Ич не и чуе за мене, точно. Она со мене не успеа. Како постари, вие сте тие што треба да покажете разбирање јер и вие сте биле млади и нечии снаи јас мислам. Види, ако си ти тип што сака да го навредуваат здушувај се не 20 години, 120, јас не сум тој тип
Абе ние покажуваме,него вие како ќе го прифатите тоа ,таков ќе ви е животот. Како и да е, не си веќе младунче штом си 20год у брак,па ја да те ,,оправам" . Арно пиша некој погоре,батали ја, глеј си се себе. Петок денес,ќе одам внукот да го чувам. Ајде поз и секое добро.
20 години горе долу сум веќе со маж ми, толку и ја познавам. Не сум секако толку у брак. И не сум стара хахаха. Така, петок е за внуци чување хаха
Па баш се насмеав слатко. Дека петок е ден за искачање и внуци чување. Епа ете ти и тебе, све буквално
Не ми е јасно, свекрвата не ме почитува, а очекува да ја почитувам? Како мисли дека ќе реагирам ако ме навредува? Сигурно нема да седам и да се бришам ако ме плука! Фали култура да, ама фали и почит од свекрвата, не значи ако е свекрва и треба да и се поклонам.
Како може да се осуди да те навредува??? А мажот каде е во оваа ситуација како може он да го дозволи тоа?
Секоја приказна има две страни. Имаме снашка у фамилија што ја оцрнува тетка ми кај стигне, буквално измислува ствари, а у реалноста врска нема. Точно знам колку поддршка би собрала овде да пишува
Не, мене ме нема навредено мојата, цитирам на членките што кажуваат дека свекрвата треба да се почитува во секоја смисла. Мојата си е васпитана. Се почитуваме, доволно е!
Истите тие такви be like: она мене ќе ми 'ржнува во моја куќа. Моја куќа, мои правила! И младите во голем дел, опремиле и вложиле во спратот, од гола карабина до место за живеење го средиле и пак на крај немаат право да зуцнат и да се чувстуваат како дома, оти секако пак се во куќата "на свекрвата" кадешто владеат нејзините закони и правила.
Она не дека ги команда ама мора последниот збор да го каже, макар под мустаќ бил. А онака нее, она не се меша.
Имам кондиција ,нели? Даа,ги стројам од сабајле сите и команди давам Таков ми хороскопски знак ,јбг Златни сте бре . Него,Господ нека ви ги поживее свекрвите . А,сега ,ај иш иш иш
@stetoskop тркало е се. Остави младите нека се докажуваат, ќе дојдат на наше ма крај. И јас се докажував ама искуството мое и туѓо покажува друго. Има лоши свекрви ама има и лоши снајки.
А што никнувате кај што не ве сеат? Кој од овде рече дека свекрвите се криви за се и секогаш а снаите прави? Жената дојде, побара совет како да се справи со свекрва и атер за чувствата на маж и, бидејќи нејзе и е гајле за него покрај тоа што свекрва и нејзина и извреѓала фамилија.
Абе како сите млади од 18 сами печалат и опремуваат голи карабини, па налет тоа сите родени од несовесни мајки и сите тие најдоа девојки/ жени од мајки родени, воспитани со прекрасни мајки на невестите , а олош мајки на зетовите! Сите добромисловни снаи веднаш излегоа во пресрет на едукација на незрелите мажи бидејќи одгледани од алапачи мајки и сите тие совесни жени веднаш забранија пристап на нивните мажи со сопствените АлапаЧи маЈки!!, ама воедно секоја материјална и било каква бејбиситнг услуга е задолжителна по дифолт!