Ionaka ste pod kirija i ocigledno deka vi smeta nivnoto blisko ziveenje i visenje sekoj den kaj vas pa zatoa fino lepo barajte drugo mesto i selete se. Znaete deka kje znaat deka se selite poradi niv i ako toa ne vi smeta pakuvajte se i begajte podaleku.
стварно нешто тешко ме сваќаш бе жено постот во кој се споменува МОЈА КУЌА беше наменет за проблемот на ВИША а не за тебе лично и нема да доживеам свекорот мој да ми мафта со листови пред мм затоа што нема да имам таков маж, не сите мислат да се омажат само, туку и за кого ке се омажат. И ти викаш дека сама со мт си створила така? Епа во тој случај нема потреба твојот свекор да те смета за материјалистка и на тој начин да те уценува ај поз нема потреба од понатамошна дискусија, за да не премине во кавга пс ако моите постови се тешки за читање не ги читај кај нас тој закон е до 10 години но ако немаат дете а што добијат дете тој закон не важи и се се дели на на 3 дела мајката, таткото и детето, па кој ке го добие старателството зема 2/3 Модератор: Не испраќајте две мислења едно по друго, користете го копчето редактирај за дополнување на постот.
Okenzi, нема врска ова. Не мешај наседство со поделба на работите по развод, а уште помалку со бројот на годни во брак и имањето или немањето дете. Единственото место каде има врска имотот а поврзано со имањето деца, што и тие наследуваат. На пример, ти и маж ти. Се зимате и купувате куќа. АКо е со заеднички пари, 50:50 така се дели и куќата. Дете да речеме останува кај него, и ти му плаќаш алиментација која ја одредува судот - 3000 денари месечно обично. АКо сте во брак, а тој од негови пари ја купил куќата, за што има докази - судот ја гледа и неговата и твојата плата и кој колку вложил во имотот, и ако ти си невработена а тој ја има куќата, ке си остане негова. АКо тој зема 1000 евра плата а ти 300 и заедно сте ја купиле, ти помалку ке земеш. Па тука идат сведоци мајки, баба како они помагале и давале и колку. АКо сакате, можете до бескрај да се тужите. Кај наследство, ако маж ти недај Боже умре, а немате деца, ти се наследуваш. АКо не сте во брак, наследуваат неговите родители и браќа. АКо сте во брак и имате дете, е друга приказна. Час по право. Фала.
темава е...свекрви и снаи...а цело време си дискутираме за проблемот помеѓу свекоРОТ и снаата и делба на имот... Мислам стварно...ај да се вратиме на темата...еве ја ќе почнам од мојава арна е...не сме се слушнале одамна,....и супер ....ни ја неа и пречам ниту она мене. Кога ќе се видиме ќе си направиме краток муабет...општи теми, после ај со здравје, секоја свој пат...и така него да не зборам многу ...па да се подречам...па да ме читате на некој пост како се жалам....
не сум нервозна БЕ ( ова задолжително го користиме во мојов крај) мила туку се трудам да ти објаснам, за да разбереш што беше поентата на муабетот Немаш некоја друга забелешка во постот? Или нешто неразбирливо? ок ај сеа да се вратиме на тема
Може да е и повеќе, со 6000 да речеме. Сепак судот ке одлучи, според примањата на родителот кој не ги добил децата. Не може ти да си невработена а да даваш по 10 000.
Немам свекрва така што немам ни проблеми со свекрва. Но имам свекор, девер и јатрва за среќа со нив проблем немам. Со јатрва ми сме како сестри , а со девер ми и свекор ми немам зборови. Ккао јас и јатрва ми сакаме така и прават мм , девер ми и свекор ми. Голема среќа сме имале и двете снаи ВАКВА СРЕЌА И РАЗБИРАЊЕ ИМ ПОСАКУВАМЕ ОД СЕ СРЦЕ НА СИТЕ СНАИ , СВЕКРВИ , ЈАТРВИ , ЗОЛВИ
Моите односи со дечко ми се подобрија, правевме 2-3 пати отворен муабет, и вели дека не сака да се разделиме, дека колку може ќе ме заштитува од мајка му, но и дека ја знам мајка му колку е тешка и однапред да си знаам дека се можни проблеми и понатака. И тој не може со родителите да излези на крај, многу го уценуваат, му плашат, а тој е многу слаб, нема храброст да се спротистави. И сега одлуката е на мене...навистина не знам што да правам. Јас немам страв од неа, ниту планирам да се карам и замарам со неа, но се прашувам дали моето секојдневие би било исполнето со караници (поради нејзе, а не дека јас сакам)...
Можеби понатаму ќе се осамостоите па се ќе биде поинаку, незнам колку време сте заедно,ти најдобро си знаеш за своите чувства..но ова стварно пречи знам од искуство иако не сум мажена и не планирам скоро. Јас мислам да му дадеш уште една прилика на дечко ти кажи му дека тоа не е карактеристика на зрел маж постојано да трча по мамичка и да ја брани и кога не е во право и штом ти кажал дека ќе те заштити барај да си го оствари тоа во спротивно ќе ја изгуби довербата кон тебе и твојот однос кон него ќе се смени..секако тука треба да биде и твоето трпение,да не и се спротиставуваш на тоа што ќе ти го каже,можеби со тек на време ќе се повлече. Сепак не сум доволна компетентна да пишувам на оваа тема, но јас би играла вака јасно би поставила граници а ако не ги почитува нека си остане со мама!
Ako idnata tvoja svekrva i uspealo da ve razmrda pred brak,zoshto da ne mozhe vo brak Samo togash shto se dupliraat problemite...
Срцуш со него само настрана од мајка му бегајте кај тебе ,под кирија било каде само подалеку од свекрвата инаку не одиш многу пак ке те читниме тука за некое време иако јас би сакала да не ја ставаш на дупот ама се си мислам дека голем проблем ке тие она ако не и најголем
Искрено Силвер, ти ја поздравувам храброста што се нафаќаш да бидеш во брак во кој ти ќе бидеш посилниот пол. Зошто само на нив да е слаб? Зошто да не е слаб и на твојата мака и солзи? Ради нив да ти каже „праиме пауза“ на чекор пред свадба, а на нив да не може да им каже „Оваа жена ми е животен избраник, пола живот веќе досега го имаме поминато заедно, заслужува почит која од вас бескомпромисно ја барам.“ Да не те плашам, ама работава мене не ми мириса на арно. Идниот ти маж ми личи на човек кој е се`уште недозреан да ги прифати сопствените одговорности за сопствените постапки и се чисти од мама и тато.
Синот е тој кој треба да застане во одбрана на неговата партнерка,а не за своите постапки да се крие зад мајка му,притоа напаѓајки ја неа и обвинувајќи ја за сопствените постапки и грешки.
како мојата свекрва неверувам дека некоја има. научена да биде се по нејзино, и од еднаш и доаѓа дома некоја што ја сопнува и еве ти проблеми. јас сум научена за било што сите да седнат и да зборуваат и да се најде едно заедничко решение. а кога дојдов овде тоа го нема и ми беше голем проблем. уште не беше поминала свадбата и моите ми купија нешто од мебел како што го следува секое дете. а оваа ниту една крпа не ми даде, дури почна и маани да ми наоѓа за тоа што почнав да го купувам, требало таа да оди со мене да бира, пошто јас несум имала вкус за ништо. дури и распоредот на мебелот таа го кажуваше, иако сме на посебен спрат во иста куќа. ајде тоа помина некако. останав бремена и почетокот на бременоста ми беше многу лоша, само лежев. нејзе тоа и сметаше, бидејќи требало да метам и чистам по цела куќа. повеќе се интересира за комшиите и пријателите отколку за синот и снаата. сега и смета ако идам некаде, требало само дома да седам, и смета што стално сум одела кај мајка ми, требало само со неа да бидам. при крај сум со бременоста, и секојдневно ме нервира и ме расплачува, а ниту еднаш не ме е прашала дали сум добро и кога треба да се породам и дали нешто ми треба.
Јас би отишла кај нејзе доле и би и кажала - жено смири си ги хормоните за да не ти ги смирувам јас а за секоја забелешка обрати се кај син ти. Мораш да пресечеш т.е битката да му ја дадеш на маж ти да ја води затоа што не можеш ни да замислиш што те очекува после породувањето. Ќе го седнеш маж ти и ќе му објасниш некои работи односно работи што ти сметаат. Претпоставувам дека не сте целосно независни штом таа го пика носот кај што не и е место. Непишано правило - битките со свекрвите се војуваат преку мажот а мажот се средува во кревет
Леееј коа ќе ми текне каква тешка аждаја беше бившата ми свекрва..не знам. И после толку време ми доаѓа да ја задавам Остај што беше крокодилка стара , тоа устата ептен и знаеше. Абе ден после свадба од мед почна отров да и тече од уста. Катастрофи. Па и старо опајдарче си беше, ја збореа по цело маало како маж и коа работел трета смена, и иделе ГОСТИ на неа, а искрено? Верувам зашто ја познавам каква е. Фала Богу се извлеков од таму
Алелуја Мојата свеќи си го покажа своето демонско лице во право светло. После сите глупости мм се зграна.... Конечно те победив-сега до кога трае победава незнам ама е убаво ова чуство
Не знам, не ми е јасно. Ниедна баба не се понаша така на својот зет да се иживљава со него, како со нас свекрвите...луда работа.