Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Jас имав свекрва ,сега се разделени и не се гледаме со неа. A знаете колку ќе ми беше од помош ако контактиравме :worried: Cама сум, со керќа ми, со мажи само живеам и да сакам некој да прашам за совет треба да се јавам дома во Mакедонија :?: Hе беше лоша со мене никогаш, велеше дека и бев керќа која ја немала. И кога дојдов на аеродром мене ме гушкаше и плачеше и букет рози ми донесе и после го гушна синот(маж ми) :|
    Имаше ситуации кога беше напорна ,облечи ова она, овој фустан ти стои поубаво, ќе и го направев кејфот, ама сепак на крај ќе го соблечев,заради што на маж ми немаше да му се допадне. Никогаш не ја одбивав за излегување, за секаде поточно речено. Мажот ми не е мамин син, секогаш ја караше и и се противеше :?: Значи пробајте смиренo, не се карајте, сепак таа е негова мајка. Многу ми е криво што не живееме заедно и не контактираме, сама сум овде без мајка,т аа ми беше единствена потпора :worried: Какви и да се,секогаш ни се најдуваат при помош ;) Барем така е моето мислење :)
     
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.334
    Допаѓања:
    114.037
    Пол:
    Женски
    Мило ми е што имаш таков однос. Ми се полни срцето кога ќе слушнам за такви релации. Ама за жал не се сите такви :(
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    Мислам дека премногу сериозно некои ги сфаќаат работите. Дури е останат и таков стереотип дека треба под дифолт да се мразат снаите со свекрвите и обратно. Поради сето тоа се јавува потсвесно некој вид на омраза и сами несвесно си правиме филмови и замеруваме на се и сешто. Плус и карактери се во прашање. Неможеш со секој човек да се согласуваш. Замислете само колку пати не сте се согласиле со мајка ви, ама не сте правеле проблем околу тоа како што правите за свекрвите. Можеби не сум компетентна да зборувам на темава, не сум сеуште мажена, ама мислам дека таа омраза ни е всадена од стереотипите кои преовладуваат и самите несвесно си правиме лошо.
     
    На Annath и OzzyAngel им се допаѓа ова.
  4. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Кики,жал ми е што ти се случува такво нешто, меѓутоа не смееш да дозволиш да се расправаш со сопругот поради старците. Во почетокот истата грешка. Се расправав со сопругот и си го нарушував духовниот мир и тогаш сфатив дека јас ништо нема да изменам и нема да можам да и ја затнам устата, па свртев нов лист.Веќе не му кажувам ништо на сопругот лошо против мајка му,к аква и да е на него му е мајка. Туку секогаш кога таа се обидуваше да ме изнервира и се свртував директно на неа очи во очи. Инаку на твојот сопруг во оваа ситуација му е најтешко ,од една страна мајка му од друга страна сопругата, а тој по кого да појде.
    А кога се мажиме не бираме уште што оди во пакет со сопругот :lol:
    Како и да е, веднаш фрли му се в прегратка на сопругот, направите си посебна вечер за вас двајца и уживајте во животот, зашто овие години веќе никогаш нема да ги имаш и не си ја троши убавината и младоста на непотребни нешта. Ти посакувам се најубаво :* :* :*
     
  5. kiki3047

    kiki3047 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    24
    Не можеме да се делиме зошто ние сме требале да ги чуваме старите. Брат му е постар од маж ми 1,5год, ама неговата госпоѓа не сакала ни со нејзините ни со неговите да живее и откако дозна дека зел станбен кредит и купил стан тогаш се зедоа. Е тоа е луѓе мои, они си живеат посебно во друг град, ама исто ко да е овде, он е мамина маза, ама тоа е патолошки случај на мамина маза и по 10пати во текот на денот се јавува и дава инструкции и во се е упатен, исто ко овде да е.
    А мојот па се му кажува. Еднаш слушам, бев во ходник работев нешто, а он не ни знаеше дека сум овде, слушам прави муабет со брат му. Ај што прави него му кажува се во врска со мене, а бевме претходно на гинеколог и оти му кажав не сакам да збориш за мене, он ќе се смее после со жена му, одговорот беше- е па он брат ми е. И престанав веќе да зборам за тоа.
    А инаку со мојата свекрвица, која е проста ко тиква, не збориме само официјално, а за делба нема шанси. Ами дај боже дипломата да ја нострифицирам што побргу и одма нека зема станбен кредит, нека се и 5 квадрати, ама да знам дека се мои. И јас како да сакам да живеам со некој кој еден ручек ќе направи и уморна е и непедантна особа до крај............
     
  6. kiki3047

    kiki3047 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    24
    А инаку, најмногу се изнервирав од неговиот брат кој во една прилика ми рече цитирам- ЛУЃЕ БЕЗ ОБВРСКИ КО ШТО СУМ БИЛА ЈАС, бидејќи се уште немаме деца, а он има, и нека му е живо и здраво, јас не го мразам, БИЛЕ ОПАСНИ САМИ ЗА СЕБЕ И ЗА ОКОЛИНАТА. Е тогаш ми беше пекол.
     
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Oд искуството на мајка ми(за кои што и јас бев веќе голема, па се гледав, слушав што и како се случуваше околу мене) и од неколкуте " неповторливи" прилики за брак до сега, како и моите потенцијални свекрви, навистина ќе решам да не се мажам, па што сака нека биде, оти и онака нема аир од тоа, само нервози од тоа можам да добијам.

    НЕ СЕ МАЖАМ-КРАЈ НА ПРИКАЗНАТА.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kiki3047

    kiki3047 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    24
    МАЖИ СЕ, но немој да бидеш во заедница.
     
    На Anyshka и peperutkaa им се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.334
    Допаѓања:
    114.037
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека не се криви свекрвите, криви се мажите што не знаат да разграничат дали сакаат да се сопрузи и татковци или да бидат вечити дечиња скриени под суќните на мајките!!!
     
    На vesnasazdova му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kiki3047

    kiki3047 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    24
    па можда и тоа е бидејки и они не знајат кој крај да го фатат
     
    На felisitas му/ѝ се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.334
    Допаѓања:
    114.037
    Пол:
    Женски
    извини ама се знае, дека кога се жениш ствараш сопствено семејство, и тоа треба да ти е приоритет, почит и помагање кон родители да, ама покорување и малтретирање не.
     
    На Lacrymosa и missperfect им се допаѓа ова.
  12. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    се сложувам со нена и нејзините мислења мажите треба да имаат цврста рака и да пресечат да кажат ова вака тоа онака а не да се понашаат како бебиња.

    офи можеби до некаде си во право но не целосно не е тоа стереотип тоа е клише лол се работи за голема разлика во години и некои свекрви според други стереотипи балканаски(и влијателни турски и индиски серии) сметаат дека тие треба да кажат се и да ти се мешаат во се. ти незнаеш колку вади тоа од такт па и случајот на кики до толку да те замараат и да те нервираат да не може жената трудна да остане.

    до сега се немав пожалено од идната ми свекрва ама не се ни гледаме често. ама скоро кога бев кај нив ми изјави нешто што ми зовре крвта ама си се смешкав и ја свртев целата работа на шала. после разговарав со вереникот и му кажав дека ми пречи тоа(ај он беше крив за тоа ама оправдано). не планирам никогаш да живееам во заедница или да се нервирам и да си ставам на душа па да ми се одрази на здравјето. тоа јасно и гласно на сите го имам кажано па кој како сака.
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.334
    Допаѓања:
    114.037
    Пол:
    Женски
    Па така е, не ме родиле мене за некоја таму искомплексирана будала да ме умира. А секогаш се лоши свекрви тие што имале мака и си ќутеле од нивните свекрви, па сега удри по снаите. Да видат тие како им било нив !!!!
     
    На missperfect му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.863
    Допаѓања:
    271.775
    Пол:
    Женски
    Кики немој толку да се нервирасш, ти премногу си мислам напната околу тоа да останеш бремена и затоа си поосетлива на свекрвата. Ма батали ја неа ич не и се нервирај и сосема игнорирај ја, така и таа повеќе се нервира, а и ти си пораат.
    Само релаксирај се, обиди се да ги средиш односите со мм зашто јас мислам тука нешто во врската не ви е баш во ред(камо да грешам). И уште нешто, одма брај работа да излагаш од дома и ке видиш дека си се нервирала за без потреба, а така и полесно ке останеш бремена.Свекрвите се сите исти, мене мојата ко и кажав за првото дете дека сум бремена ми рече- Па што? Еј замисли и денес после 12 години од тогаш се нервирам за тоа, но јас ја баталив одамна (на игнор е ставена за довека) Затоа ти велам игнорирај ја и да да даде Господ да си останеш бремена што побрзо и се ќе се реши!
     
  15. Symona

    Symona Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2010
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    60
    Леле леле леле, се изначитав глупости :rofl: Oд тоа дека свекорот и свекрвата помагаат финансиски и свекрвите се работат по дома, ама принцезите на мама и тато никој не сака ништо да им рече ниту пак совет да им даде, тие се си знаат најдобро и се најпаметни на светот :rofl: Аман бе жени сфатете една работа, си отидовме од кај мама и тато и толку е муабетот, што сега ќе рикаме како магарици по мама, ќе плачеме дека нашите мажи си ги почитуваат и сакаат своите родители? Дај не ме зезајте, очекувате од нашиве волиња да се откажат од оние што ги родиле и исчувале. Се нас некој ни ја крши приватноста, се нас нешто не ни чини, а кога ни готват, пера,т плаќаат сметки, ни чуваат деца и ќе ни го кажат тоа во очи нас не боли, се лигавиме. Е па до негде во право се да ви кажам искрено, само и ние премногу си имаме мушички во главата и си слушаме разно разни муабети и совети од страна и за глупости си го губиме здравјето.
    Ајде сега да видиме од друга страна од страната на свекрвата, еден ден ако даде Господ и ние ќе станеме свекрви! Па тогаш ќе видиме какви ние ќе бидеме. А и да си кажам, не сакам да имам ништо со некој лигуш кој не си ги почитува родителите. Тие треба да се почитуваат и точка.
     
    На Bozica1980, Annath, julie77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.334
    Допаѓања:
    114.037
    Пол:
    Женски
    Е па драга моја има жени кои сами заработуваат, кои не им готват и чистат свекрвите, а истите пак им се мешаат во бракот и прават проблеми. Јас на пример не можев да поминам преку тоа да ми кажува некој каде да ги трошам моите пари кои ги заработувам со сопствен труд. Имаше коментари од типот Ќе дадеш 1000 денари за списанија , или секоја недела ќе одиш на мникир?? Извини, како прво ни моите родители не ми се мешаат а не па мајка на дечко (кај мене не издржа за да дојде до статус сопруг). Така да не се сите свекрви за жалење. А дека има и снаи неподносливи се сложувам!!! Исто како што има и сверви фини и нормални жени кои знаат што е добро за синот и неговата среќа.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Symona

    Symona Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2010
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    60
    Сонце нека си коментира да :D Па ако рекла не пресекла на крај краева, сепак постари се и имаат друго гледиште на животот и на пари и на се останато. Можеби е за нејзе сулудо да се троши на списанија и маникир, тебе не ти, е па си ги трошиш .Утре кога ќе имаш други приоритети можеби и ти поинаку ке гледаш на работите.

    Но овде има доста жени што не сфаќаат дека тие не се центар на светот, дека не може се околу нив да се врти, па зашто вака рекле зашто онака рекле, па зашто кажувале на браќата и сестрите, мада сум сигурна дека нејзините другарки поише знаат за нејзиниот сопруг отколку што било кога неговата фамија ќе дознае нешто за неа од него. Па плус и се врши притисок да се прави избор, па тие биле тажни и нервозни и не знам што, но секој со она што го има во глава, сепак треба да си сфатат едно нешто ние сме жени тие се браќа, сестри, мајки, татковци. Жена може да биде било која, а брат или сестра не. Него мајка му не може да му роди уште еден/една, ниту пак може да најде друг татко или мајка.
    И си мислат со мозочињата, ах колку би ни било убаво да си живееме со мама и тато. E па не може бе така до каде со тој памет.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  18. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Ќе пишам - да проблем се свекрвите и снаите.
    Е ај сеа како да се погодам со мојава, велам ќе купам аспиратор да не смирди се дома кога се готви, она ми вели ауууууууу се на струја ли ќе готвеме, еве што убаво вака на шпоретот за дрва хахаххаха. И ајде сега де, најдете заеднични јазик. Ем она не ја плаќа струјата, ем јас ќе го купам аспираторот... Ама ајде де !

    Свеееееееетлосни години сме разлика со свекрвите,затоа не можеме да се погодиме.
     
    На missperfect му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.334
    Допаѓања:
    114.037
    Пол:
    Женски
    Симона, јас зборувам од мое искуство. Јас тоа што го поминав, и какви се тортури и притисоци имав од таа жена а само требаше да живееме заедно не можам да ти опишам. Инаку имаше и пострашни коментари кои не се за јавност. Само пример, каде ќе одевме ние на ручек или излет само или со друшто мораше и она сама со син и да иде. Моето беше ХОРОР. Фала богу на време прсеков :D Така да се надевам дека наредната и онаа која ќе ми биде вистина свекрва ќе биде понормална. А инаку немој да ме сватиш погрешно, не викам јас дека сите свекрви се по дефиниција вештици, имам околу прекрасни примери на свекрви. И јас сум за тоа дека треба да се има почит и да се има разбирање, па и преќутување за некои работи зашто сепак они се растени со "знање имање" а ние со "Секс и градот" нели па имаме различни гледишта на работите. На крај краева и јас не сум совршена. Може и од мене неа ќе и смета нешто. Но овде зборуваме за оние кои се до крајна мера неподносливи а најстрашно е што мажите не можат да разграничат љубов кон мајка и љубов кон сопруга. Не да се откаже од родителите туку да и даде дознаење на мајка му дека сега е семеен човек и дека не е она единствената жена во неговиот живот. :)
     
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.334
    Допаѓања:
    114.037
    Пол:
    Женски
    А зашто па да инвестираш ти во туѓа куќа?? Нека смрди ти е гајле. Ако живееш во заедница и не е твое она каде што живееш нема потреба да инвестираш. Купувај само она што се носи со тебе во случај да се преселите. Инаку не гледам причина зашто да се ставаш во трошоци. Маж ти нека купи, ама нема зашто ти да даваш пари. Јас не би купила, лично ни шајка не би ставила во туѓа куќа.