За кои свекрви збориш? Тие од 90 години? Оти, тие “помодерните” 50+ (кои, патем ми се генерација) добар дел имаат сопствен дом. Не живеат сите тука во пештерско време
Не сум свекрва ,сеуште Но може и утре да бидам Ако имам свој дом пута два шу праиме? Човечност треба море жени не да се мере кој шо како
Тие што не живеат со свекрвата во секоја смисла на зборот, како се справувате кога ете сакаат да дојдат во куќа која е и на синот толку колку што е моја и сака да види дете. Малку е компликејтед ама не сакам да ја видам, значи ми погреши многу и не сакам ни во куќа да ми стапне, ниту пак и одам, ниту деца ми чува ниту пари ми дава, само зема. Мажот ми е реален, не ме нешто форсира ама ете мајка му била. Знаете, роденден на дете, осветување на куќа такви ствари, прослави и сл
@Gosh И од мажот да им е куќата... 30 години ја одржувале, доградувале, реновирале... И не е тоа тема, чија е куќата, туку ОДНОСОТ свеки-снајка. Немам куќа. Не живеам со нив. Ама ако требаше, ќе одеше еден од нас под кирија. ..е после ќе се бара чаре: кредит, учество...помош во плаќање сметки и сл.Нели фамилија сме, треба да се грижиме едни за други. Ама заедно - никако. Не е сегашната генерација свекрви вољна да живее со снаа и син.
Ќе подглтнеш некој саат само заради атер и почит спрема сопругот. Каква, таква мајка му е. Доволно е што те разбира.
Ништо, си трпам некој саат и тоа е. Правам општо муабет. Сепак мајка му е. Имаше период кога доагаше едвај два реда муабет правев, ама многу глупа ситуација. Неоријатна атмосфера. Затоа неколку пати годишно видување, на два часа, како сте, што сте и тоа е. Колку и да не ги сакаме, родители му се. Тие прво кон синот грешеле а после кон мене. Среќа кај мене не се блиску, 200 км се од нас. Ама свекрвата како што е напорна и без осет еднаш ми рече да била близу секој ден ќе доагала Не и е битно дали ја сакат или не, како е намислила си тера
Ама не бе, отворена кавга имавме. Значи жената ме навреди отворено, и јас не останав покуса де, ама отворено се нејќеме, не знам како муабет да правам. Ама мислам дека ќе доаѓа секој ден за инат
Нема да доаѓа секој ден ние ок однос имаме па гледањето е еднаш во 2 месеци. Зафатени ние, они итн... исто не се нешто трпиме. Нека дојде на кафе а ти можеш да излезеш да прошеташ... она со синот нека седи и внучето
Тогаш ништо 1 саат на кафе и тоа не знам зошто вооошто она да доаѓа мене дома никој не ми доаѓа. Мноогуу ретко да дојдат да не речам еднаш два пати во година ако подолго не се виделе ск децава. Обично ние одиме на гости на ручек кога не викаат родителите и така и треба по мене. Одиш ручаш/кафе и сам диригираш кога да си одиш. Мене ми е терет да ми доаѓаат и треба да разберат кога си со мали деца дома не се пика, туку ако сакаш да помогнеш готвиш и си ги каниш на ручек децата.
Мојава е special selection свекрва. Јас секако не и идам. А може и фантазирам дека би доаѓала. Ама во секој случај многу незгодни ситуации се стварат оти не си го никој знае местото
Отворено да ме навреди и мајка да ми е нема да ми стапне дома. Само ако искрено се извини и сака да поработиме на односот, па дури и тогаш би размислила, многу зависи од целокупниот однос до настанот и потоа. Дете не би дала ни кај неа, хипотетички би дозволила еднаш на сина месечина во парк да се сретнат со маж ми. Толку би било. Ако се работи за нечовек, не дозволувај премногу. Еднаш ќе дозволиш, па ќе те напињаат цело време со нивни идеи и замисли.
Нечовек апла. Детево го давам пола саат еднаш у недела маж ми да го однесе. Инаку цела фамилија ми навреди оти не сакав да го однесам детето тој ден она кога сакаше да си поигра, дека имав обврски
Се зависи каква кавга и дали паднале тешки зборови И да дојде Добар ден Може кафе Носиш кафе И одиш у вц Па се бањаш се средуваш Па имаш алишта за средување садови за миење И така ке помине 1 2 саати И ке кажеш Пријатно Макар шо ја не би дозволила да дојде. Ете он нека го носи Шо потреба оба да иде Да се смире со тебе
Па ако те провали дека ,,имаш работа за средување", хмм нели,секој втор ден ќе ти доаѓа. Искрено мене мојата снаа така да ми прави,ќе ја прашам да не и пречи што сум дошла? Сум била снаа,сега сум свекрва. Она има мајка,мојот син има мајка.Каков третман ја добивам од неа,таков и мајка и добива од см или ќе добива во иднина .Не сме мулиња ,па некој да не вози со ,,итно и неодложно" Додуше ја др.прича сум овде.
Маж ми така не се понесува со мајка ми, дека не заслужила и само помага. Додека сопствената мајка он ја толерира јер мајка и разбирам, ама не оти нешто е приврзан, повеќе мајка ми му фали него она. Така да зависи каков впечаток ќе оставиш.
А зошто му фали мајка ти,за помош? Има нешто што се вика култура на однесување,менаџирање на емоции итд итд. Ама ај,која сум ја да кажувам ,само уште една боринг свекрва,нели? Ќе помине време,еден ден и вие ќе станете свекрви.Се надевам дека ќе бидете подобри свекрви од вашите сега што ги имате.