За да ја откачи така и кажал, со некои луѓе е подобро да климаш со главата отколку до бескрај да се докажуваш.
Точно до некаде се слагам, меѓутоа колку што тој се слага со неа, таа си зема повеќе сила и мисли дека има "грб" за да збори. Ова од сопствено искуство го кажувам. И јас би зборела со него да му кажам дека слушнав и дека очекувам поддршка.
Веројатно е така, ама можел некако поинаку да го срочи сето тоа. Подобро да речел нешто што ќе ја пресечело дискусијата, ко океј ама нејзина одлука е, она ќе работи таму па нејзино е како ќе одлучи. Некој муабет во таа насока, да даде до знаење дека одлуката е таа и тоа е тоа, а не вака. Тоа што демек ја отфикарил со "да, да, во право си", само и дало сила дополнително да се вмеша со нејзините непобарани совети. И јас би се осетила безвеза @firequeenn, ама не би се замарала многу со жената, туку би му кажала на сопругот дека сум слушнала и дека не ми е сеедно. А ако она продолжи да масира со тоа, би и го кажала тоа од погоре и толку.
Ржни и малце повеќе. Се дури со фино одговарате на нешто што ете не и е место да збори или со недели да ве замара, нејзе уво ја боли дали ти е океј тоа тебе. Настрана мажот што рекол, јас нејзе би и направила да не и е комотно, не јас да се нервирам. Смирено, стабилно, без викање, ама ржнување. Еднаш, двапати, трипати, ист третман и ќе престане. Глава да ми надува две недели некој, абе ај мрш.
Предпоставувам дека станува збор за некое одбиено работно место. Не знам моментално дали работиш или требало да смениш нова работа. Како и да е, маката на неа и е за парите. Да придонесеш повеќе да не и се намачи синчето. Сите се исти. И по можност снаата или на мажот или на свекрвата да ја даде платата. И без прашање да не смее ништо да купи за себе.
Во моја куќа да ми р'жнуваш? Да ме "ставаш кај ми е место"?!??? ...можеш само заедно со маж ти т.е. мојот син да се спакувате и да си заминете, па р'жнувајте си колку сакате... Ако свекрвата била досадна, некултурна, проста жена, р'жнувањето кажува дека си таман рамна на неа. Животот во заедница е политика и компромис. Ако сакаш да се игра по правила кои тебе ти оговараат , тогаш придобиј го сопругот, нека ти верува тебе, бидете како еден. Така свеки ништо не ти може. ...а ако си итра, тогаш и неа ќе си ја "свртиш" па ќе ти биде вечен "слуга".
Како може такво нешто да си помисли. Се знае, во куќата на свекрвата може само се наведнува глава и рака да и се целива па каква и да е личност и какво однесување да има спрема снаата. Е сега тоа што вашите синови решиле да останат и да донесат сопруга под ваш кров да живее во повеќето случаеви е и по ваша желба и не е баш сонот на снаата за идеален брачен живот. Ем сакатe да не ви ги "земаат" синчињата (секако, затоа се градат спратовите за синовите) а од друга страна во ваша куќа мора по секоја цена да играат како вие ќе свирите.
Аха Жар на меот и туриле на снаата да живее у куќата на свекрвата Ке напните газ ке си купите кука стан и таму ќе ржите колку ви душа сака П.с мојата куќа е на 1 кат Нема место за син снаа
Ржнување е поставување граница, ама здрава, нормална граница што треба да ја има во секој однос. Не е викање, ама е многуу јасно ставање на знаење дека некој не смее кеф денес да си игра со ваши емоции и да ве користи ко боксерска вреќа. Ако на сите им викате по дома, ама ќе ми играте како јас свирам моја е оваа куќата, ни со родители ни со деца ни со маж не треба да седите, сами најдобро да не реметите никој. Од друга страна, јас сакам и си можам ржнување пошто еден ден неам седено со мојата, сметки јадење и деца ми нема гледано, нит таму коа бев нит сега странство, за среќа идеме од отепани финансиски фамилии со маж ми, па не немаат ни така помогнато. Јас не се осеќам никому должна за да се мислам двапати ако некој ми се меша, ама не се ни мешаат непрашани зашто ме знаат. Го сфаќам и тој момент, ете не секој ја има таа слобода, но сепак, пак ќе повторам, и во заедница никој не е должен да трпи две недели јадење трици за негова одлука.
Па не и ставиле жар на мевот на снаата туку синчињата од мали не ги учат дека треба еден ден да ја напуштат куќата и самостојни на бидат. Изгорела снаата секој ден да ја има свекрвата пред очи, нема што. Напротив, уште владее наративот "Сине, мама и тато ти направија куќа за ти да не се мачиш во животот, плус ќе седиш со нас за да има кој да нè гледа." А потреба од 'ржнување не би имало доколку секој ги почитува границите и уште од почеток знае каде му е местото. А не, дошла таа во моја куќа па имам право "в гаќи" да и влегувам.
Ако седат во заедница тоа значи дека некој спратови правел за синче да не оди никаде. Нека и рече оти ќе одат под кирија да седат или дека кредит земале да друг стан/куќа па тоа кој драми ќе бидат. Па при куќа изградена, они за нив а граделе, да се делат ли сега. Па они кога ќе снеможат треба синот и снаата да се овде, да ги гледат и сл. Така да ем жената е без избор да се оддели ем треба да трпи недолжна некој досадни личности. Ако ја прифатиле во заедница и они треба малку да се подсредат со однесување, тоа значи живот во заедница. Граници и почитување.
Само да те надополнам, и одделно не се живее ако со папочната врвца уште се врзани. Маж на ова тло тешко сфаќа дека кога избира жена т.е планира да живее и оформи фамилија тоа со неговите е минато. Јас не велам да не почитува, да не помага, ама затоа многу жени имаат проблеми. Да не се лажеме, идна свекрва никогаш нема да прифати снаа. И тука после вината се префрла на снаата, па она таква-ваква-онаква. Мажите политички се вадат дека се на средина и на крај се знае која попушта? Е сега тие свекрви што се такви олоши или планираат да станат после да се прашаат зашто синчето им е несреќно.
Така е Нека гледат за кој се мажат Тоа уште во врска се гледа се разговара Ако жената несака заедница а мажот сака тогаш нека не се маже за него оти не и одговара неа тоа Едноставно е Сами бираме како ке ни тече животот не после снаата не чине свекрвата не чине Ако веќе се решат сите стрсни за живот во заедница сите треба да можат и да знаат компромис
@ALISA0000 Toa толку едноставно ти е тебе, демек ,,ти живееш со мајка ти во една куќа не те сакам веќе и не се мажам,,. Као ние што сме во иста куќа сме слепи пилиња и не знаеме кај тераме Пола од жениве живеат во заедница кој заради финансии,кој заради друго. Кај не виде компромис? Кај мене компромис е сосема ок, се дури не почнат на глава да се качуваат тогаш прекинувам се. Нe гледав со кој ќе живеам, само него го гледав. И да се луѓе неговите. Бракот е со партнерот,да. Ама треба и некој споразум и должно поштовање да се има со тие околу него, што го одгледале и го направиле човекот кој е денеска во кој јас се заљубив. Ние и башка да живеевме ако беше поврзан дотолку со нив пак истото ќе беше. Мада што мене не ми сметаат луѓето,баш се фини. Арно пиша една членка погоре ако ја свртиш и неа во твоја страна ќе ти биде вечен ,,слуга,,. Мене ми е,не да се фалам сега ама се разбираме. Е вака што знае од такт да ме извади кога ќе се смета нешто се кажува во очи па се лутела или не- нека и стои. Јас на почеток имав проблем со поставување граници ама гледам дека како минуваат годиниве успевам да се справам и со тоа. Во врска со претходната ситуација и реков културно другиот ден да не и се повтори да се меша. Ни за мое арно ни ништо дека јас одлучувам за тоа, немаше кавга.
Па ако не сакаш да живееш со стари а он неќе да одите да живеете сами што е наредно што следува освен да се разделиш Ти за живеалиште ако не можеш да се договориш со дечко ти како ке се разбираш за други ствари други пробчеми што ке идат у животот
Ќе си барате мажи што не се мамини синови, што имаат разбирање дека снаа и свекрва на овој или на оној начин никако нема да се сложат и што и да е синко да си застане позади жената, не позади мамичка. Да, го створиле, го изгледале, не значи тоа дека мора да е врзан за нив. Си има уста да си каже дека сака да е подалеку. Мирот не се купува ни со пари. Ствар на договор, мирен брак да си имаш само бегање од старите, не дека се лоши ама тие си имаат еден принцип на живот, ти си носиш свој принцип, не оди тоа. Колку подалеку толку подобро, од далеку најмногу ќе се сакаме, ни во иста куќа, ниту различен спрат, ниту во ист двор! Ако се нема можност, маж и жена сте, во брак сте, ќе пробате да си створите заедно. Фамилии се уништуваат од мешење на старите. Јас сум од старт посебно, посебен стан, моментално во друга држава, кога се враќам немам потреба да кажувам и раскажувам, еден ручек за добредојте и толку. Ниту ме знаат што и како правам и одлучувам во животот, ниту сакам да знам за нив. Тука сме за добро и за лошо, толку! Така повеќе се сакаме. Дистанцата е рај на земјата.
Ама јас не те спомнав нигде тебе лично се додека не ме спомна ти Баш гледам постовите сега да не случајно те омам цитирано,спомнато прва