Ќе бидам да. Се надевам дека нема да бидам како мојата. Инаку да де, за помош му фали мојата, јасно, дека неговата не мрда со малиот прст и мисли дека полага право врз нашето дете, време, простор, култура секако нема. Не ја сакам дека е токсична, некултурна и не знае кај и е местото. А и ако не помагаш никако, а само збориш може и тебе да те пишуваат по форуми хахахаахха
Супер,значи ова веќе ти е пракса-обука за тоа како нетреба да правиш во иднина. Добар виц хахахаха. А како да помагам не ми е јасно,материјално или ... бејбиситинг?
Јас се само надевам дека син ми ќе си најде некоја што ќе си ја сака, почитува, имаат складен брак, ја сум мање битна. Ако сум заслужила нека ми иде, нека ме викне, ако не сум пак арно. Па и снаата ако не ме сака од нејзини причини исто арно. Битно они нека се погодуваат
Не се воспитани ни децата. Долги години сме заедно со маж ми па некако сами израснавме во тоа што сме. Долги зборам од 15 години Може да не одмагаш за почеток. Мислам да не ја навредуваш снаата оти не те викнала на кафе и не ти дошла, за почеток е доволно. А сега нешто не чуваш деца ти, па ајде да се оправдаме. Ако не чуваш ти, чува мајка и, така иде тоа. А ако никој не чува, приморани се секаде да си бидат со децата оти немат помош. Па така да, кога ќе ти дојде време, ќе си идеш во дом ако имаш пари секако за дом јер секој со своите обврски. П.с неам ништо против дом, ама скупи мајку му
^ Не е секогаш ни по заслуга. се пренесува некој генерациски патерн во мразење свекрви само затоа што постојат.
Ние израснавме во една куќа со баба ми. Никогаш лош збор не се слушнал ни од мајка ми ни од свекрва и. Мајка ми патем така ме и учела, затоа е ова многу тешко да се свари, а ја не сум тип што менаџира многу и тактизира, така да толерирам до некоја граница, ама да ме навредуваш ти мене и планираш време и онака ептен испланирано, чао пријатно. Привилегија е да го гледаш детето кое не го ни чуваш, а не право
Хаха не бе. Не викам дека си ти така. Мојата е неуред секако. Туку знаеш што ми се врти у глава. Една комшивка, така нешто ја бркаа снаата и си се собраа младиве и заминаа од земјава. Почина маж и сега, она е инвалид малку, ама детево дојде само за погребот и си замина и сега што да праи госпожава. Ќе си иде во дом, најбоље, оти нема кој да ја погледне. Твојата снашка е добра осеќам, немаш ти вакви проблеми
И тоа е многу. Ама ако си на чисто со себе си со толку немој да се замараш више со тоа и батали. До кај што тебе ти е комфортно. Јас сум била ептен пушовр, немам проблем со свекрва, скроз сме коректни, туку генерално сум била таква, еве сега сум зиро фак гивен, значи сум до степен нула толеранција на срања и верувај милион пати поубаво ми е. Со тоа што секогаш давам benefit of the doubt на луѓе со кои сум во коректни односи оти јбг сите имаме ден кога до ништо не ни е и би кажале нешто што не мислиме, сепак сме само луѓе, ама за некој што знам каков карактер е и со повторувачки испади ич не се трудам. Со некои луѓе и да сакаш некогаш не оди никако, или ако само ти си таа што секогаш треба да се повлече, отстапи, преќути за да функционира врската, сечи со време.
Нели за свекрвите е муабет,што снаата ја спомнуваш ? Нема мојата снашка проблеми со мене,ни ја со неа. Ние од културните сме ,на маса разговараме што ,како,кој,каде.
Абе не можам на долго да коментирам. Женава не е у ред стварно. Боцка децата меѓусебно, уценува, манипулира, ја сум само колатерална штета, не оти нешто сум битна. Ќе даде некоја пара на детето по повод и ти досаѓа секој ден да го носиш оти платила, го носиш, одмара она, вариш кафиња ти и ред други работи
Епа треба две културни особи за културен дијалог. Ти реков мака немаш, не си ти како мојата, што ја браниш упорно хаха
Абе не ја бранам ,не сум и адвокат па да ја бранам. Кога она не е културна,ти ко помлада покажи и како треба да биде културна, седни со неа,покажи добра воља.
Ти дадов пример до кај може да иде работата ако не постои почит. 20 години покажувам добра воља. Ете сега не сакам веќе и побарав совет како да ја избегавам само, не му се заканив на маж ми дека ќе се бесам ако ја прими дома фала богу
Сфатив меѓу редови дека е нестабилна. Мене искрено мешање фамилија ми е најголем ред флег. Реално не и се замарај, оти таа нема да се потресе сигурно. Битно е маж ти да е свесен и ако е свесен тој, ти свиркај си.