Мојата свекрва пред 10-12 год коментираше дека домаќинка синот сум и го направила. Ред солзи ред мрсули. Ама сега на старост кога се немоќни им се најде домаќинкава. Па фала снашке. Не не треба.
Исто беше и баба ми, дедо ми не знаеше кои лекови треба да ги испие, чекаше од баба ми. Неа и да ја болеше нешто на страна си се тргнуваше, а дедо ми само офкаше. Затоа баба ми почина на 68г, а дедо, пред се жив и здрав да ни е. Уште не е научен сам да си завршува се, мајка се грижи за него и си има платено негувателка која му го овозможува се тоа што баба ми го правела. Мајка ми и татко ми е скроз спротивно, секој си ги завршува обврските сам, дури и кога мајка заглавува на работа, татко ми спрема ручек. Се е ствар на разбирање и секако времето се менува. Ме насмеа со ова, имав и јас ситуација каде што бевме со мм (тогаш ми беше уште момче) и ручавме заедно со баба и дедо и ме изнервира во една ситуација и му се одврекнав и се случи една непријатна тишина. После ручек и помагам да ја раскренеме масата и лекции за животот, ако така сум се понашала, ќе ме оставел, не знам ти што, тој ќе ти биде маж, ова, она, сум требала да молчам... Не влегував во конфликти пошто они си имаа посебен тип на живот кој во денешно време ретко го има, барем јас мислам така.
Ај тоа. Така терале. Баба слугинка била. Паметам баба ми нејзината свекрва како ја гледаше. Секоја вечер ја масираше, ама буквално. Со креми, плус и друга нега. А за другово. Се сетив, имав дечко 3 год, ама бев тинејџерка тогаш, не беше некоја сериозна врска, само изгледаше така од страна. Ми пукна филм, раскинав, ме третираше лошо. И дедо ми ме седна, ми викаше да сум одела да се смирам, срамота било. Зошто сме ја растуриле работата. Му кажав дека ме изневеруваше тој и дека не се однесуваше убаво. Дедо ми на тоа ми одговори дека за однесувањето касно било, каков таков требало да се навикнам. А за изневерувањето, сите мажи го правеле тоа, па не сум требала да се лутам. Што ако некоја му се упикувала ? Он кога бил млад имал ситуации жени сами да му доаѓале, глупо било да одбие. Ама ова скришно од баба го кажа... Од други роднини имам дознаено дека бракот помеѓу баба и дедо бил на некој начин договорен брак. Дедо стар ерген на 28 год, а баба имала 19. Ја видел негде, си рекол убава оваа, чија е што е, се распрашал и отишол одма да ја бара од нејзините. А баба си имала збор дадено со друг некој, не биле верени, ама се среќавале. И од дома и рекле: " тој не те зема до сега, овој еве одма ќе те земе" . А плус богат,(во тоа време) куќа голема имал.
За свекрвата на баба ми не ми се збори, почина на 98г! Паметам пошто беше во пелени, баба ми на сред зима переше надвор да ја гледаат комшиите што работи, а дедо ми не ја погледнуваше! Инаку ме изнасмеа со тинејџерскиве години. Паметам баба ми ми имаше кажано тој што ќе ми е прв треба маж да ми биде. Инаку голем број се така наместени бракови. Ми текна за една блиска роднина дека имаше 9 деца и кога бев мала ја прашував како толку деца имаш и секогаш викаше ʼʼА ќе се стемни бабе, дедото врз мене беше и не смеав не да кажам”. Охх, пусто старо време!!!
Леле исто. Свекрвата на баба ми беше околу 90 год. Исто дедо ми не ја погледнуваше, сместена беше во визбата сама. Баба трчаше околу неа. А ова за да гледале комшиите. Ме потсети дека мојата баба ме тераше и мене да спростирам алишта, за комшиите да ме гледале оти сум вредна и јас . Ми викаше еве едно комшиско девојче го правело тоа. Поентата ми е на цел муабет да дадам заклучок, дека во тоа време они многууу ја тупеле. Те маж да не налутат. Те свекрви да импресионираат. Комшии да импресионираат. Трчале како робинки. Така ги учеле од дома, и го прифатиле тоа како нешто најнормално. Ден денес е така. Дедо ми е починат, баба рече до крај на нејзиниот живот само црна облека ќе носи. Друго ми е смешно, еве на фризер се фарба, ама си оди од фризер со мокра коса. Дома се суши. А во цената и е да ја исфенираат, ама што ќе речел народот, вдовица жена ќе се средувала.
Не мислам дека е нешто сменето многу денес,на Балкан уште се живее во патријархат,ЖЕНА кога ќе се разведе одма има етикета РАСПУШТЕНИЦА,за маж нема таков збор.Фемицид и плукање има секој ден .Која е разлика сега ако живеам со свекрва,знам дека нема да преживеа,па златна била.Не дека се мои родители се перфкт,мене ми е исто ако си со некој плус освен маж и деца која разлика.Сум живеела и во заедница ,конци искинав за самостојно живеење ,висока цена платив со здравје ,ама ИЧ НЕ МИ Е КРИВО.Дури и по некој случај да се разведам ,кај свои родители не седам.
За греота се муабетиве. Не сме биле никогаш Авганистан, ама договорени бракови, седи и трпи, слугувај, гледај ги сите и пази ги ко тодлери, не кажувај не за секс, 9 факинг деца да родиш и гледаш, и ме дај боже сама себеси да се ставиш на прво место, па можда само некое ниво било подобро од таму. Па и образование, еден куп жени на 55-60 има што никад не учеле факс зашто пресветлиот брат одел само. За мене конкретно, вакви глупости завршија во моја фамилија со мене. Баба ми го гледаше дедо ми ко тодлер, буквално слични муабети ко погоре. Мајка ми е поарна, ама си го држи менталитетот, послушно дете е на баба ми. Јас од друга страна, ова му беше бунтовниот дел ваљда, се што сакав во врска, брак правев она што јас сакав и мислев, и уште праам. Не ме занима што мислат ама ич. Лошо е што гледам и слушам истомисленици ко баба ми и во млади жени, што е алармантно малце, ама крај краева нивен проблем.
Значи дали е возможно до толку мајка да не си го сака своето дете, да ги дели не ми е јасно имам две деца и никако не можам едното повеќе да го сакам од другото… Не ги разбирам тие родители ич. Во приказнава синот е помалку сакан отколку ќерката…. Живееме во иста куќа, работам од дома моментално и знам што се случува во куќава, свекрвата често знае да оговара па така и овој пат и многу претходни слични случки имало. Долу разговара со маж и или со комшии си го оговара син и толку подли работи збори за него тоа е страшна работа. За ќерката се е дозволено од тие работи ама за синот не е. ( на пример внук им од горе сме го пратиле да земе нешто храна што горе ја нема на пример сме заборавиле нешто да купиме или не сме имале време да идеме да купиме а детето бара па сме му рекле да позајми). На ќерката и пазарат цели ќеси цел фрижидер и го полнат, од храна па и детергенти и се друго. Инаку во подобра финансиска состојба се од нас и ќерката и свекорот и сверквата. Не барам помош ќе си земам се што ми треба ама еднаш, два пати се случило детето да посака нешто у сред ноќ а го немаш моментално па сме се позајмиле. Инаку син им (маж ми) им купува често и на нив за у фрижидер или било што друго (на пример ако нарачуваме јадење од надвор знае и на нив да им купи) ама ете неблагодарни.
Успеа да ме изнервира значи. Заради една моја одлука која според неа не беше исправна на глава ми се качи денеска. Начека да сме насамо дома и ме бомбардираше со нејзината,,добра мисла". Таа ради мое добро, ме учела како мајка како треба, сите ќе ги лажела ама мене не, како сум можела таква одлука да донесам. А замислете одлуката се однесуваше на мое професионално поле, една понуда која ја одбив,сметав дека во моментот не треба да прифатам. Па ми кажуваше како ме сонувала лошо, дека нешто ќе ми се деси, зошто сум ја одбила таа понуда за тоа бил сонот таков. Што ми се плетка кај што не се разбира. Еве две недели поминаа оттогаш и се нешто кажува. Маж ми прво беше на моја страна сега го слушнав од другата соба со неа зборуваат дека сум испуштила шанса, значи го премисли таа.. И уште ми рече: ако прифатеше сега ќе беше госпоѓа,сите ќе те почитуваа,.. И јас сега како да го разберам ова, демек сега не ме почитуваат? Малце потценувачки беше не ви се чини така? Ме полуде денеска ако верувате, можи ете не ми мисли лошо жената досега добро се сложувавме ама со ова нејзино зборување ме направи да се чуствувам лошо. Наместо со детето да излезам на раат таман не е толку жешко, јас нервозна бев.
Можеби маж ти не го сменил мислењето туку неа така и зборел. Ако е толку напорна со зборување може така му е полесно да се справи со неа. Не го оправдувам, зошто треба да те поддржува тебе во твоите одлуки и пред други луѓе, ама луѓе некогаш делуваат по линија на помал отпор. Не е проблем толку свекрвата според мене дали ти дава поддршка или не туку поголем проблем е ако ја немаш од маж ти. Ако и тој мисли како неа навистина, треба да го седнеш и да му кажеш дека тоа го очекуваш од него зошто ти си таа што одлучува за својата професија. Партнерот сепак треба да те поддржува во изборот, па и да згрешиш твоја си е грешката. А ако тој греши и те убеди и прифатиш, па уште полошо. Утре ќе биде крив за твоето незадоволство со работата. Јас ценам совет ама јас ќе одлучам. Конечно јас треба таму да поминам пола ден секој ден од мојот живот. Јебеш мислењето на другите за мене и дали сум госпоџа.
Не разбирам зошто воопшто и му споделувате информации од професионално поле. Јас пример тие работи си ги држам за себе можеби тие се навикнати да дискутираат меѓусебно за одлуки што ги носат ама јас не сум и затоа не ни споделувам освен со мм. А и едноставно кажи и дека си ја донела одлуката што си ја донела и до утре да зборува џабе е и да те остави на раат оти ти смета.
@firequeenn збори со маж ти. За да си бидеш на чисто со него, кажи му дека си го чула муабетот и дека бараш поддршка од него а не и тој да се сврти против тебе. Крај краева, некои одлуки се ЛИЧНИ и не треба никој да се меша во нив. ...нареден пат кога ќе треба да одлучуваш за билошто, не раскажувај , не прашувај за совет. Одлуката кажи ја по свршен чин. Така ќе истакнеш дека имаш свој став и дека не ти треба ничиј совет. За тебе лично.. Верувај си на себе и својата интуиција.Тоа што на сите им личи на погрешен потег , за тебе можеби е нај добриот избор. Утре никој освен ти нема да го носи товарот на одлуката.
Вака да и кажеш (као шала) : Уживај свеки, се додека маж ми заработува супер јас ќе бидам госпоѓа! Нема да се закача веќе.
Треба и мажот да си го подбереш на што личи да те оговара со мајка му , а на неа ништо повеќе не и кажувај.
Ќе му се крени шеќерот сместа Колку сум раат што сум со километри оддалечена од свекрви, сваќи, золви и слични ствари Се слушаме еднаш неделно на вибер и толку, и тоа предавам телефон на мм и тој си збора, јас фаќам да чистам во тој момент или туш мавам Само кратко ќе зборам од култура и толку, за толку си заслужија. Сфатив дека жената едноставно си живее во некој нејзин филм одлепена од реалноста и џабе колку и да си клавам нерви едноставно нема ништо да сменам, така да ... Наредно кога ќе слезам Македонија не пада ми напамет повеќе ист покрив да делиме
@Frida- Па тоа и вистина е тој заработува доволно. И така ќе и кажам ако пак зборни.Не знам кај и текна да ми се обрати така. Јас разбирам се, дома е,сака макар со совет да помогни ама некогаш одмага,пошто веќе е завршено тоа одбиено е и крај нема потреба за муабет. @Medea. не беше класично оговарање туку повеќе како: во право си мамо. Си велиш ајде нека бидат во тек што се случува сепак во една куќа сме,јас така сум растена, како дете тоа што се случувало дома заеднички сме го решавале. Ама во право сте отсега помалку споделување вакви работи.