пари еднакво со нив тогаш и обврските ќе бидат поделени соодветно. И јас за моите родители вредам исто како мамините синчиња на свекрвите што ги учат да легачат. Нема тој филм никој да го гледа да добие бесплатна куќна помошничка. Нека заработи многу па нека си плати една ако сака да ужива.
И ако се тргне на страна сето ова кое нема начин како да се подели они уште ќе чекаат да им плати жената пола кредит, сметки и се останато. И целосно да сработи се по дома сама додека он прави дупка на троседот со пивцето гледајќи си фудбал.
Бараат ʼрамноправностʼ а не си ја штедат жената. Ако е прав маж ќе застане позади неговата жена и ќе се огласи јасно дека жена му НЕ Е СЛУГИНКА туку негова жена! После снаата била крива, многу голема уста имала, епа ќе има ако знае сама пред се да се почитува.
Па се дури има вакви ко членката што криви други жени што само она ги вртела сите, дотогаш ќе мора да трпиме фрустрации. Не ви се ни мажите криви, сами сте. И моиве баби очекуваа да му давам со лажиче јадење на маж ми, па им ја лепам кога можам. Кога сами се третирате ко нижи род, нека ве заебаваат. Јас да им раскревам и дигам од маса, тоа можам на деца помали. Не на возрасни особи, секој ден, секој оброк, кој хорор боже мој.
Апсолутно многу паметно.Кој век сме сега..треба да се едуцираме да одиме напред да бидеме подобри ..а не да се враќаме во првобитно општество.
Читам и ми текнува на случка. Ја опната на спална, како Клеопатра, читам сликовница на дете, маж ми со правосмукалка. У меѓувреме и се јавуе на свеќи, влези право, не ѕвони, дете ќе преспива. Налетува она, синче Со правосмукалка, снајка сите четири во вис. Не рече ништо ама фацата, priceless. Може има пробано да коментира, ама ни ми пренесува мажов, ни па ја остава да му зборува за кај нас дома. Е сеа со другарките...
Најкултурно станав, затворив спална, он си заврши со обврската, верувам и кафе и свари, па и мене од кога успав дете. И на мајка моја неуспех, воспитала неснајка
Со мажот треба да си поделите обврските а не други да ти бидат виновни што мажот не те цени и почитува. Сама прифаќаш да правиш што правиш..
Како Клеопатра Мене баба ми има ми речено дека не смеам така да дозволам да ме види свекрва или некој друг. Баба ми и дедо ми беа многу старомодни. Дедо спиеше до 8ч. Баба станата од 5 спремаше доручек. Кога дедо ќе одеше во ВЦ да се измие наутро баба трчаше да го намести креветот во спална за кога дедо ќе се врати да се облече да види средено. Потоа дедо влегувајќи во дневна, уште не седнат баба го пречекуваше со послужавник. Не пиеше кафе. Само чај и овошје.Чајот да не биде ладен, но ни врел, веднаш да може да го пие. Додека тој пие чај, баба трча со апчињата, водата, овошје му лупи. Го гледаше како мало дете. Откако тој ќе се наместеше на тросед, не мрдаше. Она далечинско ќе му подава, салфетка ако побара она нозе ќе искрши одма да донесе. А дедо беше витален, ниту нешто го болеше, ниту имаше притисок,шеќер, реума. Дури ни наочари не носеше на 80+ год. Ептен се штедел во животот. Во сопствен дом, беше како гостин. Постојано го служеше, ништо не му приговараше. Мајка ми и татко ми беа помодерни. Мајка ми работеше и трети смени. Па се случуваше после ноќна смена пола ден да го преспие. Не ретко се случуваше и татко ми да зготви ручек (не да пржи јајца или тост, туку манџи). И тогаш имаше коментари од баба ми дека мајка ми само : "ташната на рамо и си врви, куќата кој ја врти?" Паметам јас кога се омажив, млада невеста. Палам кола и им одам на гости на баба и дедо сама. Кога дојде 7 часот ме избркаа. Да сум си одела. Како тоа јас сама жена сум запалила кола и сум шетала. Ќе ме оговарале. Требало со мажот да си шетам само. И многу други такви заостанати работи и ситуации гледав од баба ми. Еднаш паметам дедо ми нешто ја подбра, она не се бранеше, не се расправаше, се тргна настрана и се натажи. Јас се смеам и ја прашувам дали сериозно на старост сега толку му се плаши и си става на душа ? Шо да не ќе ја остави ? Кај бе ќе најде он друга, па и ваква како неа. И на шала и викам, јас да сум како тебе вака измачена абе на старост ќе му го дадам думанот и ќе му наплатам што ме мачел толку. Ама она тоа го сфати поинаку. Немало што да му наплаќа, така требало. Ама не можеме да ги кривиме. Така се научени постарите. Можеме само да ги менуваме работите за во иднина да не остане тоа затуцаното.